Сузбивање на организираниот криминал во Западен Балкан?
Во серија апсења во јануари и февруари 2021 година, полицијата во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина уапси криминалци за коишто медиумите тврдат дека имаат врски со озлогласените криминални кланови Кавач и Шкаљари од Црна Гора. Полицијата во Северна Македонија уапси шест лица во Прилеп, четвртиот по големина град во земјата, под обвиненија за дрога.1 Дали сме сведоци на сузбивањето на организираниот криминал во Западен Балкан?
Утрото на 4 февруари, српскиот обвинител за организиран криминал Младен Ненадиќ објави дека полицијата уапсила 16 лица осомничени за сериозни злосторства.2 Веста се прошири многу бргу. Некои рубрики во медиумите шпекулираа дека ова е почеток на долго ветуваното сузбивање на организираниот криминал од страна на претседателот Александар Вучиќ,3 додека други ја истакнаа неопходноста од истражување на врските меѓу криминалните групи и службениците во политиката и безбедносните служби.4
Една од најважните личности која беше уапсена беше Вељко Беливук. Во раните 2000-ти, Беливук беше член на Обединетите сили, ултрас група формирана од страна на белградски скинхеди за поддршка на српскиот фудбалски клуб ФК Рад. Тој, исто така, работеше како член на обезбедување во ноќен клуб во Белград, каде што претепа и рани две лица во 2007 година. Судот конечно го прогласи за виновен осум години подоцна.5 Беливук го привлече вниманието на јавноста во април 2016 година кога заедно со Александар Станковиќ - лидер на навивачката група на фудбалскиот клуб ФК Партизан, Јаничари - беше фатен на надзорната камера како брутално ги тепа членовите на обезбедувањето на генералниот директор на ФК Партизан.6
Фотографија: Stefan Tomasevic&ATAImages
Откако Станковиќ беше убиен во престрелка во мафијашки стил во октомври 2016 година,7 Беливук го наследи Станковиќ како нов лидер на Јаничари.8 Еден ден по атентатот, тогашниот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ објави војна против мафијата и корумпираната полиција.9 Сепак, во наредните години српските улици станаа боиште, со повеќе од 60 убиства наводно поврзани со организиран криминал.10
Проблемите на Беливук со законот продолжија во 2017 година кога беше обвинет како соучесник во организирање на убиство. Сепак, судот го ослободи од обвиненијата.11 Во меѓувреме, истражувачки новинари открија фотографии од припадници на Јаничари со висок полициски службеник,12 како и можни врски меѓу Беливук и високи функционери во Министерството за внатрешни работи.13 Покрај тоа, припадници на Јаничари дејствуваа како членови на обезбедувањето на инаугурацијата на претседателот Вучиќ.14 Исто така, беше објавено дека Јаничари имаат врски со кланот Кавач.15
Во Србија е јавна тајна дека хулиганските групи се вклучени во нелегални активности поврзани со дрога, приватно обезбедување, коцкање и градежништво.16 Сепак, Вучиќ вети дека ќе се бори против мафијата, „без оглед на личните, политичките или какви било други последици“.17
Во февруари 2021 година, српската полиција го уапси Беливук по неговото враќање од Црна Гора, каде што наводно се состанал со Радоје Звицер, еден од лидерите на кланот Кавач.18 Групата на Беливук беше обвинета за убиство, изнуда, киднапирање и трговија со дрога,19 како и за можно планирање на убиство на висок државен службеник.20 Другите осомничени беа обвинети за здружување заради извршување кривични дела; неовластено производство и дистрибуција на наркотици; и нелегално производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозиви, покрај три случаи на тешко убиство.21
Одделно од овој случај, во градот Тиват, Црна Гора, во јануари полицијата приведе осомничени членови на криминална организација. Се веруваше дека осомничените „имале намера да ликвидираат членови на групата Кавач“.22 Се веруваше дека една од целите бил Беливук.
Во февруари, полицијата во Босна и Херцеговина уапси тројца Црногорци во близина на ски-центарот Јахорина за нелегално производство и трговија со дрога и оружје.23 Медиумите објавија дека тие биле од кланот Шкаљари и планирале да го убијат лидерот на ривалскиот клан Кавач, Радоје Звицер и неговата сопруга за време на нивниот престој во ски-центарот.24
Во Србија, пак, Вучиќ вети дека ќе покаже слики од суровоста на групата Јаничари.25 На прес-конференција во март, Вучиќ пред телевизиската публика во ударен термин покажа фотографија од обезглавена жртва.26 Потоа, новинар од Мрежата за известување за криминал и корупција (КРИК) го праша претседателот зошто некои од претставниците на владата не биле испрашувани од страна на полицијата. Вучиќ не одговори.27 Неколку дена подоцна, провладините таблоиди ја обвинија КРИК и некои полициски службеници дека се дел од групата Јаничари.28 Медиумски здруженија и меѓународни организации29 вклучувајќи ја и ГИ-ТОК, реагираа на кампањата за клевета,30 како и Вучиќ, кој изјави дека КРИК треба да биде оставена да си ја врши својата работа затоа што тоа е демократија.31
Иако не се гледа крај на судирот меѓу клановите Шкаљари и Кавач од Црна Гора којшто започна во 2014 година и во којшто учествуваа фигури од српски криминални и хулигански групи,32 се чини дека се интензивираат напорите на државата да преземе силни мерки против овој судир.
