Кокаинот стана „банани“ на јадранското приморје.
Заплените на големи количини дрога во Хрватска и Албанија во изминатите неколку месеци покажуваат дека има цунами од кокаин што пристигнува преку јадранските пристаништа. Повеќето дроги се сокриени во контејнери коишто превезуваат банани од Латинска Америка во Европа. Додека потрошувачката на кокаин во Западен Балкан е релативно мала, овие заплени - во комбинација со минатите трендови - покажуваат дека пристаништата во Албанија, Хрватска и Црна Гора се важни влезни точки за транспортот на кокаин во Европа.1
Ова илустрира како организираните криминални групи со потекло од Западен Балкан, во текот на изминатата деценија, активно се вклучиле не само во дистрибуција на кокаин во Западниот Балкан и во ЕУ, туку и во организирање големи пратки кокаин директно од Латинска Америка.2 Некои од овие пратки одат кон пристаништа во Западна Европа, Црното Море или Грција, но други доаѓаат во Западен Балкан со бродови со контејнери.
На крајот на март 2021 година, повеќе од половина тон кокаин вреден околу 50 милиони евра бил откриен во пристаништето Плоче во јужна Хрватска, скриен во контејнер со банани. Ова била последната и најголема заплена на неколку пратки кокаин што поминувале преку Плоче.
Во јуни 2020 година, во Бачина близу до Плоче, од патничко возило биле запленети 25 килограми кокаин со висока чистота; уапсен бил возачот на автомобилот, италијански државјанин.3 Следствно, биле извршени голем број апсења во Хрватска и Италија. Според полицијата, оваа група прошверцувала најмалку 146 килограми кокаин.4
Во март 2021 година, полицијата во Дубровник изложила речиси 73 килограми запленет кокаин со висока чистота.5 Кокаинот исто така бил пронајден во контејнер полн со банани увезени од Јужна Америка.6
Плоче се смета за слаба точка бидејќи има голем обем на увоз на банани – околу 1 200 контејнери годишно – со мал капацитет да ги контролира. Ова наскоро треба да се поправи со неодамнешната инвестиција во мобилен рендгенски уред.7
Во минатото, големи заплени дрога биле извршени во пристаништето Риека во северна Хрватска. Во јануари 2017 година, од контејнер што пристигнал од Перу, биле изнесени 478 килограми кокаин.8
Како дел од заедничката акција со италијанската и словенечката полиција, контејнерот бил повторно запечатен и благодарение на контролираната испорака, подоцна биле извршени неколку апсења, вклучително и на осомничените водачи од регионот Калабрија во Италија.9 Дополнителни апсења поврзани со оваа заплена биле извршени во февруари 2021 година.10
Во март 2018 година, во пристаништето Риека, полицијата запленила 100 пакувања кокаин пронајдени во контејнер во кој имало 20 тони мешан метален отпад. Кокаинот бил купен во Панама, а потоа бил испратен во Хрватска. Неколку апсења биле извршени, особено на лица од Хрватска и Словенија, вклучувајќи го и Стјепан Прњат, хрватски државјанин по потекло од Зеница во Босна и Херцеговина, познат како хрватскиот Ескобар.11 Во нивната истрага, полицијата открила мрежа на компании со седиште во Загреб, коишто увезувале кокаин во контејнери со овошје и старо железо.12
Плоче и Риека не се единствените јадрански пристаништа преплавени со кокаин. Подолу по брегот, во Црна Гора, пристаништето Бар, во минатото, било озлогласена влезна точка за дрога. На пример, во јуни 2014 година полицијата запленила 250 килограми кокаин што бил испратен во Бар од Еквадор во контејнер со банани.13 Помеѓу 2015 и 2019 година, во најмалку три наврати, откриени се над 30 килограми кокаин во контејнери што потекнувале од Јужна Америка.14 Во април 2019 година, црногорските власти заплениле 50 килограми дрога на брод за обука на морнарицата во пристаништето Тиват.15
Во Албанија, пристаништето Драч е центар за шверц на дрога. На 10 април 2021 година, во пристаништето биле запленети 143 килограми кокаин во контејнер полн со банани. Контејнерот потекнувал од Еквадор и патувал преку пристаништето Гиоиа Тауро, контролирано од мафијата, во Италија. Неколку дена претходно, на 1 април, 49 килограми кокаин биле запленети и во пристаништето Драч, повторно од контејнер што доаѓал од Еквадор. Овие две заплени од речиси 200 килограми кокаин во првиот квартал од 2021 година ја надминале целата количина кокаин вкупно запленета во Албанија во 2019 и 2020 година. Во 2018 година, во пристаништето Драч биле запленети рекордни 613 килограми кокаин во пратка банани што доаѓале од Колумбија.
