Криминалните групи од Западен Балкан се важни играчи во Холандија.
Од складишта во апартмани, гаражи, бетонски плочи и лажни прегради во автомобили, неодамнешните заплени на кокаин од бандите од Западен Балкан што го искористуваат метежот на холандските пристаништа и ја разнесуваат дрогата низ Европа претставуваат олицетворение на лошата репутација на земјата како епицентар за трговија со дрога.1 Виреењето на трговијата и насилната конкуренција, особено кога станува збор за кокаинот, го поттикнаа првиот човек на холандскиот полициски синдикат да ја карактеризира земјата како нарко-држава во подем.2
Криминалните организации во Холандија што имаат транснационални врски започнаа да играат клучна улога, особено во управувањето со увозот на кокаин од Јужна Америка во Европа.3 Како што објаснува едно лице што е запознаено со албанскиот организиран криминал, „Албанците имаат големо влијание врз трговијата со дрога во Холандија. Имаат воспоставено ефикасни мрежи, како и специјализирани групи што го преземаат кокаинот од пристаништата, а таквата услуга многу се цени во криминалното подземје. Тие главно работат со кокаин, но во помала мера го држат и пазарот со синтетички дроги и производство на канабис.“4 Криминалците поголемиот дел од кокаинот го превезуваат од Еквадор и Колумбија преку пристаништата Ротердам и Флисинген во Холандија и Антверпен во Белгија (види Слика 1).5 „Сè поминува преку Ротердам. Има одлична мрежа за активности, како и одлична транспортна мрежа,“ вели едно лице што е запознаено со српскиот организиран криминал.6 Криминалните групи од Западен Балкан што се директно поврзани со картелите во Јужна Америка управуваат со приближно една третина од целиот кокаин што се увезува во Европа и ги користат овие мрежи.7
Извор: Види ја фуснотата8
Освен со трговија со кокаин, криминалните групи од Западен Балкан исто така се занимаваат со увоз на хероин и оружје, трговија со луѓе, одгледување канабис во затворен простор и извоз на синтетички дроги.
Холандското потекло на синтетичките дроги на Западен Балкан
Нелегалните супстанции како МДМА (екстазите), амфетаминот и метамфетаминот се произведуваат во Холандија (особено во покраините Северен Брабант и Лимбург9) и се извезуваат низ цела Европа, вклучувајќи и во Западен Балкан.10 На пример, во Србија, најголемиот дел од амфетаминот на пазарот доаѓа од Холандија.11 Прекурсорите се увезуваат од Кина, а мексиканските производители („готвачи“) на дрога исто така играат улога во трговијата.12 Според информациите, производството се зголемило во 2023 година. Еден виш полициски службеник од холандската полиција вели дека дошло до „фабричко производство на наркотици“.13 Во Јужна Америка, каде побарувачката за синтетички дроги е во подем, сè почесто се користат екстази наместо кокаин.14
Зошто Холандија е толку привлечна за криминалните групи?
Холандија има неколку предности за криминалците од Западен Балкан, како што е нејзината географска локација, инфраструктурата и трговската позиција.15 Во исто време, земјата има „одлично правосудство, особено кога станува збор за човековите права и правото на одбрана, како и либерален пристап кон дрогата и казните за овие кривични дела. Доволно е само да го дадеме како пример договорот со Гачанин,“ вели едно лице што е добро запознаено со српскиот организиран криминал, алудирајќи на благата казна за Един Гачанин, познатиот дилер на дрога.16 Иако е релативно мала, Холандија е земја со најразвиен поморски товарен транспорт во Европа и глобален трговски центар.17 Нејзиното најголемо пристаниште, Ротердам, е десетти најголем контејнерски терминал во светот: околу 467 милиони тони товар годишно влегуваат само преку пристаништето Ротердам.18
Карактеристиките на холандската инфраструктура што се привлечни за нелегалните компании се привлечни и за криминалните чинители. Исто така, поради големиот обем на трговија, не е лесно да се откријат шверцувани стоки во илјадниците контејнери. Според последните расположливи податоци, Холандија во 2022 година имала обрт од повеќе од 14,7 милиони контејнери (види Слика 2), од кои биле скенирани само околу десетина илјади.19