Србија во минатото остро се спротивставуваше на организираниот криминал, на пример за време на операцијата „Сабја“ во 2008 година со којашто беа растурени големи групи, како што е Земунскиот клан, по атентатот на премиерот Џинџиќ. Ќе биде интересно да се види дали претседателот Вучиќ ќе може да го исполни своето ветување.
Забелешки
-
H M, Приведени дилери на дрога во Прилеп, вмешани и полициски службеници, Нова Македонија, 6 февруари 2020 година, https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/hronika/приведени-дилери-на-дрога-во-прилеп-вм. ↩
-
Uhapšeno 16 osoba osumnjičenih za udruživanje radi otmica i ubistva, RTS, 4 февруари 2021 година, https://youtu.be/sZNINtATgHk. ↩
-
Hapšenje Velje Nevolje je samo POČETAK BORBE protiv organizovanog kriminala, Pink, 6 февруари 2021 година, https://pink.rs/hronika/273656/hapsenje-velje-nevolje-je-samo-pocetak-borbe-protiv-organizovanog-kriminala-jedan-detalj-je-kljucan-u-ovom-procesu. ↩
-
V. Jeremić, Veze Veljka Belivuka sa državom godinama ignorisane, Danas, 9 февруари 2021 година, https://www.danas.rs/drustvo/veze-veljka-belivuka-sa-drzavom-godinama-ignorisane/. ↩
-
Интервју со новинар од Белград, февруари 2021 година. ↩
-
Nenad Nešić, Niko uhapšen nakon napada na Vazuru, B92, 29 април 2016 година, https://youtu.be/WSDgjXarrdI. ↩
-
Devin Windelspecht, Serbia’s Deadly Mix: Football, Politics and Crime, OCCPR, 27 јануари 2017 година, https://www.occrp.org/en/blog/6016-serbia-s-deadly-mix-football-politics-and-crime. ↩
-
Беливук го промени името на групата во Принципи, но таа сѐ уште е позната како Јаничари. ↩
-
Veljko Medić, Stefanović: Objavljujemo rat mafiji, RTS, 14 октомври 2016 година, https://www.rts.rs/page/stories/sr/story/9/politika/2488734/stefanovic-objavljujemo-rat-mafiji.html. ↩
-
Crna knjiga, KRIK and Radio Slobodna Evropa, 15 февруари 2021 година, https://www.crnaknjiga.rs/index.php. ↩
-
Bojana Pavlović, Tužilaštvo traži ukidanje presude Belivuku, KRIK, 20 февруари 2019 година, https://www.krik.rs/tuzilastvo-trazi-ukidanje-presude-belivuku/. ↩
-
Ministar policije: Vučković jeste pripadnik Žandarmerije i navijač Partizana, ali to nije krivično delo, Insajder, 31 октомври 2016 година, https://insajder.net/sr/sajt/tema/1928/. ↩
-
Jelena Radivojević and Bojana Pavlović, Uhapšen Belivuk i članovi njegove kriminalne grupe, KRIK, 4 февруари 2021 година, https://www.krik.rs/uhapsen-belivuk-i-clanovi-njegove-kriminalne-grupe/. Видете исто така: Ivana Jeremić, Foul Play: Serbia’s Football Hooligans Get Down to Business, Balkan Insight, 22 јули 2019 година https://balkaninsight.com/2019/07/22/foul-play-serbias-football-hooligans-get-down-to-business/. ↩
-
Jelena Diković, Od čuvanja Vučića na inauguraciji do hapšenja za ubistva, Danas, 6 февруари 2021 година, https://www.danas.rs/drustvo/od-cuvanja-vucica-na-inauguraciji-do-hapsenja-za-ubistva/. ↩
-
Bojana Jovanović, Vučić tvrdi da Vidojević nije član klana iako ga je policija označila kao kavčanina, KRIK, 13 јуни 2020 година, https://www.krik.rs/vucic-tvrdi-da-vidojevic-nije-clan-klana-iako-ga-je-policija-oznacila-kao-kavcanina/. ↩
-
Firme navijača – podizvođači u poslovima za državu, Insajder, 7 декември 2019 година, https://youtu.be/2RzitOXDO3M. ↩
-
Aleksandar Vučić, Pobedićemo mafiju. Garantujem!, Budućnost Srbije, 19 октомври 2020 година, https://www.instagram.com/p/CGhmIEGpM6h/. ↩
-