Во Албанија, како и во Хрватска и Црна Гора, фатени се многу малку од луѓето што нарачуваат пратки кокаин. Администраторите на компаниите за увоз на овошје најчесто тврдат дека не знаеле дека кокаинот се крие во истите контејнери како и нивните пакети на овошје. Технички, тоа е сосема можно ако криминалците можат да добијат пристап до контејнерите откако контејнерите ќе бидат наполнети со овошје, но пред да бидат натоварени на бродовите.16
Но, што ни кажуваатпокажуваат овие заплени? Дали повеќе кокаин поминува низ регионот отколку во минатото? Латиноамериканската понуда и европската побарувачка се дефинитивно високи. Дали спроведувањето на законот станува поефикасно? Ова може да биде фактор, бидејќи земји како Хрватска и Албанија, на пример, работат поблиску со билатерални партнери или ЕУРОПОЛ и полицијата станува поефикасна во пробивањето на шифрираните системи за пораки. Исто така, можно е да укажува на поефикасно полициско работење водено од разузнавачки служби и безбедноста на контејнерите во клучните пристаништа.
Но, порастот на заплените, како и зголемениот број на апсења од висок профил во некои земји од регионот, исто така може да укажуваат на дупки во заштитниот чадор што им овозможувал на криминалните групи со потекло од Западен Балкан да работат неказнето во минатото. Трговијата со дрога во Западен Балкан, како и на други места, зависи од политичката заштита, којашто (за определена цена) овозможува машината за нелегална трговија да работи без проблеми: насилството се држи под контрола и производот се движи без пречки. Малиот број заплени, како ограниченото количество насилство, сугерира ефикасен пазар. Таквите мрежи за заштита честопати се формираат во контексти каде што движењето на стока со висока вредност (како што се дрогите) минува низ области со слаба или корумпирана власт и може да вклучува висок степен на соучество од страна на државните чинители, припадниците на безбедносните служби или полицијата и пристанишните службеници.17 Ако клучен политички покровител умре или ја напушти функцијата, тогаш се крева раката на заштита, а органите на прогонот можат да си ја вршат својата работа. Според тоа, заплените може да укажуваат дека се нарушува заштитната економија. Исто така, може да укажува на поголема конкуренција на пазарот бидејќи групите бараат нови рути и сојузници или обезбедуваат информации на полицијата за исфрлање од игра на други шверцери.
Јасно е дека сообраќајот на контејнери не бил засегнат од затворањето поради пандемијата, постои голема побарувачка за кокаин во Европа, а пристаништата во Јадранoт се сметаат за влезни точки со релативно низок ризик. Но, можеби порастот на бројот на заплени и апсења, исто така, укажува на некои тектонски поместувања на криминалните пазари и економиите за заштита во Западeн Балкан.
Фотографија: Албанска државна полиција.