Извор: Евростат
Холандските царински власти не сакаа да го откријат бројот на скенирани контејнери, затоа што истрагата е во тек. Меѓутоа, во 2022 година, весникот De Volkskrant изјави дека биле скенирани 55 000 контејнери.20 Беше направена физичка проверка на само 467 контејнери од страна на тимот на Hit and Run Cargo како резултат на соработката помеѓу царинската управа, даночната управа, пристанишната полиција и обвинителството.21 Корупцијата помеѓу вработените на пристаништето и на скенерот е друг проблем, затоа што овозможува поволна средина за криумчарење дрога.22
Тие честопати ја кријат дрогата во пратки со овошје: на пример, во 2023 година, холандската царинска управа пресретна пратка со кокаин од 90 милиони евра што беше скриена во контејнер со банани од Еквадор.23 Според полицијата, пак, трговијата е во подем: во 2023 година биле пресретнати вкупно 176 000 килограми кокаин.24
Криминалците се служат со разни методи за да ја избегнат контролата од страна на холандските власти. „Првиот метод е т.н. метод на префрлање, кога криминалците ја префрлаат дрогата од еден во друг контејнер за да избегнат контрола,“ вели еден виш службеник вработен во тимот на Hit and Run Cargo на пристаништето Ротердам. „Тоа обично се прави со контејнери со овошје или други свежи производи од Централна Америка, каде ќесињата со дрога се товарат уште на самото пристаништето од кое се тргнува. Честопати, поради ограничениот рок на траење на производите, овие видови на контејнери мора брзо да поминат на царина, што значи дека криминалците немаат многу време на располагање да ја преместат дрогата во друг контејнер; по можност, во контејнер со потекло од и дестинација во Европа, затоа што, во принцип, тие контејнери не се проверуваат“.
Криминалните организации честопати ангажираат и малолетници - познати како нинџи или растурачи - за да го извадат кокаинот од контејнерите на пристаништата, особено затоа што казните затвор за малолетни лица се релативно мали. „Пред извесно време имав еден предмет со четири млади момчиња што беа затекнати во контејнер со 800 килограми кокаин. Им беше изречена безусловна казна затвор во времетраење од само две години. За 800 килограми!“, изјави вишиот полициски службеник од холандската полиција за Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-‑ТОК).25
Финансискиот систем во Холандија игра клучна улога во нелегалната економија и им овозможува на криминалците да ја олеснат трговијата и паричните текови.26 Благодарение на развиениот финансиски сектор и многуте неформални можности за прикривање и пренос на средства, криминалците можат лесно да ги исперат парите.27 Амстердам, на пример, е центар на европскиот систем Хавала, неформален систем за трансфер на пари за кој не мора да се води евиденција, што значи дека не остава траги.28 Се проценува дека трансферите на Хавала во Амстердам вредат повеќе од 10 милијарди евра годишно, а според сознанијата на холандската полиција, криминалците и терористичките движења интензивно ги користат тие трансфери.29 Исто така, има можност за перење пари на пазарот со недвижнини во Амстердам.30
Поради сите овие фактори, холандските градови како Амстердам, Ротердам, а донекаде и Утрехт, служат како физичко збирно место за чинителите на меѓународниот пазар со дрога. Според истражувачите, Амстердам сега е на „слична позиција на пазарот“ како градови од типот на Дубаи, Медељин, Њујорк и Мајами, каде што се одредува побарувачката, се водат преговори и се плаќа за превезување на дрогата.31
Групи од Западен Балкан што оперираат во Холандија
Во рамките на трговијата со кокаин помеѓу Холандија и Западен Балкан доминираат албански криминални групи и криминални групи од босанско-хрватско-црногорско-српско говорно подрачје коишто го контролираат дилањето, разнесувањето на дрогата на средно ниво, како и трговијата со големи размери, честопати во соработка со холандските криминалци.32
