Нема карантин за которските банди

Црна Гора прогласи карантин кој траеше речиси цела пролет. Беше последната земја во Европа што регистрира случај на КОВИД-191 (на 17 март) и, 68 дена покасно (на 24 мај) беше првата европска земја што се прогласи за ослободена од вирусот.2 Но, додека владата се фалеше со цврстата рака во справувањето со пандемијата, не можеше да се пофали дека има ист пристап и кон организираниот криминал. Босовите на раскараните кланови Кавачки и Шкаљарски, кои беа уапсени во 2018 година, сега и двајцата се на слобода со кауција и со тешка полициска заштита додека, во меѓувреме, циклусот на одмазднички убиства меѓу бандите продолжува непроменетo.

Убиствата во стилот „мило за драго“ што се одвиваат во црногорското подземје уште откако исчезна пратка со кокаин во Шпанија во 2014 година (што предизвика раздор во криминалните кланови лоцирани во Котор) продолжи во текот на кризата со КОВИД-19, и покрај карантинските мерки.

Еден човек беше убиен, а друг повреден на 4 март кога автомобилот во кој се возеа беше кренат во воздух во близина на супермаркет во главниот град Подгорица. Беше повреден и случаен минувач. И двете лица беа познати на полицијата, а починатиот наводно бил член на кланот Шкаљарски.3

Подоцна, четири лица се обиделе да го убијат наводниот шеф на ривалскиот Кавачки клан, Радоје Звицер, во Киев, на 27 мај.4 А двајца членови на кланот Шкаљарски биле брутално убиени во рафален оган од автоматско оружје на Крф, на 23 јули.5 Овие убиства следат шема што ГИ-ТОК веќе ја анализираше во извештајот објавен во Јули 2020 година, „Вршење убиство: Што откриваат нарачаните убиства за црногорските војни за дрога“.6

Два високо рангирани членови на ривалските кланови неодамна беа пуштени од затвор. На крајот на јули 2020 година, наводниот лидер на кланот Шкаљарски, Јован Вукотиќ, кој беше уапсен во Турција во 2018 година, беше ослободен затоа што обвинителството не го покрена обвинението во рамките на законскиот рок.7 Вукотиќ е обвинет за обид за убиство и нелегално поседување на оружје и експлозивни материи. Претходно отслужил 15-месечна казна за користење лажен пасош. Неговото пуштање на слобода доаѓа по ослободувањето на Слободен Кашќелан, наводно лидер на Кавачкиот клан, кој беше уапсен во Прага во декември 2018 година.8 Кашќелан беше ослободен во декември 2019 година откако платил кауција од речиси половина милион евра. Обвинителството тврдеше дека Кашќелан водел криминална група што се занимавала со шверц на дрога, перење пари и изнудување.9

Форензички експерти бараат траги по експлозија на автомобил во Подгорица, во март 2020 година, во која се смета дека беше убиен член на кланот Шкаљарски.

Форензички експерти бараат траги по експлозија на автомобил во Подгорица, во март 2020 година, во која се смета дека беше убиен член на кланот Шкаљарски.

© Петар Јовановиќ/еСток (PetarJovanovic/eStock)

И покрај крвопролевањето и развлекувањето на оваа војна меѓу бандите, која го оцрнува угледот на Црна Гора, неа не ѝ беше обратено речиси никакви внимание од страна на политичарите во текот на кампањата за парламентарните избори што се одржаа на 30 август. Дали новата влада во Црна Гора ќе има смелост да ја запре кокаинската војна меѓу клановите? Има знаци дека потенцијалната владина коалиција би можела да заземе поцврст став кон организираниот криминал – барем на хартија. Во договорот за соработка помеѓу трите коалициски партнери потпишан на 8 септември 2020 година, трите лидери се обврзаа дека „новата демократска влада во Црна Гора целосно ќе ги деполитизира клучните владини институции со цел да осигура бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупција“.10

Реално, нема да биде лесно за новата влада да ја разбие мрежата создадена од которските кланови кои се вткаени во ткивото на земјата и пошироко, благодарение на приходите натрупани од шверцот со кокаин од Латинска Америка кон Западна Европа. Исто така треба да се има предвид дека иако Демократската партија на Социјалистите ги изгуби изборите за првпат по повеќе од ٣٠ години, лидерот на партијата, Мило Ѓукановиќ, останува претседател на земјата. Сепак, ако се нафатат да работат на овој проблем, со поддршка од надвор, би покажале дека новата влада има како волја така и способност да сврти нова страница во однос на некои од помрачните аспекти на поновото минато на земјата.

Забелешки

  1. Montenegro is Europe’s last remaining coronavirus-free country, RT magazine, 13 March 2020, https://www.rtmagazine.com/disorders-diseases/infectious-diseases/other-infections/montenegro-coronavirus-free-europe/

  2. Montenegro is corona free, Twitter profile of the Government of Montenegro, 24 May 2020, https://twitter.com/MeGovernment/status/1264598489318776832

  3. Biljana Nikolić, Bomba aktivirana ispod auta: Božović poginuo, Keković teško povrijeđen, Vijesti, 4 March 2020, https://www.vijesti.me/vijesti/crna-hronika/424181/podgorica-eksplozivna-naprava-aktivirana-ispod-automobila

  4. Zdravko Ljubas, Montenegrin crime boss shot in Ukraine, suspects arrested, Organized Crime and Corruption Reporting Project (OCCPR), 28 May 2020, https://www.occrp.org/en/daily/12424-montenegrin-crime-boss-shot-in-ukraine-suspects-arrested

  5. Jelena Jovanović, Ubijeni Alan Kožar i Damir Hadžić, Vijesti, 23 July 2020, https://www.vijesti.me/vijesti/crna-hronika/453745/ubijeni-alan-kozar-i-damir-hadzic

  6. Walter Kemp, Making a killing: What assassinations reveal about the Montenegrin drug war, GI-TOC, July 2020, https://globalinitiative.net/wp-content/uploads/2020/07/Making-a-killing-What-assassinations-reveal-about-the-Montenegrin-drug-war.pdf

  7. За детали околу апсењето на Јовица Вукотиќ, видете ЦДМ (CDM(, 11 септември 2018 година https://m.cdm.me/english/details-on-arrest-of-jovica-vukotic/

  8. Kascalan arrested in Prague, Mina, 14 December 2018, https://mina.news/english-news/kascalan-arrested-in-prague/

  9. Milica Vojinović, Šef kavačkog klana izlazi iz pritvora, Crime and Corruption Reporting Network (KRIK), 11 December 2019, https://www.krik.rs/sef-kavackog-klana-izlazi-iz-pritvora/

  10. Samir Kajosevic, Montenegro coalition leaders agree on ‘pro-European’ course, Balkan Insight, 9 September 2020, https://balkaninsight.com/2020/09/09/montenegro-coalition-leaders-agree-on-pro-european-course/