Благодарност
Овој Билтен на ризици е производ на Опсерваторијата на граѓанското општество за борба против организираниот криминал во Југоисточна Европа (ЈИЕ-Опс) на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал.
ЈИЕ-Опс е платформа која ги поврзува и ги зајакнува чинителите од граѓанското општество во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Има за цел да му овозможи на граѓанското општество да ги идентификува, анализира и мапира криминалните трендови и нивното влијание врз нелегалните текови, владеењето, развојот, меѓуетничките односи, безбедноста и владеењето на правото. ЈИЕ-Опс го поддржува граѓанското општество во следењето на националната динамика и пошироките регионални и меѓународни трендови во организираниот криминал. Основањето на опсерваторијата произлезе како резултат на Самитот за Западен Балкан во Лондон во 2018 година, дел од Берлинскиот процес.
Би сакале да се заблагодариме на Сафет Мушиќ, Русмин Хрњиќ, Милош Катиќ и Ана Профозиќ за нивниот ценет придонес.