Кратко резиме на публикациите
Овде даваме преглед на неодамнешните публикации за организираниот криминал во регионот кои покриваат широк опсег на теми и вклучуваат нови и претстојни публикации на ГИ-ТОК.
Nadia El-Shaarawi and Maple Razsa, Movements upon movements: Refugee and activist struggles to open the Balkan route to Europe, History and Anthropology, 30, 1, 91–112. | Во 2015-2016 година, 1,2 милиони бегалци бараа сигурност во Европа преку балканската рута. Овој труд објаснува како се одвивало ова невидено движење на луѓе од етнографска перспектива. |
Andi Hoxhaj and Fabian Zhilla, The impact of COVID-19 measures on the rule of law in the Western Balkans and the increase of authoritarianism, European Journal of Comparative Law and Governance, 8, 4, 271–303. | Овој напис нуди компаративна анализа на правните мерки и моделите на управување со КОВИД-19 усвоени во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Исто така, го истражува нивното влијание врз владеењето на правото и способноста на парламентите и граѓанското општество да ги испитуваат владините одлуки. |
Marko Kmezić and Dejan Atanasijević, How organized is organized crime and drug trafficking in Serbia, Kriminalističke teme – Časopis za kriminalistiku, kriminologiju i sigurnosne studij, 19, 6, 1–14. | Производството и трговијата со дрога во Србија е доминантна и најпрофитабилна форма на организиран криминал. Оваа студија ги испитува политичките, економските и социјалните односи на луѓето вклучени во трговијата со дрога во Србија. |
Sandro Knezović, Vlatko Cvrtila and Zrinka Vučinović, Croatia’s police and security community building in the Western Balkans, Eastern Journal of European Studies, 8, 2, 167–184. | Написот го испитува потенцијалното постоење на безбедносна заедница во регионот на Западен Балкан со истражување на придонесот на полицијата како професионална група во Хрватска во процесот на градење безбедносна заедница. |
Sandra Kobajica, Criminological characteristics of crime against the environment in Bosnia and Herzegovina, PhD dissertation, University of Sarajevo, Faculty of Criminal Justice, Criminology and Security Studies, 2021. | Овој труд ги истражува основните причини и манифестации на еколошкиот криминал во Босна и Херцеговина од теоретска и емпириска гледна точка. Потребна е модерна криминолошка перспектива фокусирана на еколошка или „зелена“ криминологија. |
Danilo Mandic, Trafficking and Syrian refugee smuggling: Evidence from the Balkan route, Social Inclusion, 5, 2, 28–38. | Оваа статија истражува како сириските бегалци комуницираат со шверцерите, расветлувајќи како шверцот со луѓе и трговијата со луѓе се меѓусебно поврзани долж балканската рута. |
Davor Mikulić and Goran Buturac, In what measure is public finance sustainability threatened by illicit tobacco trade: The case of Western Balkan countries, Sustainability, 12, 1, 401. | Овој труд го проценува обемот на незаконската трговија со тутун, идентификувајќи и квантифицирајќи ги клучните фактори зад неа, нејзиниот ефект врз одржливоста на јавните финансии и влијанијата што ги има врз интензитетот на вкупната трговија со тутун. |
Valery Perry and Ivan Stefanovski, Sell out, tune out, get out, or freak out? Understanding corruption, state capture, radicalization, pacification, resilience, and emigration in Bosnia and Herzegovina and North Macedonia, Eurothink – Center for European Strategies, 2021. | Оваа истражувачка иницијатива истражува дали идеите претставени во книгата на Сара Чејс, Крадци на државата: Зошто корупцијата ја загрозува глобалната безбедност помага во разбирањето на тековната социјална, политичка и економска динамика на Босна и Херцеговина и Северна Македонија. |
Iztok Prezelj and Nina Otorepec Vogrinčič, Criminal and networked state capture in the Western Balkans: the case of the Zemun clan, Southeast European and Black Sea Studies, 20, 4, 547–570. | Во овој труд, авторите тврдат дека Западен Балкан повремено се соочува со проблемот на мрежно заробување на државата врз основа на коруптивна врска меѓу организираниот криминал, бизнисот, политиката, безбедносните служби и судството. |
Branislav Radeljić and Vladimir Đorđević, Clientelism and the Abuse of Power in the Western Balkans, Journal of Balkan and Near Eastern Studies, 22, 5, 597–612. | Фокусирајќи се на Србија и Косово, овој труд аргументира дека криминалните мрежи и владејачките политички и економски елити станале неразделни, што пак, директно влијае врз процесите на интеграција на двете земји во ЕУ. |
Ina Rama, Overview of the characteristics of the Albanian organized crime: Development trends over the years, Mediterranean Journal of Social Sciences, 12, 4, 112. | Трудот опишува некои карактеристики на албанската сцена на организиран криминал, нејзиниот историски контекст и еволуцијата на начинот на кој се организираат нејзините групи и видовите и полињата на активност во кои тие се вклучени. |
Vedran Recher, Tobacco smuggling in the Western Balkan region: Exploring habits, attitudes, and predictors of illegal tobacco demand, The Institute of Economics, 1, 1–24. | Овој труд го истражува шверцот со тутун во Западен Балкан, регион познат по тоа што е главна рута за шверц за западноевропските земји. Податоците се користат за истражување на навиките за пушење, ставовите за нелегалниот пазар и предвидувачите на незаконската побарувачка на пазарот. |
Věra Stojarová, Media in the Western Balkans: Who controls the past controls the future, Southeast European and Black Sea Studies, 20, 1, 161–181. | Написот ја оценува улогата на медиумите во однос на демократизацијата и пристапувањето во ЕУ на Западен Балкан, како и долгорочниот развој на слободата на медиумите во поглед на економскиот и политичкиот притисок. |
Нови и претстојни публикации на ГИ-ТОК
Експлоатирани пред нос: Процена на комерцијалната сексуална експлоатација на децата и одговорите за заштита на децата во Западен Балкан
Овој извештај ја проценува ранливоста на децата на комерцијална сексуална експлоатација на деца (CSEC) во WB6, фокусирајќи се конкретно на онлајн сексуалната експлоатација на децата и сексуалната експлоатација на децата при патувањето и туризмот. Исто така, дава преглед на она што органите за спроведување на законот, приватните компании и граѓанските организации прават – а што не прават – за да одговорат, да се борат и да ги спречат различните манифестации на ранливоста на децата на комерцијална сексуална експлоатација на деца.
Незаконски финансиски текови во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија: Клучни двигатели и актуелни трендови
Робин Картврајт и Кристина Амерхаузер
Овој извештај ја комплетира нашата студија за незаконските финансиски текови (НФТ) во Западен Балкан. Овојпат се фокусиравме на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. НФТ се механизмите со кои незаконски заработените пари се пренесуваат во и надвор од економиите на криминални корисници ширум светот. Секоја година, големи суми пари се префрлаат надвор од економиите во развој и транзиција. Тоа се средства кои можеле да се користат за јавни и приватни добра: јавни услуги, инвестиции или работни места. Целото општество страда како резултат на нивната загуба.