Синтетички дроги на Западниот Балкан
Западен Балкан често се означува како транзитен регион за трговија со дрога, како на пример канабис, кокаин и хероин. Но, постојат знаци дека регионот е исто така и производител на синтетички дроги, како и растечки пазар на потрошувачи.
Главните новите синтетички верзиидроги што се шверцуваат на Западен Балкан се амфетамини, метамфетамин и екстази (МДМА), како и нови синтетички верзии на канабис и опоиди како хероин. Главниот извор на дрогите се земјите во Западна Европа, особено Холандија, Белгија, Чешка и Бугарија.1 Во Србија, исто така, постои растечка тенденција за увоз на синтетички дроги од балтичките земји2 и Евроазија, вклучувајќи ги Авганистан, Иран, Киргистан, Пакистан и Узбекистан.3
Покрај тоа, се чини дека локалното производство се зголемува, особено во Северна Македонија и Србија. Помеѓу 2009 и 2019 година, полицијата во Србија открила над 140 лаборатории за нелегални дроги, претежно во станбени простории.4 Повеќето од главните лаборатории во Србија се во белградските предградија или во Ниш.5 Едно од најголемите откритија било во 2003 година во малиот град Стара Пазова (во северната покраина Војводина), каде полицијата открила околу 2 милиони таблети екстази, проценети на над 4 милиони евра, како и приближно 20 тони киселина за производство на екстази, за која се проценува дека вреди над 10 милиони евра. Без оглед на тоа, биле осудени само 245 лица – што е просек од помалку од две лица по откриена нелегална лабораторија.6 Ова сугерира дека полицијата ги фаќа само „готвачите“, а не сите што се вклучени во мрежите за производство и дистрибуција.
Фотографија: serpeblu/iStock
Во 2020 година, повеќето заплени на синтетичка дрога во Србија се извршиле или во Белград и Нови Сад или близу до границата со Унгарија, на пример на граничниот премин Хоргош. Заплени исто така се извршиле и во Крагуевац и Бор.7
Проблемот не е ограничен на Србија. Во декември 2017 година, полицијата открила нелегални лаборатории за дрога во селото Батинци и во дом во близина на Тетово во Северна Македонија.8 Тие заплениле околу 910000 таблети Каптагон, 52 килограми чист амфетамин и големи количини на супстанции што се користат за производство на наркотици. Главниот осомничен, Милан Зарубица, претходно бил осуден во врска со лабораторија во Стара Пазова, Србија. Неколку месеци подоцна, македонската полиција пронашла уште една лабораторија што се користи за нелегално производство на синтетички дроги.
Покрај трговијата со дрога и производството, се чини дека постои растечки локален пазар за синтетички дроги.9 Во Србија се појавуваат нови психоактивни супстанции – претежно синтетички канабиноиди – коишто имитираат традиционални нелегални дроги како канабис, кокаин, МДМА и ЛСД.
Во Србија и Северна Македонија, цените на синтетичките дроги се релативно ниски, што е главен фактор во зголемувањето на нивниот удел на пазарот во споредба со растителните дроги.10 За околу 25 евра, можно е да се купат пет таблети екстази.11 Меѓутоа, постојат и супстанции како амфетаминот Тучиби (2C-B) што е познат како „елитна дрога“ поради неговата висока цена и силните психоделични ефекти. Дрогата обично се продава на црниот пазар во форма на апчиња или капсули, но може да се меша и со екстази.12 Во 2019 година, полицијата во Ниш уапсила лице што поседувало речиси 175 грама Тучиби.13
Синтетичките дроги се лесно достапни, особено во големите градови.14 „Пазарот во Србија е добро снабден со амфетамин, екстази и МДМА“, рече некој со познавање на состојбата на улиците. Метамфетаминот е помалку присутен во Србија.15 Сепак, марихуаната и хероинот се најчесто користени дроги во Србија, ги следи спидот.16
Не е јасно како КОВИД-19 влијае на пазарот на синтетички дроги на Западен Балкан, но постои чувство дека пазарот е релативно отпорен, при што некои синтетички дроги се користат како замена за хероин.17 Корисниците се свртуваат кон интернет за пристап до добавувачи бидејќи не можат да се сретнат со дилери во клубови или на фестивали како во минатото.18
Иако хероинот останува главната причина за околу 50 смртни случаи поврзани со дрогата во Србија секоја година,19 зголемениот пристап до синтетички дроги и нивната употреба ги зголемиле здравствените проблеми во земјата и доведоа до трагична смрт на млади луѓе поврзани со дрога. Откако 15-годишно девојче починало во ноември 2018 година во малото гратче Аранѓеловац кога за првпат земало екстази на забава, локалното население организираше серија протести со повик за подобри мерки за превенција.20 Во соседниот Лазаревац, жителите поставиле постери низ градот со фотографии од локалните дилери на дрога. Во 2018 година, четворица млади луѓе на возраст од 17 до 21 година починале откако земале екстази, додека помеѓу 2009 и 2019 година повеќе од педесет лица починале во земјата од различни синтетички дроги.21
Додека фокусот на дрогата во Западен Балкан обично е насочен кон транзитот на растителни супстанции како кокаин, хероин и канабис, исто така е важно да се внимава на производството и употребата на синтетички дроги.
