Ренесанса на криминалот во Нови Пазар?
Во средината на декември 2020 година, на улиците на Нови Пазар одекнаа истрели. Среде денот, во близина на полициската станица, сопственик на ноќен клуб со големо полициско досие и неговиот син пукале во човек од нивниот автомобил во движење, притоа повредувајќи случаен минувач.1 Два дена подоцна, среде бел ден, биле испукани неколку куршуми кон човек кој седел во кафуле во центарот на градот, којшто не долго пред тоа наводно бил во друштво на двајца полицајци.2 Како одговор со висок профил на истрелите, српскиот министер за внатрешни работи испратил жандармерија да патролира низ градот и да спроведува рации.3 Во градот постои видливо чувство на страв и луѓето носат ножеви и друго оружје за да се заштитат. По релативна стабилност од повеќе години, Нови Пазар е повторно во вестите како жариште на организираниот криминал.
Нови Пазар се наоѓа во југозападна Србија (во регионот Санџак), близу до Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. аради својата локација, градот со мнозинство Бошњаци, со околу 120000 жители, традиционално е центар за трговија, како и трговија со дрога.4 Како и другите криминални жаришта на Западен Балкан што се идентификувани од Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал (ГИ-ТОК), Нови Пазар е неразвиен: просечната месечна плата е 353 евра –160 евра помалку од просекот на земјата, додека 12% од населението зависи од социјална помош.5 Приближно една петина (20768) од населението е невработена.6 Многу жители на градот наводно добиваат дел од своите приходи од префрлање пари или шверцување. „Се шверцува сè - дрво, добиток, храна, алати, машини, текстил“, вели локален активист на граѓанското општество.7 Поради економските тешкотии, многу млади луѓе си заминуваат од областа.8 Некои од оние што остануваат се вклучуваат во криминални активности.
Нови Пазар порано бил озлогласен центар за криминални активности, од кои повеќето биле центрирани околу семејството Хајровиќ. Во 90-тите и раните 2000-ти, Хикмет Хајровиќ бил познат како еден од најголемите нарко-босови во Србија, особено за хероин што се шверцувал од Турција во Нови Пазар. Криминалните групи шверцувале пратки со дрога во специјално модифицирани оддели во камиони, автобуси или комбиња. Се вели дека хероинот што го шверцувал Хајровиќ бил со исклучителна чистота, меѓу најквалитетниот во Европа, а некои од пратките тежеле стотици килограми. Во 2008 година, американскиот Стејт департмент на регионот Санџак му даде прекар дека е европско „скривалиште на хероин“.9 Од Нови Пазар, криминалците шверцувале дрога во другите градови во Србија, главно во Белград, а и понатаму во Западна Европа, дури до Лондон. Хајровиќ конечно бил уапсен во 2011 година и осуден во 2013 година на 15 години затвор, врз основа на договор за признавање вина.10
Сè до неодамнешните престрелки, се чинеше дека цутењето на криминалот во Нови Пазар поминало. Криминалците од 90-тите и раните 2000-ти наводно ги вложиле своите средства во легални бизниси и го напуштиле криминалот. Трговијата со хероин ја преземале поголеми и помоќни групи вклучени во трговија со кокаин надвор од Санџак. Додека со хероинот и канабисот сè уште се тргува преку Нови Пазар (посебно преку Рожаје во Црна Гора),11 се вели дека обемот е помал отколку во минатото.
