Билтен на Ризици Преземете PDF

Опсерваторија на Нелегални Економии во Југо-Источна Европа

Број
6
МАРТ–АПРИЛ
2021

Резиме на главните точки

  1. Центар за трговија среде никаде.

    Дали некогаш сте слушнале за Горен Вакуф-Ускопље? Овој незабележителен град во централна Босна и Херцеговина е дом на транспортната компанија со назив Сичаја. Во јануари 2021 година, шефот на компанијата, добро познат и политички поврзан бизнисмен, беше уапсен за поседување 400 килограми канабис. Градот стана жариште на трговијата со дрога, што го покажува значењето на логистичките центри во синџирите на снабдување и врските помеѓу легалните и нелегалните економии, како и врските помеѓу деловните, политичките и криминалните елити.

    Прочитај повеќе

  2. Сузбивање на организираниот криминал во Западен Балкан?

    Во серија апсења во јануари и февруари 2021 година, полицијата во Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина уапси криминалци за коишто медиумите тврдат дека имаат врски со озлогласените криминални кланови Кавач и Шкаљари од Црна Гора. Покрај тоа, српскиот претседател вети сузбивање на организираниот криминал. Неколку важни лица беа уапсени, но со последните случувања беа зафатени и некои елементи на медиумите и полицијата.

    Прочитај повеќе

  3. Ранливост на децата Роми на комерцијална сексуална експлоатација.

    Комерцијалната сексуална експлоатација на деца е сериозен проблем во Западен Балкан. Децата Роми се особено ранлива група. Црпејќи информации од претстојниот извештај на ГИ-ТОК, разгледуваме зошто децата Роми се толку подложни и како самиот проблем се манифестира, како во Западен Балкан, така и во другите делови на Европа.

    Прочитај повеќе

  4. „Јастребите“ од Курбин: училиште за крадци.

    Во последниве години, разбојништвата и кражбите во домовите на фудбалери и славни личности се најдоа на насловните страници во Шпанија и Италија. Многу од сторителите се млади мажи кои доаѓаат од регионот Курбин, во Албанија. Ги разгледуваме причините зошто овој регион создава и извезува толку многу разбојници.

    Прочитај повеќе

  5. Младите како мотор на заедницата: интервју со младинскиот центар Себастија.

    Општина Курбин, која е лоцирана околу градот Лач, има развиено репутација во Албанија и во странство како место во кое се завршува училиште за кражба. Овој регион се соочува со социо-економски потешкотии, со ограничени легални можности за кариера за младите, но и за неколку граѓански организации (ГО). За да се справат со овој проблем, млад адвокат и локален наставник се здружија и го основаа младинскиот центар Себастија, ГО која има за цел да им се спротивстави на стереотипите и да им даде на младите платформа за подобар живот. Разговараме со основачите и лидерите, Емарилда Лети и Елтон Ласка.

    Прочитај повеќе

ЗА ОВА ИЗДАНИЕ

Добре дојдовте во шестото издание на Билтенот за ризици изработен од Опсерваторијата за нелегални економии во Југоисточна Европа на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОК).

Како и секогаш, ќе започнеме со профил на едно од жариштата на организиран криминал во регионот, овој пат во малку познатиот град Горен Вакуф-Ускопље во Босна и Херцеговина. Овој логистички центар стана фокусна точка со неодамнешната рација за дрога и заплената на 400 килограми канабис.

Исто така, беа изведени неколку значајни операции против организираниот криминал во некои од земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, што доведе до голем број апсења, вклучувајќи и на добро познат лидер на фудбалска навивачка група во Србија. Во Србија се случија неколку пресврти, вклучувајќи и кампања за клевета против група истражувачки новинари спроведена од страна на некои таблоиди и политичари, којашто ГИ-ТОК ја осуди.

ГИ-ТОК наскоро ќе објави револуционерен извештај за комерцијалната сексуална експлоатација на деца (CSEC) во Западен Балкан. Во ова издание, прикажуваме еден аспект на проблемот, имено експлоатацијата на децата Роми кои се особено ранливи на CSEC.

Албанските разбојници, познати како „јастреби“, станаа озлогласени во изминатите неколку години за вршење разбојништва и кражби во домовите на богатите и славните, особено фудбалери и славни личности во Шпанија и Италија. Многу од „јастребите“ доаѓаат од еден мал, сиромашен регион во Албанија наречен Курбин. Ги разгледуваме причините зошто овој регион создава и извезува толку многу разбојници и разговараме со двајца директори на граѓанска организација што работи со младите во оваа област со цел тие да бидат помалку ранливи на криминалниот живот.

На крај, прикажуваме преглед на неодамнешните публикации поврзани со организираниот криминал и корупцијата во Западен Балкан и презентираме голем број нови извештаи на ГИ-ТОК. Имаме намера повремено да објавуваме ваков список и сите предлози се добредојдени.

Известете нѐ доколку сакате да дадете ваш придонес за некоја приказна; на авторите им нудиме хонорар. Ако имате предлог за приказна или сакате да дадете повратни информации, контактирајте ја almedina.dodic@globalinitiative.net.