Криминалците од Албанија, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина соработуваат со холандските криминалци и набавуваат дрога преку пристаништата и аеродромите во Холандија.33 Покрај тоа што тргуваат со кокаин, тие исто така криумчарат синтетички дроги и тргуваат со жени што ги принудуваат да работат во легализираните делови од квартот на црвените фенери, вклучувајќи го и популарниот округ Де Вален во Амстердам.34
Според еден виш полициски службеник, балканските групи тргуваат и со оружје. Холандската полиција честопати пресретнува „мали автобуси преполни со огнено оружје“ кои главно доаѓаат од Албанија, Србија и Црна Гора.35 Поранешната југословенска дијаспора ја координира трговијата во Антверпен, Ротердам и Луксембург.36 Воедно, во последните шест години, криминалните мрежи од Западен Балкан почнаа да користат деловен модел којшто се фокусира на одгледување канабис во затворен простор во ЕУ.37 Криминалните групи нелегално одгледуваат канабис во Холандија или ангажираат холандски експерти за одгледување канабис.38
„Тие се распространети низ Холандија“, вели вишиот портпарол на холандската полиција за криминалните групи од Западен Балкан. „Многу се активни и агресивни. Не само што го преземаат кокаинот од пристаништата како Ротердам и го транспортираат низ Европа, туку и држат места за производство и складирање на дрогата. Познато е дека балканските криминалци од криминални агенции за недвижности изнајмуваат таканаречени напуштени куќи во летувалиштата во јужниот дел од Холандија.“ Другите криминалци од Балканот доаѓаат само „за да го земат кокаинот од пристаништето или да ликвидираат некого, а потоа веднаш се враќаат дома“.39
Недоволни познавања на холандската полиција за криминалните групи од Западен Балкан
Наводно, холандските полициски службеници честопати погрешно го утврдуваат потеклото на криминалците од Западен Балкан. Босанците, Црногорците и Србите честопати погрешно се идентификуваат или се групираат заедно, па дури и се мешаат со Албанците. Според вишиот портпарол на полицијата, „многу малку се знае за Балканот“,40 па поради тоа, повеќето извори на полицијата ги ословуваат како „групи со потекло од Балканот“ или, пак, го користат навредливиот назив „Југо“ за да ги опишат балканските криминалци. Тоа непознавање влијае врз капацитетите на полициските службеници да се справат со проблемот и ја влошува ситуацијата, имајќи го предвид големиот недостиг на вработени во холандската полиција. Има само двајца офицери за врски во холандската полиција што се назначени за Балканот, што доведува до спроведување „операции со минимален буџет“.41
Криминалните организации Кавач и Шкаљари – групи кои оперираат во неколку балкански земји – ги користат пристаништата како Ротердам за нелегален транспорт на наркотици.42 Словенечкиот огранок на криминалната организација Кавач, на пример, тргува со дрога (канабис и кокаин) од Холандија во Словенија.43
Тепачките помеѓу клановите Кавач и Шкаљари во минатото доведоа до насилство во холандските градови.44 На пример, во 2018 година, еден српски државјанин беше убиен, а друг беше ранет во пицерија во Амстердам-Запад.45 Српската полиција утврди дека едното лице што беше рането и преживеа било член на бандата Бар-Будва во Србија, која се поврзува со кланот Шкаљари.46
Други криминалци од Србија и Црна Гора исто така увезуваат кокаин од Колумбија, Бразил и Еквадор преку холандските пристаништа. Наводно, српските криминалци ангажираат холандски и белгиски „брокери“ што ја преземаат дрогата од пристаништата и тргуваат со неа во комбинација со други супстанции.47 Црногорците наводно им помагале на рибарите од холандскиот град Урк да криумчарат кокаин на рибарските бродови на отворени води.48
Според информациите, албанските организирани криминални групи се во тесна соработка и со холандските, италијанските и мароканските криминални организации и се смета дека играат клучна улога во подземјето во Амстердам и Ротердам.49 „Албанските групи започнаа од најниското скалило, а сега веќе се искачија нагоре“, потврдува искусен холандски репортер за криминал. Тие вршат операции за трговија со кокаин од Холандија преку Италија и Албанија, па сè до Балканот, и држат лаборатории за кокаин во големите градови како Хаг.50