Исто така, постојат и некои докази за синтетички дроги во Нови Пазар, пред сè екстази што се произведува во Западна Европа и брендови познати како Супер Марио и Лејдибаг.12 Според полициските податоци, уличната цена на марихуаната е околу 1000 српски динари (RSD) или 8,5 евра за грам; хероин, амфетамин и екстази се 1500 RSD по грам (7 евра) секој, додека грам кокаин чини 8000 RSD (68 евра).13 Меѓутоа, оние што го познаваат локалниот пазар на дроги велат дека реалните цени се пониски.14
Иако улогата на Нови Пазар како центар за трговија со дрога е помалку значајна отколку во минатото, проблемот не исчезнал. Од 2015 година, 114 лица се гонети за нелегално производство, поседување или продажба на наркотици во Нови Пазар. Судот ги осуди на вкупно 281 година затвор. Повеќето казни биле помали. Редок исклучок беше дилер осуден на седум години затвор за поседување 21 килограм марихуана што била наменета за продажба.15 Полицијата уапсила криминалци од Нови Пазар во други земји, како што се Унгарија и Турција, во поседување на десетици килограми канабис. А локалните групи, иако помали и помалку моќни отколку во минатото, се пријавени дека соработуваат со криминални групи од Косово, Белград, Чачак и Нови Сад.16
Се чини дека моделот на водење бизнис на некои групи од Нови Пазар е крадење дрога од други криминалци.17 Во 2019 година, група од Нови Пазар наводно украла 6 килограми кокаин во Словенија од црногорскиот клан Кавач. Неколку месеци подоцна, во декември 2019 година, припадник на истата група Нови Пазар18 бил застрелан во Белград во текот на примопредавањето на дрогата.19 Дрогата, како и приближно 300000 евра во готово што ги имал со себе, исчезнале.20
Времето ќе покаже дали овие неодамнешни инциденти во Нови Пазар се само привремено разгорување или, пак, претскажуваат враќање на озлогласеното минато на градот.
Забелешки
-
Dvoje povređeno u pucnjavi, ranjena slučajna prolaznica, Radio Sto Plus, 15 December 2020, www.radiostoplus.com/item/30555. ↩
-
Beta, Pucnjava u Novom Pazaru, ranjen muškarac, N1, 17 December 2020, rs.n1info.com/vesti/a684701-pucnjava-u-novom-pazaru-ranjen-muskarac. ↩
-
Vulin: Država neće dozvoliti obračune kriminalnih bandi u Novom Pazaru, RTS, 17 December 2020, www.rts.rs/page/stories/ci/story/124/drustvo/4189973/vulin-obracun-bande-novi-pazar.html. ↩
-
The official population figure is 107 071, but the unofficial estimate is 120 000. Serbian statistical office, Novi Pazar profile, November 2020, devinfo.stat.gov.rs/SerbiaProfileLauncher/files/profiles/sr/1/DI_Profil_Novi%20Pazar_EURSRB002001007003.pdf. ↩
-
Ибид. ↩
-
National employment service, monthly statistical bulletin no. 219, November 2020, www.nsz.gov.rs/live/digitalAssets/15/15623_bilten_nsz_novembar_2020.pdf. ↩
-
Interview with a representative of a civil society organization, Novi Pazar, October 2020. ↩
-
Ибид. ↩
-
International Narcotics Control Strategy Report, United States Department of State, March 2008, p. 492, 2009-2017.state.gov/documents/organization/102583.pdf. ↩
-
Repeat trafficker caught in large heroin bust, OCCPR, 18 October 2011, www.occrp.org/en/daily/1174-repeat-trafficker-caught-in-large-heroin-bust. ↩
-
Interview with a police inspector, Novi Pazar, November 2020. ↩
-
Ибид. ↩
-
Official response of the Ministry of Interior, Police Department Novi Pazar, 9 November 2020. ↩
-
Interview with a drug user, Novi Pazar, November 2020. ↩
-
Interview with the public prosecutor, Novi Pazar, November 2020. ↩
-
Ибид. ↩
-
Ибид. ↩
-
Interview with a journalist, Novi Pazar, January 2021. ↩
-
K S and J P, Pucnjava na Vračaru: Narko-diler (40) ranjen u Kursulinoj ulici, prevezen na reanimaciju, Blic, 29 December 2019, www.blic.rs/vesti/beograd/pucnjava-na-vracaru-narko-diler-40-ranjen-u-kursulinoj-ulici-prevezen-na-reanimaciju/843vkr4. ↩
-
Interview with a journalist, Novi Pazar, January 2021. ↩