Билтен на Ризици Преземете PDF Click here to view the
Global Organized Crime Index

Опсерваторија на Нелегални Економии во Југо-Источна Европа

Број
5
Февруари–Март
2021

Резиме на главни поенти

  1. Ренесанса на криминалот во Нови Пазар?

    Низата од насилни инциденти го врати Нови Пазар во јужна Србија на мапата како жариште на организираниот криминал. Градот што се наоѓа по должината на клучните рути на трговијата со дрога, некогаш имал репутација на главен склад за хероин во Европа. Ги разгледуваме неговите минати и сегашни врски со нелегални економии.

    Прочитај повеќе

  2. Синтетички дроги на Западниот Балкан.

    Западен Балкан е добро познат како транзитен регион за трговија со дрога, како на пример канабис, кокаин и хероин. Но, како што е истражувано во овој напис, постојат знаци дека регионот е исто така и производител на синтетички дроги, како и растечки пазар на потрошувачи.

    Прочитај повеќе

  3. Проблематични води: шверцување мигранти преку Јадранот.

    Неодамнешните операции за спасување на Јадранот покрај бреговите на Албанија и Црна Гора сугерираат дека сè поголем број мигранти се шверцува со брод од марините и пристаништата во овие две земји. Ги разгледуваме неодамнешните случаи, како и она што тие го укажуваат во врска со промената на рутите и методите на шверцување.

    Прочитај повеќе

  4. Лекции што се научени од легализацијата на канабисот во Северна Македонија.

    Во март 2016 година, Северна Македонија ги легализираше одгледувањето и извозот на канабис за медицинска употреба. Ги разгледуваме лекциите што се на научени од искуството на Северна Македонија во изминативе пет години, особено во врска со регулативата, како и опасностите од тоа легално одгледуваниот канабис да заврши на црниот пазар.

    Прочитај повеќе

  5. Поттикнување на младите во Валона.

    Градот Валона во јужна Албанија има репутација дека е место каде што се создаваат криминалци кои ги применуваат своите вештини дома и во странство. Повеќе од 20 години, младинскиот центар Валона работи со младите во заедницата со цел да ги прошират своите хоризонти, вештини и можности како поддршка по патот кон законска егзистенција. Со директорката на центарот, Алкета Димитри, разговараме за нејзината работа и предизвиците и можностите што таа ги гледа.

    Прочитај повеќе

ЗА ОВА ИЗДАНИЕ

Добре дојдовте во петтото издание на Билтенот за ризици изработен од Опсерваторијата за нелегални економии во Југоисточна Европа. Како и во нашите претходни изданија, ќе започнеме со разгледување на жариштето на организираниот криминал, овој пат Нови Пазар во јужна Србија. Потоа ќе ги разгледаме производството и употребата на синтетички дроги на Западен Балкан, особено во Србија и Северна Македонија. Исто така, ќе се фокусираме на неодамнешните случаи на шверцување мигранти покрај бреговите на Албанија и Црна Гора.

Во многу земји во светот постои тренд кон декриминализација, па дури и легализација на канабисот. Го разгледуваме прашањето во контекст на Западен Балкан, особено во врска со искуството во Северна Македонија во текот на петте години откако се легализира одгледувањето, производството и извозот на канабис за медицинска употреба.

Како и секогаш, ќе изведеме заклучок со профил на работата на граѓанска организација од Западен Балкан што работи на зајакнување на отпорноста кон организираниот криминал. Овој месец, разговараме со директорката на младинскиот центар Валона во јужна Албанија за предизвиците и можностите што таа ги гледа во нејзината работа со млади луѓе.

Ако имате предлог за приказна или сакате да дадете повратни информации, контактирајте со almedina.dodic@globalinitiative.net.