Според полицијата, бројот на албанските банди во трговијата со канабис во Холандија се зголеми по воведувањето на острите мерки против одгледување канабис во Албанија во периодот од 2013 до 2019 година.51 Албанските криминалци одгледуваат насади со канабис во станбени простори во покраината Лимбург,52 но, оваа дејност е попрофитабилна во Шпанија и Обединетото Кралство отколку во Холандија. Тие исто така се занимаваат со перење пари и трговија со луѓе.53 Албански банди исто така оперираат и во Еквадор, еден од главните извори на кокаин за Холандија.54
Босанските криминалци исто така се етаблираа во холандската трговија со дрога. Се верува дека холандско-босанскиот државјанин Един Гачанин, по потекло од Сараево, го координирал транспортот на огромни пратки со кокаин од Јужна Америка во Европа од неговиот дом во Холандија. Неговата банда - кланот Тито и Дино - има регистрирано многу компании во Холандија, Словенија, Шпанија и Босна и Херцеговина за да ги пере парите од дрогата.55 Гачанин се поврзува со холандско-мароканската мафија.56 Беше уапсен во Дубаи во ноември 2022 година, од каде, наводно, склучил договор со холандски обвинител во кој признал дека е виновен, во замена за седумгодишна казна затвор во Холандија и парична казна од 1 милион американски долари.57
Друг босанско-холандски државјанин што наводно се поврзува со холандско-мароканската мафија беше уапсен врз основа на барањето за екстрадиција од Холандија во 2022 година под сомнение дека тргувал со кокаин. Тој, наводно, се криел во Црна Гора (земја со која холандските власти немаат склучено договор за екстрадиција) и бил предаден на властите кога ја посетил Србија.58 Полициските службеници велат дека Борис П, алиас Пикасо, добивал наредби од Ридуан Таги - наркобосот од холандско-мароканската мафија којшто беше осуден на доживотна казна затвор во февруари поради низа убиства - од неговата затворска ќелија во Вухт.59 Борис П ги негира сите обвинувања.60
Исто така, групи од Северна Македонија ги користат холандските пристаништа за транспорт на кокаин.61 Во јануари 2024 година беа уапсени членови на македонска криминална група поради тоа што биле вмешани во транспортот на 435 килограми кокаин од Бразил до белгиското пристаниште Антверпен и на 106 килограми од Перу до Ротердам.62
Операции на органите за спроведување на законот
Органите за спроведување на законот вложуваат поголеми напори за разбивање на мрежите на организиран криминал во Холандија преку зголемена меѓународна соработка и ангажирање италијански истражители против мафијата.63 Еден холандски нуркачки тим од царинската управа работи во пристаништето Антверпен во Белгија, а двете земји соработуваат со службеници од Латинска Америка.64 Холандија и Еквадор склучија царински договор за сузбивање на трговијата со дрога од пристаништата во Латинска Америка.65 Како резултат на тоа, холандската царинска управа заплени околу 11 000 килограми кокаин повеќе во 2023 година отколку во претходната година.66
Во последниве години, органите за спроведување на законот во Западен Балкан, Холандија и Белгија – во партнерство со Европравда и Европол – имаа значајно достигнување: ја разбија Sky ECC, шифрираната алатка за допишување што им беше омилена на криминалците.67 Според портпаролот на Европол, агенцијата воспостави „оперативна работна група… што се состои од 11 земји кои конкретно се фокусираат на организираниот криминал од Западен Балкан. Над 40 истраги се спроведуваат во рамките на оваа оперативна работна група“.68 Овие дополнителни заложби низ Европа доведоа до неколку апсења во Холандија и на Балканот.
Во февруари 2024 година, 59 лица во Албанија, Италија, Германија и Обединетото Кралство беа уапсени за криумчарење хероин, кокаин, хашиш и канабис од Албанија и Холандија до Шпанија и Германија. Европол соопшти дека мрежата се служела со автомобили што имале бункер со дупло дно и тајни прегради.69
