• ГИ Насловна
  • Билтен на Ризици
  • Издание #21 – Мај 2022
← Мени Сподели

Последни новости од Опсерваторијата на нелегални економии во Југоисточна Европа

Улогата на граѓанското општество во откривањето на незаконски финансиски текови

Новиот извештај на ГИ-ТОК за НФТ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија ја нагласува потребата за зголемување на информациите за влијанието и штетата од НФТ, а и го подобрува капацитетот на граѓанското општество да истражува и да ја подигне свеста за овие видови на злосторства. Извештајот открива како НФТ се извлекуваат од трите економии поради корупција, даночно затајување и организиран криминал.

Финансискиот систем е клучниот канал преку кој се движат недозволените приходи. Сите три земји имаат значајни домашни и меѓународни банкарски сектори и сите имаат проблеми со перење пари. Од 2 до 5 % од БДП се проценува дека се испрани само во 2020 година. Голем дел од овие пари одат во недвижен имот, туризам и бизниси базирани на готовина.

Сите три земји посветија значајно внимание на НФТ преку засилени напори во борбата против корупција, финансиското управување и транспарентност на јавниот сектор. А сепак, се чини дека граѓанското општество и владините актери слабо го разбираат нивното штетно влијание. Потребно е граѓанското општество да го зголеми квантитетот и квалитетот на достапните податоци за сите компоненти и канали на НФТ, како и да стапи во дијалог за темата со државните претставници, приватниот сектор и пошироката јавност.

Граѓанското општество во Западен Балкан можеби – сè уште – нема основна експертиза за НФТ, но е важна група на засегнати страни што треба да биде ангажирана преку обезбедување докази за нови политики, и надзор и следење на владиниот напредок, како и подигнување на јавната свест.

Овој извештај го следи објавувањето на слична проценка во 2020 година која ги анализира клучните двигатели и тековните трендови на НФТ во Албанија, Косово и Северна Македонија.1

Нова онлајн алатка го следи криумчарењето мигранти во Западен Балкан

Во 2015 година, околу 1,5 милиони баратели на азил и мигранти – делумно предизвикани од војните во Сирија и Ирак – се пробија низ Турција и Грција до Западен Балкан, а оттаму во Западна Европа. До денес, Западен Балкан останува средиште за мигрантите кои се обидуваат да стигнат до западна Европа.

Во 2021 година, ГИ-ТОК го анализираше пазарот за криумчарење мигранти во извештајот насловен „Spot prices: анализа на протокот на луѓе, дрога и пари во Западен Балкан“.2 Како продолжение, земајќи ја предвид динамичната природа на криминалните пазари, ГИ-ТОК разви интерактивна онлајн алатка која обезбедува преглед на ситуацијата на криумчарење мигранти во регионот.

Алатката обезбедува податоци за нелегалните гранични премини долж балканската рута; бројот и националноста на мигрантите и барателите на азил; проценетите профити на пазарот за криумчарење мигранти; и интерактивна мапа на која се прикажани патиштата за криумчарење и цените што се плаќаат за секоја рута.

Со распоред приспособен за корисниците и периодични ажурирања, алатката е достапна за пошироката јавност, вклучувајќи ги граѓанските организации, медиумите, аналитичарите, студентите и органите за спроведување на законот. Корисниците може да ја споделат целата алатка и/или одредени делови и графикони на своите мрежи преку социјалните медиуми.

Ова е прва од низата интерактивни аналитички алатки што ги создаде Опсерваторијата, кои се осмислени не само да обезбедат алтернативен начин за објавување на наодите од истражувањето, туку и да поттикнат дијалог, политики и свесност меѓу засегнатите страни поддржани од анализа.

За да ја истражите алатката, посетете ја веб-локацијата https://globalinitiative.net/analysis/migrant-smuggling-western-balkans/.

Забелешки

  1. Тјусдеј Реитано и Кристина Амерхаузер, Незаконски финансиски текови во Албанија, Косово и Северна Македонија: Клучни двигатели и актуелни трендови, ГИ-ТОК, август 2020 г., https://globalinitiative.net/analysis/iffs-western-balkans/. ↩

  2. Валтер Кемп, Кристина Амерхаузер и Ругеро Скатуро, Spot prices: анализа на протокот на луѓе, дрога и пари во Западен Балкан, ГИ-ТОК, мај 2021 г., https://globalinitiative.net/analysis/western-balkans-crime-hotspots-3/. ↩

← Обвиненијата за исчезнати бебиња сè уште ја прогонуваат Србија.
Благодарност →
Билтен на Ризици
  • English
  • Shqip
  • Srpski
Означи страници
    Притиснете или селектирајте текст, а потоа притиснете ја иконата за обележување за да го зачувате обележаното. Обележувањето е зачувано во кеш меморијата на прелистувачот. Бришејќи го кешот ќе се избрише зачуваното.
    Вашето последно пребарување
      Минатиот пат кога посетивте, престанавте да читате тука.
      Close
      • Твитер
      • Фејсбук
      • Линкдин
      • ВотсАп
      • Емејл
      • Линк
      1. Почетна
      1. Резиме на главни поенти
      2. За ова издание
      3. 1 Дали војната во Украина може да влијае врз организираниот криминал во Западен Балкан?
        1. Промени во патиштата за криумчарење
      4. 2 Босна и Херцеговина стана клучна транзитна земја за криумчарење оружје во Европа.
        1. Минати и сегашни арсенали
        2. Дрогата и оружјето следат слични патишта
        3. Директна продажба
      5. 3 Брчко: пазар за организиран криминал.
        1. Соработка помеѓу криминалците, корупција во полицијата
      6. 4 Изнудата е потценета и недоволно пријавувана во Србија.
      7. 5 Обвиненијата за исчезнати бебиња сè уште ја прогонуваат Србија.
        1. Како е организиран пазарот
        2. Поширок проблем
      8. Последни новости од Опсерваторијата на нелегални економии во Југоисточна Европа
      9. Благодарност
      10. За Билтените На Ризици