Профитирање од пандемијата: КОВИД-19 и корупцијата.

Вториот бран на пандемијата КОВИД-19 го пустоши Западниот Балкан и многу држави се повторно во карантин. Од почетокот на пандемијата во март 2020 година, регионалната мрежа на ГИ-ТОК пријави бројни инциденти во врска со тајни тендерски процеси за набавка на заштитна опрема, тестови за коронавирус, медицински материјали и друга здравствена опрема. Постои сериозна загриженост дека пандемијата овозможи дополнителна можна злоупотреба на државните средства.1

За време на првиот бран беше очигледно дека процесите за јавна набавка низ регионот веќе станаа помалку транспарентни и дека се намалува просторот за известување на граѓанските организации и медиумите за проблемите со корупцијата и организираниот криминал.2 Тој тренд продолжи и за време на вториот бран, со тоа што криминалците и корумпираните службеници брзо ги согледаа можностите, додека граѓаните страдаа.

Некои процеси на јавна набавка не само што ѝ отвораат врати на корупцијата, туку и создаваат ризици по јавното здравје. Во еден ноторен случај во Босна и Херцеговина, висок службеник задолжен за набавка на медицинска опрема беше суспендиран откако вентилаторите коишто беа увезени од Кина од фирма за преработка на малини (за 5,84 милиони американски долари од јавни средства) се покажаа неисправни.3 Од средината на ноември 2020 година ниту еден од вентилаторите не се користи, а и никој не е обвинет. Исто така, има извештаи, на пример од Србија,4 за луѓе коишто купуваат и продаваат негативни PCR тестови во вредност од 30 до 100 евра за да ги олеснат граничните премини.5

Како и во другите делови на светот, потрошувачите во Западен Балкан се ранливи на измамници коишто продаваат фалсификувани лекови и маски, особено преку интернет – ова е ризик што може да се зголеми кога вакцината ќе стане достапна. Постои и страв дека криминалците може да ги злоупотребат државните шеми за компензација на приватните бизниси чијашто цел е да се ублажат економските трошоци од пандемијата.

Фудбалски судија се тестира за КОВИД-19 во Приштина, Косово.

Фудбалски судија се тестира за КОВИД-19 во Приштина, Косово.

Арменд Нимани/АФП преку Гети Имиџис (Armend Nimani/AFP via Getty Images)

Ситуацијата во Косово е симптоматична поради грижите изразени во другите држави во регионот. Во изминатите неколку месеци, јавната критика во Косово беше насочена кон обвинувањата за корупција околу приватните услуги за тестирање и политичкото мешање во фармацевтскиот пазар на земјата.

Загриженоста околу тестирањето е насочена кон лиценцирањето на медицинските лаборатории да извршуваат тестирања, покрај јавните болници. Од август 2020 година првично им беше дозволено на неколку лаборатории да работат;6 меѓутоа, само една беше лиценцирана да извршува PCR (RT-PCR) услуги за тестирање во реално време за да дијагностицира КОВИД-19. На другите лиценцирани лаборатории им беше дозволено да вршат само серолошки тестови (за антитела).7

Според косовските медиуми, единствената лабораторија лиценцирана за вршење RT-PCR тестови е во сопственост на приватна компанија која има блиски врски со владејачките партии и којашто во минатото се обидувала да монополизира одредени услуги, како што е регистрацијата на автомобили.8 Главната поплака на загрижените граѓани е дека оваа компанија наплатува околу 200 евра за брз тест од својата лабораторија, иако тој обично чини околу 65 евра.9 Министерството за здравство беше жестоко критикувано бидејќи ѝ овозможило на компанијата да ја злоупотреби својата позиција како единствен приватен давател на такви услуги за тестирање.10