Veljko Belivuk uhapšen na beogradskom aerodromu, Vijesti, 29 јануари 2021 година, https://www.vijesti.me/vijesti/crna-hronika/507599/veljko-belivuk-priveden-na-beogradskom-aerodromu. ↩
-
Izjava Ministar Vulin: uhapšeno 17 osoba, nećemo dozvoliti stvaranje novog Zemunskog klana, MUP Republike Srbije, 4 февруари 2021 година, https://youtu.be/g9PN0R_bbIE. ↩
-
Vulin: Našli smo najmanje dva mesta na kojima su “upucavane” snajperske puške, RTS, 7 февруари 2021 година, https://www.rts.rs/page/stories/sr/story/9/politika/4249862/vulin-veljko-belivuk-kriminalna-grupa-hapsenja-snajper-upucavali-puske.html. ↩
-
Određen pritvor osumnjičenima V. Belivuk i drugi, Viši sud u Beogradu, 6 февруари 2021 година, https://www.bg.vi.sud.rs/vest/2991/odredjen-pritvor-osumnjicenima-v-belivuk-i-drugi.php. ↩
-
Bojana Nikolić, Iz Spuža na pretres doveli osumnjičene za pokušaj likvidacije Belivuka i Miljkovića, Vijesti, 2 февруари 2021 година, https://www.vijesti.me/vijesti/crna-hronika/508927/iz-spuza-na-pretres-doveli-osumnjicene-za-pokusaj-likvidacije-belivuka-i-miljkovica. ↩
-
Lišena slobode tri državljanina Republike Crne Gore, Ministarstvo unutrašnjih poslova Republike Srpske, 11 февруари 2021 година, https://mup.vladars.net/lat/index.php?vijest=25477&vrsta=novosti. ↩
-
Uhapšeni škaljarci čekali su Radoja Zvicera da se pridruži supruzi Tamari na Jahorini da bi ih ubili, Dnevni avaz, 11 февруари 2021 година, https://avaz.ba/vijesti/crna-hronika/630250/uhapseni-skaljarci-cekali-su-radoja-zvicera-da-se-pridruzi-supruzi-tamari-na-jahorini-da-bi-ih-ubili. ↩
-
Vučić: Građani Srbije, Evropa i svet biće šokirani detaljima istrage protiv organizovanog kriminala, RTS, 27 февруари, https://www.rts.rs/page/stories/sr/story/9/politika/4274742/vucic-kriminal-istraga-.html. ↩
-
Zorka Đukanović, Medijska i politička pozadina obračuna sa organizovanim kriminalom u Srbiji, WDR, 8 март 2021 година, https://www1.wdr.de/radio/cosmo/programm/sendungen/radio-forum/region/krimial-srbija-100.html. ↩
-
Bojana Jovanoić, Vučić izbegao da odgovori na pitanje o vezi Nedića i Belivukove grupe, KRIK, 7 март 2021 година, https://www.krik.rs/vucic-izbegao-da-odgovori-na-pitanje-o-vezi-nedica-i-belivukove-grupe/. ↩
-
Pro-government media is running a campaign accusing KRIK of being aligned with criminals, KRIK, 10 март 2021 година, https://www.krik.rs/en/pro-government-media-is-running-a-campaign-accusing-krik-of-being-aligned-with-criminals/. ↩
-
Andy Heil, Ljudmila Cvetkovic and Nevena Bogdanovic, Drug Wars, Wiretaps, And Hooligans: Serbia’s Gangland Roundup Tests the System, Radio Free Europe, 13 март 2021 година, https://www.rferl.org/a/drug-wars-wiretaps-hooligans-serbian-gangland-partizan/31148874.html. ↩
-
Statement in support of Crime and Corruption Reporting Network KRIK, Global Initiative against Transnational Organized Crime, 10 март 2021 година, https://globalinitiative.net/analysis/statement-support-krik-serbia/. ↩
-
Vučić: Pustite Krik da radi posao, to je demokratija, Cenzolovka, 11 март 2021 година, vucic-pustite-krik-da-radi-posao-to-je-demokratija/. ↩
-
Walter Kemp, Making a killing: What assassinations reveal about the Montenegrin drug war, Global Initiative against Transnational Organized Crime, јули 2020 година, https://globalinitiative.net/wp-content/uploads/2020/07/Making-a-killing-What-assassinations-reveal-about-the-Montenegrin-drug-war.pdf. ↩