Во 2023 година, Европол спроведе меѓународна операција во која беше разбиена најголемата криминална организација за криумчарење кокаин во балканскиот регион, при што неколку нарко-босови беа уапсени во Белград.70 Оваа криминална група криумчареше дрога од Колумбија, Бразил, Еквадор и Аруба и беше позната по насилството и вмешаноста во големи грабежи.71 Беа спроведени координирани рации во Србија, Холандија и Белгија, а полицијата заплени луксузни автомобили, накит, експлозиви и оружје, како и снајперски пушки, автоматски пушки и муниција.72
Истата година, полицијата во Ротердам пронајде кокаин во една гаража. Заплената доведе до полициски акции во Хрватска, Германија, Италија, Белгија, Словенија и Босна и Херцеговина. Според хрватската полиција, Холандија се користела како транзитен центар за дрогата од Турција и Црна Гора, којашто се увезувала во Холандија пред да се разреди и да се транспортира низ Европа. Полицијата заплени митралези, лажни документи за идентификација и полициски униформи.73 Исто така, во 2023 година, германската, италијанската и холандската полиција уапси 35 Албанци што биле вмешани во трговијата со кокаин и канабис од Јужна Америка во ЕУ во големи размери.74 Во 2022 година, Европравда уапси седум членови на српската мрежа за трговија со дрога во Белгија, Луксембург, Холандија и Србија – беа запленети 115 килограми кокаин скриени во бетонски плочи.75
Во 2020 година, полицијата во Ротердам уапси двајца албански криминалци што скриле 300 килограми кокаин (во вредност од околу 45 милиони евра) во нивниот стан.76 Во 2019 година, холандскиот државјанин Пјер С. беше осуден на 17-годишна казна затвор по неговото апсење во рамките на операцијата Таксус.77 Неговата организација соработувала со корумпирани цариници и ги поткупувала вработените на пристаништето за да извезува дрога на Балканот.78 Во 2019 година, властите во американскиот град Филаделфија запленија 20 тони кокаин од контејнерски брод што бил упатен кон Ротердам и уапсија неколку црногорски членови на екипажот.79
Неодамнешните полициски акции покажуваат дека криминалците од Балканот што оперираат на меѓународната сцена ги користат холандските пристаништа како влезни точки за нивните нелегални активности и ги користат финансиските системи во земјата за да ги исперат нелегално стекнатите приходи. Меѓутоа, органите за спроведување на законот немаат доволно ресурси да дадат соодветен одговор и ги немаат потребните знаења да ги идентификуваат балканските криминални мрежи. Наводно, криминалците од Западен Балкан сочинуваат само 2 % од затворската популација во Холандија (види Слика 3) , со поголема застапеност на затвореници од Албанија и Србија во 2023 година.80
Националност | 2023 | 2022 | 2021 | 2020 | 2019 | 2018 | 2017 | 2016 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Албанија | 55 | 64 | 59 | 74 | 86 | 97 | 84 | 84 | 51 |
Босна и Херцеговина | 13 | 13 | 14 | 17 | 20 | 22 | 20 | 22 | 23 |
Косово | <5 | <5 | <5 | <5 | <5 | <5 | 5 | 7 | 6 |
Црна Гора | <5 | <5 | <5 | <5 | <5 | <5 | <5 | <5 | 5 |
Северна Македонија | <5 | <5 | <5 | <5 | <5 | <5 | <5 | <5 | 5 |
Србија | 14 | 12 | 8 | 15 | 19 | 17 | 19 | 23 | 21 |
Извор: Министерството за правда и безбедност на Холандија
За ефикасно справување со проблемот со криминал од Западен Балкан во Холандија ќе биде потребна зајакната меѓународна соработка, подобри технологии за разоткривање, повеќе средства за органите за спроведување на законот и построги мерки против активностите за перење пари. Имајќи го предвид огромниот број контејнери што влегуваат во Холандија, неизводливо е да се вршат темелни проверки. Токму затоа е пресудно да се подобрат техниките за процена на ризикот и за откривање на контејнерите со висок ризик. Во исто време, потребно е да се осмислат конкретни мерки и да почнат да се спроведуваат политики што имаат за цел да ја намалат побарувачката на дрога.