Забелешки
-
Џереми МекДермот и др., Цевководот за кокаин кон Европа, Глобална иницијатива против транснационален организиран криминал и InSight Crime, февруари 2021, https://globalinitiative.net/wp-content/uploads/2021/02/The-cocaine-pipeline-to-Europe-GI-TOCInsightCrime.pdf. ↩
-
Ибид; Валтер Кемп, Транснационални пипала: Глобални жаришта на организираниот криминал на Западен Балкан, Глобална иницијатива против транснационален организиран криминал, јули 2020, https://globalinitiative.net/wp-content/uploads/2020/07/Transnational-Tentacles-Global-Hotspots-of-Balkan-Organized-Crime-ENGLISH_MRES.pdf. ↩
-
HRT, Rekordna zapljena droge u mjestu Baćina kod Ploča, 27 June 2020, https://vijesti.hrt.hr/hrvatska/rekordna-zapljena-droge-u-mjestu-bacina-kod-ploca-711434. ↩
-
HRT, Dubrovačka policija razbila lanac krijumčara kokaina, 28 January 2021, https://vijesti.hrt.hr/hrvatska/dubrovacka-policija-razbila-lanac-krijumcara-kokaina-348125. ↩
-
HRT, Jedna od najvećih zapljena kokaina u posljednjih 20 godina, 8 March 2021, https://vijesti.hrt.hr/hrvatska/dubrovnik-jedna-od-najvecih-zapljena-kokaina-u-posljednjih-20-godina-1011640. ↩
-
Dubrovacki dnevnik, TAMO SLUČAJNO ZAVRŠIO? U obiteljskoj tvrtki osnivačice Mosta pronašli 100 kilograma kokaina, 7 March 2021, https://dubrovackidnevnik.net.hr/vijesti/zupanija/u-obiteljskoj-tvrtki-osnivacice-stranke-mosta-pronasli-100-kilograma-kokaina. ↩
-
B R, Dubrovačka policija objavila detalje zapljene kokaina vrijednog 500 milijuna kuna: Još se ne zna čija je droga, Tportal, 14 April 2021, https://www.tportal.hr/vijesti/clanak/dubrovacka-policija-jos-ne-zna-ciji-je-zaplijenjen-kokain-vrijedan-500-milijuna-kuna-a-zbog-ovog-i-slicnih-slucajeva-nabavljaju-uredaj-vrijedan-12-milijuna-kuna-20210414. ↩
-
Marin Dešković, Hrvatska policija u potpunoj tajnosti u Rijeci oduzela 478 kg kokaina okrutnoj ‘Ndrangheti, Jutarnji, 7 February 2021, https://www.jutarnji.hr/vijesti/crna-kronika/hrvatska-policija-u-potpunoj-tajnosti-u-rijeci-oduzela-478-kg-kokaina-okrutnoj-ndrangheti-15048664. ↩
-
Ибид. ↩
-
Ибид. ↩
-
24sata, Zaplijenili 100 kg kokaina: Iza svega stoji‚ hrvatski Escobar‘, 8 March 2018, https://www.24sata.hr/news/u-rijeci-nasli-100-kg-kokaina-na-ulici-vrijedi-50-milijuna-kn-563744. ↩
-
Ибид. ↩
-
Влада на Црна Гора, Најголема заплена во Црна Гора на сите времиња: 250 kg кокаин вреден повеќе од 12,5 милиони, 5 јуни 2014, https://www.gov.me/en/News/139329/Largest-drug-seizure-in-Montenegro-ever-250-kg-of-cocaine-worth-more-than-12-5-million.html. ↩
-
Влада на Црна Гора, Службениците на Царинската управа заплениле значителни количини наркотици во неколку наврати во текот на март, 26 март 2019 година, https://www.gov.me/en/search/197612/Press-release-Officers-of-the-Customs-Administration-seized-significant-amounts-of-narcotics-on-several-occasions-during-March.html; Црногорската пристанишна царина заплени кокаин, N1, 15 јуни 2018, https://rs.n1info.com/english/news/a396500-montenegrin-customs-seize-cocaine/; и царинските службеници откриле 33 kg кокаин во пристаништето Бар, Влада на Црна Гора, 2 декември 2015 година, https://www.gov.me/en/search/154993/Customs-officers-have-discovered-33-kg-of-cocaine-in-the-Port-of-Bar.html. ↩
-
Црногорските власти заплениле дрога на брод за обука на морнарицата, Ројтерс, 19 април 2019 година, https://www.reuters.com/article/us-montenegro-drugs-idUSKCN1RV0XQ. ↩
-
Џереми МекДермот и др., Цевководот за кокаин кон Европа, Глобална иницијатива против транснационален организиран криминал и InSight Crime, февруари 2021, 44, https://globalinitiative.net/wp-content/uploads/2021/02/The-cocaine-pipeline-to-Europe-GI-TOCInsightCrime.pdf. ↩
-
Марк Шо, „Ние плаќаме, вие плаќате: Заштита на економиите, финансиски текови и насилство, Хилари Метфес и Мајкл Миклаучич (ур.), По конвергенцијата, свет без ред. Вашингтон: Центар за комплексни операции, Институт за национални стратешки студии, октомври 2016, 235-250, https://cco.ndu.edu/Portals/96/Documents/books/Beyond%20Convergence/BEYOND%20CONVERGENCE%20%20World%20Without%20Order%20.pdf?ver=2016-10-25-125406-170. ↩