Парите си доаѓаат дома за празниците

Од јуни до август оваа година, полицијата во Албанија заплени неколку стотици илјади евра во кеш на клучни гранични премини и на аеродромот во Тирана. Ова е само врвот на сантата мраз од милиони евра во кеш кои се шверцуваат во Албанија секоја година, и е симтоматично за важноста на нелегалните готовински трансфери на Западен Балкан.

Додека граничната контрола во регионот вообичаено е фокусирана на пресретнување и заплена на нелегален тутун, дрога и други фалсификувани продукти, помалку внимание се обраќа на шверцот на кеш. Голем дел од него е од криминални приноси.1 Преминувањето на границата носејќи кеш не претставува голем ризик. Криминалните приноси генерирани во Европската Унија (ЕУ) и Обединетото Кралство (ОК) често се кријат во прегради во автомобили и камиони и се пренесуваат преку границите. Според неодамнешен извештај на ГИ-ТОК за нелегалните финансиски текови, криминалните актери исто така ги замолуваат членовите на семејството, роднините и пријателите да вратат одредена сума на кеш назад во регионот, во замена за мал надоместок. Дури и луѓе што прават легален приход во странство, но кои се исплатени во кеш, често им ги доверуваат своите пари на лица сo пасоши од ЕУ или ОК (како и САД, канадски и други „јаки“ пасоши) за да им ги однесат дома.2 Возач на камион објасни дека може да се заработи провизија од 10 процени од вкупната сума на кеш што се носи дома. Албанските криминалци кои работат во ОК, наречени „Лондонски момци“ се познати по тоа што добро плаќаат“.3 Трендовите на шверцување кеш имаат склоност кон зголемување во текот на летните месеци кога луѓето што работат во странство се враќаат дома на одмор.

Банкноти во вредност од 16.000 евра скриени во пластична кеса во преден дел од камион упатен кон Косово, запленети на граничниот премин Блаце со Северна Македонија, јуни 2020.

Банкноти во вредност од 16.000 евра скриени во пластична кеса во преден дел од камион упатен кон Косово, запленети на граничниот премин Блаце со Северна Македонија, јуни 2020.

Табелата ги покажува инцидентите на заплена на кеш што се шверцувал кон или надвор од Албанија од јуни до август 2020, вклучително и на аеродромот во Тирана (Аеродромот Ринас).

Место Датум Запленет износ
Драч 13 јуни 2020 ЕУР 498 850
Ринас 3 јули 2020 ЕУР 18 500
Ринас 3 јули 2020 ЕУР 12 900
Морине 5 јули 2020 ЦХФ  77 160
Ринас 7 јули 2020 ГБП  15 000
Тре Урат 9 јули 2020 ГБП  26 820
Драч 28 јули 2020 ЕУР 78 730
Ринас 31 јули 2020 ЕУР 15 000
Ринас 5 август 2020 ГБП  22 000
Ринас 28 август 2020 ГБП  31 850
Ринас 28 август 2020 ГБП  10 000

Слика 3 Заплени на шверцуван кеш, Албанија, од јуни до август 2020 година.

Извор: Информациите се добиени од Генералната царинска управа на Албанија

Овие цифри се бледи во споредба со еден истакнат случај од јуни 2018 година, кога 3.4 милиони евра беа запленети на пристаништето во Драч, во приколка што се враќала од Белгија (која е една од главните влезни точки за кокаинот што се шверцува од Латинска Америка кон Западна Европа).4

Пренесувањето кеш помеѓу и во рамките на земјите од Западен Балкан е полесно да се скрие затоа што голем дел од секојдневната економска активност се врши во готовина. Дури е вообичаено и да се врши исплата на големи суми во висока вредност и да се купува луксузен имот во готовина. Иако повеќето од овие трансакции се повеќе неформални отколку незаконски, отвораат простор за нелегалните чинители да извлекуваат, пренесуваат и апсорбираат големи суми на вредност без воопшто да остават трага во формалните финансиски системи.

Зошто се вршат исплати на големи суми на кеш, наместо преку банкарски трансакции или брз трансфер на пари? Дали тоа е резултат на недоверба во системот, или пак луѓето нешто кријат? Или пак е повеќе системски проблем поврзан со фактот дека многу луѓе во земјата (особено на север) немаат сметки во банка или пристап до банкомати?5 Која и да е причината, недостатокот на транспарентност секако покрева сомневање. Постојат информации дека моќни бизнисмени што работат во регионот пренесуваат значајни суми готовина меѓу земјите, но се сметаат за „недопирливи“ од страна на царинските службеници. Во едно интервју, царински службеник спомнал бизнисмен за кој постои сомневање дека пренесува готовина помеѓу Албанија и Северна Македонија со оглед на тоа што има инвестиции во двете земји. Службеникот рекол: „Никој не се осмелува да го провери багажникот на неговата кола затоа што е многу моќен. Никој сакаше да го запре (и да му ја провери колата)“.6

Накусо, ова е проблем што бара поголема ангажираност од органите на прогонот. Владите треба да ги обучат и охрабрат вработените на границите, вклучително и полициските и царинските службеници, да дадат приоритет на справувањето со шверцот на готовина, наместо да се целосно ориентирани само кон дрога и стоки. За да се изврши оваа промена на приоритети, може да биде неопходно да за зголеми бројот на агенти и да се обезбеди дополнителен технички капацитет за откривање на шверцот на готовина (како кучиња за детекција на кеш и технологија со рендгенски зраци). Освен тоа, детекцијата сама по себе не е доволна. Може да се постигне одвраќање ако се иницираат истраги на потеклото на откриената готовина. Справувањето со преносот на готовина е незаконска практика за која е неопходна промена во односот, како од страна на оние кои шверцуваат готовина, така и од оние кои премногу често замижуваат пред шверцот.

Забелешки

  1. Тјуздеј Реитано и Кристина Амерхаузер, Нелегални финансиски текови во Албанија, Косово и Северна Македонија: Клучни причинители и моментални трендови, ГИ-ТОК, август 2020, https://globalinitiative.net/iffs-western-balkans/

  2. Ибид. 

  3. Интервју со италијански трговец со стоки во Германија, Италија и Албанија, јануари 2020, Тирана. 

  4. Reuters, Albania seizes 3.4 million euros cash in alleged drug profits in Adriatic port, 25 јуни 2019, https://www.reuters.com/article/us-albania-crime-cash/albania-seizes-34-million-euros-cash-in-alleged-drug-profits-in-adriatic-port-idUSKBN1JL2AT

  5. Види https://www.bankofalbania.org/rc/doc/STRATEGJIA_KOMB_TARE_P_R_PAGESAT_ME_VLER_T_VOG_L_N_SHQIP_RI_201812125.pdf?fbclid=IwAR22L5ufqc
    vb8I880uZnrcdEMHnmGS1ynrE3l8Ay3Wy_Zs2uOXrRw5n-pI

  6. Интервју со царински службеник во Албанија, јануари 2020 2020.