Забелешки
-
GI-TOC, Global Organized Crime Index 2023: The Netherlands; UNODC и Europol, Cocaine insights 1, декември 2021 година; UNODC, Global report on cocaine 2023. ↩
-
Daniel Boffey, Netherlands becoming a narco-state, warn Dutch police, The Guardian, 20 февруари 2018 година. ↩
-
UNODC, Global report on cocaine 2023. ↩
-
Интервју со едно лице што е запознаено со начинот на работа на албанските криминалци во Холандија, Тирана, април 2024 година. ↩
-
Мнозинството од дрогата што стигнува до Антверпен, Белгија, главно е за организации што работат во Холандија. Оттаму, кокаинот се разнесува на други дестинации во Европа. Меѓутоа, овие криминални групи се во тесна соработка со групите во Холандија, а честопати ги поврзуваат и роднинските врски. Види UNODC и Europol, Cocaine insights 1, декември 2021 година. ↩
-
Интервју со едно лице што е запознаено со начинот на работа на српскиот организиран криминал во Холандија, април 2024 година, преку телефон. ↩
-
Simon Piel и Thomas Saintourens, The Serbian mafia’s ‘house of horror’, Le Monde, 20 мај 2022 година. ↩
-
Phillip Pergens, Grootste drugskartel van de Balkan, gelinkt aan vondst van 1,2 ton cocaïne in Hasselt, opgerold, Het Belang Van Limburg, 12 мај 2023 година; Europol, 37 arrested as violent Balkan criminal cell is taken down, 25 мај 2023 година; UNODC, Global report on cocaine 2023; 37 arrestaties bij internationale actie tegen drugs- en wapenbende, NOS, 26 мај 2023 година, Интервју со виш полициски службеник од холандската полиција, февруари 2024 година, преку телефон; European Monitoring Centre for Drugs and Drug Addiction (EMCDDA), Cannabis cultivation and trafficking in the Western Balkans, декември 2022 година; Kars de Bruijne, De Nederlandse sleutelrol in de geglobaliseerde drugshandel en productie, Clingendael, јануари 2021 година; EMCDDA и Europol, EU Drug Markets Report 2019, стр. 129; H Ferwerda, J Wolsink и I van Leiden, De lading van vuurwapens: Een onderzoek naar de impact van illegale vuurwapens in Nederland, Politiekunde, 2020 година. ↩
-
EMCDDA, European drug report 2019. ↩
-
Pieter Tops и сор., The Netherlands and Synthetic Drugs: An Inconvenient Truth, Eleven International Publishing, 2018 година. ↩
-
EMCDDA, Serbia national drug situation overview 2022; Ingrid Gerkama, Droga se kuva u sve većim kazanima, Vreme, 8 јануари 2024 година. ↩
-
Valentina Pop, Mexican cartels are now cooking Chinese chemicals in Dutch meth labs, The Wall Street Journal, 8 декември 2020 година. ↩
-
37 arrestaties bij internationale actie tegen drugs- en wapenbende, NOS, 26 мај 2023 година; Интервју со виш полициски службеник од холандската полиција, јануари 2024 година, преку телефон. ↩
-
UNODC, Global report on cocaine 2023. ↩
-
Интервју со едно лице што е запознаено со начинот на работа на српскиот организиран криминал во Холандија, април 2024 година, преку телефон. Един Гачанин, познат дилер на дрога, направи спогодување за вина со обвинителството во Холандија во 2023 година и беше осуден на седумгодишна казна затвор за криумчарење 2,4 тони кокаин. ↩
-
Eurostat, Maritime freight and vessels statistics, ноември 2023 година. ↩
-
World Shipping Council, The top 50 container ports. Напомена: рангирањето се врши врз основа на статистиките од 2019 година; Port of Rotterdam, Throughput at the Port of Rotterdam, 2023 година; и Facts and figures. ↩
-
Интервју со службеник на холандската царинска управа, февруари 2024 година, преку телефон. Според податоците од 2017 година, се прави проверка на само 0,5 % од сите контејнери во пристаништето Ротердам. Види Kars de Bruijne, De Nederlandse sleutelrol in de geglobaliseerde drugshandel en productie, Clingendael, јануари 2021 година. ↩
-
Noël van Bemmel, 100 procent controle in Rotterdamse haven: ‘Het is symboolpolitiek’, De Volkskrant, 18 февруари 2022 година ↩
-
Openbaar Ministerie, HARC-team onderschept bijna 47000 kilo cocaïne in 2022, 10 јануари 2023 година. ↩
-
