Билтен на Ризици Преземете PDF Click here to view the
Global Organized Crime Index

Опсерваторија на Нелегални Економии во Југо-Источна Европа

Број
4
Јануари–Февруари
2021

Резиме на главните точки

  1. Врање, ново криминално жариште.

    Од 2019 година, името на еден град постојано се појавува во извештаите во медиумите и полицијата за трговија со дрога и шверцување мигранти: Врање, во јужна Србија. Гледаме како и зошто Врање стана жариште на организиран криминал.

    Прочитај повеќе

  2. Оружје за банди во Шведска: балканска врска.

    Озлогласената југословенска мафија, „Југо-мафијата“, која доминираше во состојбата со организираниот криминал во Шведска во 90-тите години на минатиот век, веќе одамна ја нема, но Шведска и понатаму го чувствува влијанието на организираниот криминал од Западен Балкан. Во изминатите неколку години, бран на насилство со жртви поврзано со бандите е делумно овозможен со оружје и бомби од Балканот.

    Прочитај повеќе

  3. Коцкање во Северна Македонија.

    Додека Албанија и Косово уште од 2019 година презедоа чекори за укинување на коцкањето во нивните земји поради поврзаноста со организираниот криминал, бројот на електронски казина и обложувалници во Северна Македонија е двојно зголемен. Коцкањето е потенцијално профитабилно, но со себе носи ризици поврзани со зависност, перење пари и потенцијална штета на историските туристички дестинации како што е Охрид.

    Прочитај повеќе

  4. Острови на отпорност: граѓански организации во Западен Балкан.

    Ова се тешки времиња за граѓанските организации (ГО) во Западен Балкан. На многу места, граѓанските организации кои се занимаваат со организиран криминал и корупција се под притисок на владите и загрозени од луѓе вклучени во коруптивна или недозволена активност. Понатаму, кризата со КОВИД-19 им отежнува на граѓанските организации да имаат контакт лице в лице со многу поединци и групи со кои вообичаено работат, како жени, млади, поранешни затвореници или зависници. Истражуваме некои од предизвиците и можностите за зајакнување на отпорноста кон организираниот криминал и корупцијата на Западен Балкан, врз основа на меѓурегионална работилница одржана во средината на декември 2020 година и наодите од претстојниот извештај на Глобалната иницијатива против транснационалниот и организиран криминал (ГИ-ТОК).

    Прочитај повеќе

  5. „Неостарт“, место за втора шанса.

    Во Србија има околу 12.000 затвореници; околу 8.000 од нив секоја година се пуштени од затвор. Сепак, стапката на рецидивизам е помеѓу 60 % и 75 %, што значи дека многумина ќе завршат повторно во затвор. „Неостарт“, центар за превенција на криминал и пост-казнена помош, е невладина организација во Србија којашто го намалува рецидивизмот помагајќи им на поранешните престапници да се реинтегрираат во општеството. Разговараме со директорот Дарјан Вулевиќ за нивната работа, предизвиците и успесите.

    Прочитај повеќе

За ова издание

Среќна Нова година! Добре дојдовте на четвртото издание на Билтенот за ризици изработен од Опсерваторијата на граѓанското општество за борба против организираниот криминал во Југоисточна Европа. Како и во секое издание, разгледуваме одредено жариште на организиран криминал. Овој месец се фокусираме на Врање, град во јужна Србија, којшто неодамна се појави како центар за трговија со дрога и шверцување мигранти.

Во текот на изминатите неколку години, Шведска беше сведок на зголемување на насилството поврзано со банди. Ја испитуваме балканската врска на Шведска, имено шверцување оружје и бомби.

Во изминатите две години Албанија и Косово значително го намалија коцкањето во своите земји, не само поради загриженоста за нивната поврзаност со организираниот криминал и перењето пари. Но, Северна Македонија зазема поинаков пристап, за што сведочи и двојното зголемување на бројот на установи за коцкање од 2019 година. Ги разгледуваме потенцијалните ризици поврзани со оваа политика.

Покрај истакнувањето на ризиците, отпорноста е редовна карактеристика на нашиот Билтен на ризици, особено работата што ја вршат граѓанските организации на Западен Балкан во борба против корупцијата и организираниот криминал. Од 14 до 16 декември 2020 година, ГИ-ТОК обедини повеќе од 50 претставници на невладини организации од шесте земји на Западен Балкан за да разговараат за предизвиците и можностите за зајакнување на отпорноста кон организираниот криминал и корупцијата во регионот. Во ова издание, известуваме за некои од главните точки од оваа дискусија. Повеќе наоди ќе бидат објавени во извештајот под наслов „Посилни заедно: Јакнење на отпорноста на граѓанското општество на Западен Балкан“, којшто ќе биде објавен на почетокот на февруари 2021 година.

Во нашиот месечен профил на граѓански организации кои се занимаваат со прашања поврзани со криминал, разговараме со директорот на „Неостарт“, Дарјан Вулевиќ, за работата на неговата невладина организација за помагање на поранешните затвореници да се реинтегрираат во српското општество.

Секогаш сме заинтересирани за идеи за придонес во Билтенот на ризици и на авторите им нудиме хонорар. Ако имате предлог за приказна или сакате да дадете повратни информации, контактирајте ја almedina.dodic@globalinitiative.net.