Забелешки
-
Siracusa International Institute for Criminal Justice and Human Rights, Closing the implementation gap: Criminal justice responses to illicit trade in South Eastern Europe and associated challenges, November 2020, pg. 125, www.siracusainstitute.org/app/wp-content/uploads/2020/11/SII-Regional-crime-trends-report_web.pdf. ↩
-
Interview with a former police officer from the Belgrade anti-drug unit, Belgrade, November 2020. ↩
-
Interview with a police officer, Belgrade, December 2020. ↩
-
Interview with a professor of criminology, Belgrade, December 2020. ↩
-
Interview with a civil society activist, Belgrade, November 2020. ↩
-
Interview with a former police officer, Belgrade, December 2020. ↩
-
Based on an analysis of various interior ministry press statements, mup.gov.rs/wps/portal/sr/. ↩
-
Jelena Radivojević, Zarubici 11 godina zatvora zbog proizvodnje droge, KRIK, 25 September 2018, www.krik.rs/zarubici-11-godina-zatvora-zbog-proizvodnje-droge. ↩
-
Serbian Ministry of Interior, Serious and Organized Crime Threat Assessment, 2020, p 47, mup.gov.rs/wps/wcm/connect/3d0a3df4-4e1d-4b70-8475-3d69f6d21107/SOCTA+2019+-+ENG-compressed.pdf?MOD=AJPERES&CVID=nnvYIq8. See also: Siracusa Institute, op. cit., p 49. ↩
-
Southeast European Law Enforcement Center, Report on Drug Seizures in Southeast Europe, December 2019, p 23, www.selec.org/wp-content/uploads/2019/12/SELEC-Report-on-Drug-Seizures-2019-Public-version.pdf. ↩
-
Interview with a civil society activist, Belgrade, November 2020. ↩
-
Interview with a civil society activist, Belgrade, November 2020. ↩
-
Irena Molnar, New psychoactive substance use in the Republic of Serbia: Research results. Eurasian Harm Reduction Association and School of Law, Swansea University, 2020, p 26, harmreductioneurasia.org/wp-content/uploads/2020/09/2020_8_20_EHRA_NPS-Report_Serbia_EN.pdf. ↩
-
Interviews with civil society activists in Belgrade, November 2020, and Podgorica, December 2020. ↩
-
Ибид. ↩
-
Interview with a former police officer, Belgrade, December 2020. ↩
-
Saša Djordjević and Bojan Dobovšek, Organized crime in Western Balkans Six at the onset of coronavirus, International Journal of Sociology and Social Policy, 40, 9/10, 807–820, doi.org/10.1108/IJSSP-06-2020-0229. ↩
-
Interview with a civil society activist, Belgrade, November 2020. ↩
-
Podaci o preminulima od posledica vezanih za korišćenje droge u Srbiji u periodu 2008-2019. godine, Drug Policy Network South East Europe, December 2020, p 8. ↩
-
N G and M M, ‘Svako zna da nabroji bar 50 dilera’, Sofija (15) je umrla posle jedne tablete ekstazija, a godinu dana posle smrti, njeni sugrađani su na nogama, Blic, 15 November 2019, www.blic.rs/vesti/drustvo/svako-zna-da-nabroji-bar-50-dilera-sofija-15-je-umrla-posle-jedne-tablete-ekstazija-a/gfr3bs1. ↩
-
Podaci o preminulima od posledica vezanih za korišćenje droge u Srbiji u periodu 2008–2019. godine, Drug Policy Network South East Europe, December 2020, p 8. ↩