Isabel Baneke, Hardnekkig probleem in de Rotterdamse haven: de smokkelaars die drugs uit containers veiligstellen, Trouw, 1 февруари 2021 година; Jeremy McDermott и сор., The cocaine pipeline to Europe, GI-TOC и InSight Crime, февруари 2021 година. ↩
-
Over 1,700 kilograms of cocaine found in banana and jelly shipments, NL Times, 22 декември 2023 година. ↩
-
Kars de Bruijne, De Nederlandse sleutelrol in de geglobaliseerde drugshandel en productie, Clingendael, јануари 2021 година. ↩
-
Интервју со виш претставник од тимот на Hit and Run Cargo за холандската полиција, февруари 2024 година, преку телефон. ↩
-
Ibid. ↩
-
Inte Gloerich и сор., Flying money 2018: Investigating illicit financial flows in the city, Institute of Network Cultures, 2018 година; Victor D van Santvoord и Teun van Ruitenburg, Financial crime scripting: Introducing a financial perspective to the Dutch cocaine trade, The Police Journal, 96, 3 (2023 година), стр. 374–389. ↩
-
Kars de Bruijne, De Nederlandse sleutelrol in de geglobaliseerde drugshandel en productie, Clingendael, јануари 2021 година. ↩
-
Nederland tegen georganiseerde misdaad, Gemeente en vastgoedbelegger bestrijden samen crimineel woningmisbruik, 28 септември 2022 година. ↩
-
Kars de Bruijne, De Nederlandse sleutelrol in de geglobaliseerde drugshandel en productie, Clingendael, јануари 2021 година, ↩
-
UNODC, Global report on cocaine 2023. ↩
-
Интервју со виш полициски службеник од холандската полиција, февруари 2024 година, преку телефон; Интервју со репортер за криминал од Холандија, февруари 2024 година, преку телефон. ↩
-
GI-TOC, Global Organized Crime Index 2023: Netherlands; Netherlands among worst nations for human trafficking, but number of reports declining, NL Times, 18 октомври 2022 година. ↩
-
Интервју со виш полициски службеник од холандската полиција, февруари 2024 година, преку телефон. ↩
-
Europol, 382 arrests during joint actions against traffickers using the Balkan route, 4 ноември 2022 година. ↩
-
EMCDDA и Europol, EU drug market: cannabis — criminal networks, ноември 2023 година. ↩
-
David Weinberger и сор., Illegal cannabis cultivation in Europe: new developments, EchoGéo, 48, 2019 година. ↩
-
Интервју со портпаролот на холандската полиција, јануари 2024 година, преку телефон. ↩
-
Интервју со виш полициски службеник од холандската полиција, февруари 2024 година, преку телефон. ↩
-
Ibid. ↩
-
Ibid. ↩
-
Indictments filed against 24 Slovenian members of Kavač clan, Total Slovenia News, 4 ноември 2021 година. ↩
-
Bojana Jovanović, Stevan Dojčinović и Svetlana Đokić, Bad blood: A war between Montenegrin cocaine clans engulfs the Balkans, OCCRP, 5 мај 2020 година. ↩
-
Maarten van Dun, Liquidatie leidde naar miljoenen van Servische bende, Het Parool, 10 октомври 2018 година. ↩
-
‘Vete tussen Montenegrijnse drugsclans achter Amsterdamse moordaanslag’, Crimesite, 5 мај 2020 година; Andrej Mlakar, Škaljari i Kavčani: Zbog dva sela, gori Evropa cela, Nova, 28 мај 2020 година. ↩
-
Patrick Lefelon, Gegijzelde Mohamed Azzaoui stuurt videoboodschap om onschuld te bewijzen: ‘King en Smiley hebben 1.000 kg cocaïne gestolen’, PZC, 3 март 2023 година. ↩
-
‘Vete tussen Montenegrijnse drugsclans achter Amsterdamse moordaanslag’, Crimesite, 5 мај 2020 година. ↩
-
Alban Dafa и Wouter Zweers, Together or alone? The need for increased Albanian-Dutch cooperation to fight transnational organised crime, Clingendael, август 2020 година; Observatory of Illicit Economies in South Eastern Europe, Albanian organized crime groups have become key players in Italy’s criminal landscape, prompting targeted operations from authorities, Risk Bulletin, Issue 15, GI-TOC, мај 2023 година; ‘Criminele Albanezen zijn dé opkomende groep in de drugshandel’, NOS, 8 ноември 2017 година, https://nos.nl/nieuwsuur/artikel/2201870-criminele-albanezen-zijn-de-opkomende-groep-in-de-drugshandel. ↩
-
