Global Organized Crime Index
Опсерваторија на Нелегални Економии во Југо-Источна Европа
Резиме на главни поенти
-
Криминалните групи од Западен Балкан се важни играчи во Холандија.
Организираните криминални групи од Западен Балкан станаа главни играчи во трговијата со кокаин преку холандските пристаништа. Во Холандија, балканските групи исто така се занимаваат со увоз на хероин и оружје, трговија со луѓе, одгледување канабис во затворен простор и извоз на синтетички дроги. Институциите за спроведување на законот немаат доволно ресурси да дадат соодветен одговор и ги немаат потребните знаења да ги идентификуваат балканските криминални мрежи. За справување со проблемот со криминал од Западен Балкан, во Холандија ќе биде потребна зајакната меѓународна соработка, подобри технологии за откривање, повеќе средства за органите за спроведување на законот и построги мерки против активностите за перење пари.
-
Балканските криминални групи ја искористуваат нестабилноста во Еквадор.
Во изминатите неколку месеци, насилството на вооружените банди доведе до нестабилност во Еквадор којашто наликува на граѓанска војна. Дел од ова насилство им се припишува на банди што се поврзуваат со странски криминални чинители, вклучувајќи ги и бандите од Западен Балкан. Во исто време, зголемената нестабилност и фактот што организираниот криминал се најде во центарот на вниманието претставува поголем ризик за некои од овие чинители кои досега можеа да поминуваат релативно неказнето.
-
Кога станува збор за оружје, криминалците и натаму се вртат кон Западен Балкан.
И покрај војната во Украина и големото количество оружје што влегува во земјата, се чини дека за криминалците Западен Балкан сè уште е главна дестинација за набавка на оружје наменето за пазарите во Европа. Во оваа статија се истражуваат најновите трендови во трговијата со оружје на Западен Балкан и се анализира можното влијание на војната во Украина врз криминалниот пазар.
-
Острите мерки на српската полиција го попречуваат криумчарењето мигранти, но до кога?
Помеѓу средината на 2022 и крајот на 2023 година имаше насилни судири помеѓу криумчарите на мигранти што се наоѓаа во близина на границата помеѓу Србија и Унгарија. Кон крајот на 2023 година, српските безбедносни сили започнаа голема акција против криумчарите во пограничниот регион. Наместо да го спречи протокот на мигранти, тоа доведе до нивно раселување, па многумина прибегнаа кон Босна и Херцеговина. Тоа укажува на потребата од поголема регионална соработка, бидејќи острите мерки во една земја едноставно го префрлаат пазарот во друга. Ситуацијата наложува поблиска координација меѓу земјите од Западен Балкан и нивните соседи од ЕУ за да се зголеми безбедноста на мигрантите и да се почитуваат нивните човекови права.