Со оглед на негативните ефекти од пандемијата врз и онака слабата косовска економија,11 критичарите посочија дека државата требаше да ја спречи приватната компанија да стекне монопол на основна услуга и дека требаше да интервенира да се постават ограничувања на цените за тестирање. Сепак, Министерството за здравство изјави дека „тие не се задолжени за одредување на цените за овие услуги“.12 Како и да е, како одговор на жестоките јавни критики, на почетокот на септември владата додели лиценци на уште две приватни медицински лаборатории кои можат да вршат RT-PCR тестирање, со што се стави крај на монополот.13

Косовската влада исто така се најде на удар од критики поради мешање во фармацевтскиот пазар на штета на населението. Во август 2020 година владата го укина подзаконскиот акт со кој се одредуваа и регулираа цените на медицинските производи за трговија на големо и мало во приватниот сектор.14 Ова предизвика жестока дебата во која Министерот за здравство беше најостро критикуван за одлуката за која луѓето стравуваа дека може да доведе до значително зголемување на цената на основните лекови, како и до складирање и зголемување на цените на медицинските производи поврзани со пандемијата или дури и до создавање на црн пазар.

Навистина, фармацевтската заедница во Косово го етикетираше укинувањето како кривично дело и побара министерот да си даде оставка,15 а косовските опозициски партии рекоа дека овој потег им го отвори патот на мрежите за организиран криминал и корупција кон профитирање од пандемијата.16 Под овој силен притисок, министерот го поништи укинувањето и му нареди на Министерството да го измени сегашниот подзаконски акт за поефективно да се утврдуваат цените на фармацевтските производи.17

Пандемијата ги откри слабостите предизвикани од лошото управување и корупцијата, се заканува да ги влоши и онака ранливите социо-економски и здравствени услови и создаде можности за организиран криминал и корупција. Бидејќи случаите на КОВИД-19 растат по втор пат во земјите од Западен Балкан, лекциите научени од првиот бран мора да се применуваат, особено при следење на процесите на јавни набавки, при обезбедување правични цени и конкуренција и одржување на институционалниот интегритет. Во оваа вонредна ситуација мора да се зголеми контролата врз тоа како се трошат јавните пари. Во спротивно, јавните институции ќе бидат дополнително ослабени од корупцијата.

Забелешки

  1. Fjori Sinoruka, Concern in Albania over String of Secretive COVID-19 Tenders, BIRN, 7 October 2020, https://balkaninsight.com/2020/10/07/concern-in-albania-over-string-of-secretive-covid-19-tenders/; Transparency Serbia, Illegal concealment of medical procurement documents, 7 August 2020, https://transparentnost.org.rs/index.php/en/110-english/naslovna/11565-illegal-concealment-of-medical-procurement-documents

  2. Nikola Cuckic, COVID-19 pandemic as a threat to the rule of law in the Western Balkans, 31 March 2020, https://europeanwesternbalkans.com/2020/03/31/covid-19-pandemic-as-a-threat-to-the-rule-of-law-in-the-western-balkans/

  3. Bosnian official suspended amid probe into import of defective ventilators, Reuters, 12 May 2020, https://www.reuters.com/article/us-health-coronavirus-bosnia-ventilators-idUSKBN22O26R

  4. J A, Lažni PCR testovi od 30 do 100 Evra Grupa falsifikatora izrađivala dokumenta za kriminalce, s početkom epidemije je ‘prešaltali’ na novi biznis, Blic, 20 August 2020, https://www.blic.rs/vesti/hronika/lazni-pcr-testovi-od-30-do-100-evra-grupa-falsifikatora-izradivala-dokumenta-za/m05ezsw

  5. Makedonci tvrde – u Nišu i Vranju se prodaju falsifikovani negativni PCR testovi, N1, 23 June 2020, http://rs.n1info.com/Vesti/a613006/Falsifikovani-negativni-PCR-testovi.html

  6. Republika e Kosovës Ministria e Shëndetësisë, Institucionet Private Shëndetësore të licencuara për testim të Sars-Cov2, 10 August 2020, https://msh.rks-gov.net/institucionet-private-shendetesore-te-licencuara-per-testim-te-sars-cov2/