UNODC, Global report on cocaine 2023, https://www.unodc.org/documents/data-and-analysis/cocaine/Global_cocaine_report_2023.pdf; Eurojust, Strike against an Albanian drug trafficking network in Germany, Italy and the Netherlands, 23 јуни 2023 година; Eric Oosterom, Albanezen die in hun onderbroek naast 300 kilo coke sliepen, moeten vijf jaar naar de gevangenis, AD, 26 април 2021 година; Openbaar Ministerie, Albanese bende runde twee cocaïnelabs in Den Haag, 2 јули 2020 година. ↩
-
EMCDDA и Europol, EU drug market: cannabis - criminal networks, ноември 2023 година. ↩
-
Remco Andringa, Hoe Albanese criminelen ongemerkt in de Limburgse wiethandel stapten, NOS, 21 мај 2019 година. ↩
-
Ibid. ↩
-
Ontsnapte drugsbaas en grof geweld: vier vragen over de onrust in Ecuador, NOS, 10 јануари 2024 година. ↩
-
Zdravko Ljubas, U.S. sanctions narco boss from Bosnia and Herzegovina, OCCRP, 20 март 2023 година. ↩
-
EMRI/ Shqiptari KREU i bandës ‘TITO dhe DINO’ i arrestuar në Dubai, arrin marrëveshjen me holandezët!, VOX News, 11 декември 2023 година; Jan Meeus, Uitlevering aan Bosnië? ‘Mijn kop gaat eraf als dat gebeurt’, zegt de emotionele drugsverdachte, NRC, 12 февруари 2024 година. Сè уште не е јасно колку се далекусежни врските помеѓу мароканско-холандските групи и кланот Тито и Дино на Гачанин. ↩
-
Edin Gacanin gets seven years in prison for smuggling 2.4 tons of cocaine, Sarajevo Times, 8 декември 2023 година. ↩
-
Joris Peters, Aan Taghi gelinkte Boris P. stond in contact met wereldwijd gezochte ‘Bolle Jos’, NU, 2 август 2023 година; Paul Vugts, Van drugssmokkel verdachte Boris P. ontkent band met criminele kopstukken, Het Parool, 2 август 2023 година. ↩
-
Ibid. ↩
-
Ibid. ↩
-
Sinisa Jakov Marusic, North Macedonia busts cocaine smuggling gang linked to murders, Balkan Insight, 26 јануари 2024 година. ↩
-
Ibid. ↩
-
Daniel Boffey, Netherlands becoming a narco-state, warn Dutch police, The Guardian, 20 февруари 2018 година; Government of the Netherlands, Ministers Yeşilgöz-Zegerius and Weerwind pay working visit to Italy, 8 јуни 2022 година. ↩
-
Government of the Netherlands, Cocaine seizures by Customs see sharp rise in 2023, 17 јануари 2024 година. ↩
-
Government of the Netherlands, International efforts to combat organized crime intensified, 28 септември 2023 година. ↩
-
Government of the Netherlands, Cocaine seizures by Customs see sharp rise in 2023, 17 јануари 2024 година. ↩
-
Europol, New major interventions to block encrypted communications of criminal networks, 10 март 2021 година. ↩
-
Интервју со портпаролот на Европол, февруари 2024 година, преку телефон; потврдено и преку е-пошта на 6 февруари 2024 година. Со оглед на тоа што истрагата е во тек, не е можно да се споделат повеќе детали. ↩
-
Zdravko Ljubas, Massive drug network dismantled from Albania to Germany, OCCRP, 8 февруари 2024 година. ↩
-
Europol, Balkans’ biggest drug lords arrested after investigation into encrypted phones, 12 мај 2023 година. ↩
-
Phillip Pergens, Grootste drugskartel van de Balkan, gelinkt aan vondst van 1,2 ton cocaïne in Hasselt, opgerold, Het Belang Van Limburg, 12 мај 2023 година; Europol, 37 arrested as violent Balkan criminal cell is taken down, 25 мај 2023 година. ↩
-
Ibid. ↩
-
37 arrestaties bij internationale actie tegen drugs- en wapenbende, NOS, 26 мај 2023 година. ↩
-
Ibid. ↩
-
Eurojust, Serbian-led drug smuggling network halted in Belgium, Luxembourg and Netherlands, 2 декември 2022 година. ↩
-
Eric Oosterom, Albanezen die in hun onderbroek naast 300 kilo coke sliepen, moeten vijf jaar naar de gevangenis, AD, 26 април 2021 година. ↩
-
Court of Justice (The Hague), Lange celstraffen in megastrafzaak Taxus over internationale drugshandel, 12 октомври 2023 година. ↩
-
Ibid. ↩
-
Aleksandra Jovanović и Velimir Rakočević, The connections among drug trafficking, money laundering, and aggravated murder – A case study of Montenegro, Revija za kriminalistiko in kriminologijo, 72, 4 (2021 година), 350–363. ↩
-
Податоците се доставени од страна на Министерството за правда и безбедност на Холандија. ↩