  7. Nadie Ahmeti, Monopoli me teste për COVID-19, Radio Evropa e Lirë, 31 August 2020, https://www.evropaelire.org/a/kosova-monopol-testet-covid19/30813346.html

  8. Edhe një dhuratë për oligarkët, vajza e Blerim Devollit shpërblehet nga Ministria e Shëndetësisë me licencën për teste PCR të COVID-it, Gazeta Express, 28 August 2020, https://www.gazetaexpress.com/edhe-nje-dhurate-per-oligarket-vajza-e-blerim-devollit-shperblehet-nga-ministria-e-shendetesise-me-licencen-per-teste-pcr-te-covid-it/?fbclid=IwAR34tnKc3HONyZMZbr9Y0GobXRZmRK3gnfT9vArlPAzk5kBscFQeUxE4FLY

  9. Dorentina Thaqi, 200 euro për një test PCR për COVID-19, ata që u testuan thonë se s’patën zgjidhje tjetër, Koha.Net, 30 August 2020, https://www.koha.net/arberi/235311/200-euro-per-nje-test-pcr-per-covid-19-ata-qe-u-testuan-thone-se-spaten-zgjidhje-tjeter/

  10. Nadie Ahmeti, Monopoli me teste për COVID-19, Radio Evropa e Lirë, 31 August 2020, https://www.evropaelire.org/a/kosova-monopol-testet-covid19/30813346.html

  11. World Bank Group, The economic and social impact of COVID-19, Western Balkans regular economic report no.17, Spring 2020, 19–24, http://documents1.worldbank.org/curated/en/457181588085856454/pdf/The-Economic-and-Social-Impact-of-COVID-19-The-Country-Notes.pdf

  12. Dorentina Kastrati, Ministria e Shëndetësisë jep sqarim për çmimet e testeve për COVID-19 nga laboratorët privatë, Kallxo.com, 30 August 2020, https://kallxo.com/lajm/ministria-e-shendetesise-jep-sqarim-per-cmimet-e-testeve-per-covid-19-nga-laboratoret-private/

  13. Drenushë Ramadani, MSh licencon një laborator dhe rilicenson një tjetër për testimin e COVID-19 me PCR, Kallxo.com, 3 September 2020, https://kallxo.com/lajm/msh-licencon-nje-laborator-dhe-rilicenson-nje-tjeter-per-testimin-e-covid-19-me-pcr/

  14. The by-law is Administrative Instruction No. 02/2019 on Regulation of Price of Medicinal Products and Medical Devices, https://msh.rks-gov.net/wp-content/uploads/2019/07/Udhezim-Administrativ-02-2019-P%C3%ABr-rregullimin-e-%C3%A7mimit-te-barnave.pdf

  15. MSH-ja shfuqizon udhëzimin për rregullimin e çmimeve të barnave, Oda e Farmacistëve kërkon shkarkimin e Zemajt, Telegrafi, 4 August 2020, https://telegrafi.com/msh-ja-shfuqizon-udhezimin-per-rregullimin-e-cmimeve-te-barnave-oda-e-farmacisteve-kerkon-shkarkimin-e-zemajt/

  16. PDK: Manipulimi i Zemajt me udhëzimin për çmimin e barnave do t’u kushtojë qytetarëve, Koha.Net, 5 August 2020, https://www.koha.net/arberi/232234/pdk-manipulimi-i-zemajt-me-udhezimin-per-cmimin-e-barnave-do-tu-kushtoje-qytetareve/

  17. Zemaj anulon vendimin e djeshëm për rregullimin e çmimit të barnave, Koha.Net, 5 August 2020, https://www.koha.net/arberi/232228/zemaj-anulon-vendimin-e-djeshem-per-rregullimin-e-cmimit-te-barnave/