Билтен на Ризици Преземете PDF Click here to view the
Global Organized Crime Index

Опсерваторија на Нелегални Економии во Југо-Источна Европа

Број
2
Окт–Hое
2020

Резиме

  1. Разбиена албанска кокаинска мрежа управувана од затвор во Еквадор

    На 17 септември, Европол објави информација за голема меѓународна операција во која била растурена една од најактивните албански мрежи за трговија со кокаин во Европа. Албанските медиуми шпекулираат дека водачот е познат 40-годишен албански криминалец. Интересно, тој e во затвор во Еквадор во последните шест години. Овој случај го покажува досегот на криминалните групи од Западен Балкан и слабоста на правните системи во Латинска Америка, што им овозможува на балканските криминалци да дејствуваат таму – дури и од затвор.

    Прочитај повеќе

  2. Нелегалното оружје на Западен Балкан: закана за Европа

    Југоисточна Европа е преплавена со оружје, особено она што остана од војните во поранешна Југославија. Некои земји во регионот сè уште произведуваат оружје. Во Западна Европа постои загриженост дека огненото оружје, гранатите и експлозивите од Југоисточна Европа се користат при акти на насилство предизвикани од банди, екстремисти и од терористи. Во овој напис се разгледуваат обемот и природата на заканата, како и обидот за нејзино решавање преку Берлинскиот процес.

    Прочитај повеќе

  3. Организираниот криминал од родов аспект

    Организираниот криминал обично се смета за машки свет. Малку се знае за улогата на жените како жртви или сторители на кривични дела. Ова прашање привлекува малку внимание на Западен Балкан, но сепак во регионот постојат јасни врски помеѓу криминалот и машкоста. Овој напис го разработува организираниот криминал на Западен Балкан од родов аспект за да се сфатат подобро неформалните правила што ги обликуваат различните улоги за мажите и жените и за да се потенцира што може да се стори со цел да се осмислат контрамерки за промена на ставовите, претставите и однесувањето.

    Прочитај повеќе

  4. Фишинг во Северна Македонија

    Хакерите од Северна Македонија стекнаа озлогласена репутација, од креирање лажни вести за време на последните избори во САД до извршување несразмерен број кривични дела од областа на компјутерскиот криминал. Во последно време, се чини дека компјутерскиот криминал има сè поголемо влијание врз приватниот сектор во Северна Македонија, особено како резултат на техниката позната како „фишинг“, која се користи за кражба на податоци или за вршење измами. Оваа статија објаснува како функционира сето тоа и неговото влијание.

    Прочитај повеќе

  5. За разбивањето на силосите и „недопирливите“: мрежата Балканска криминологија

    Во нашиот месечен фокус врз отпорот, д-р Ана-Марија Гетош Калач, основач и копретседавач на Балканска криминологија и вонреден професор на Правниот факултет при Универзитетот во Загреб, зборува за разбивање на силосите меѓу академската фела, граѓанското општество, медиумите и актерите во кривичноправните системи на Западен Балкан, како и за заканата што ја претставуваат „недопирливите“ и улогата на академската заедница во борбата против корупцијата.

    Прочитај повеќе

За овој број

Ви благодариме за позитивните повратни информации за бројот 1 од Билтенот на ризици, изработен од Опсерваторијата за граѓанско општество за сузбивање на организираниот криминал во Југоисточна Европа. Ги цениме вашите коментари и ги поздравуваме вашите предлози за приказни и теми што треба да ги обработиме.

Во овој број, разгледуваме неодамнешен случај што излезе на виделина во врска со албанска мрежа за трговија со кокаин што дејствува надвор од Еквадор. Ова го илустрира трендот што Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал (GI-TOC) го истакна во извештајот од јули 2020 година, „Транснационални пипала: Глобални жаришта на организираниот криминал од Западен Балкан“, кој покажа како криминалните групи од Западен Балкан се активни во неколку криминални жаришта низ целиот свет. Она што, исто така, е интересно во врска со овој случај е тоа што наводниот „шеф“ координирал операции за трговија со дрога од затвор во Еквадор.

Претставуваме приказна за шверц на оружје од Југоисточна Европа. Иако овој ризик не е нов, на овој проблем неодамна му се обрна внимание, бидејќи огненото оружје, гранатите и експлозивите од регионот се користат во насилството меѓу бандите во Западна Европа, и постои загриженост дека оружјето може да заврши во рацете на екстремистите и терористите.

Родот ретко е тема поврзана со организиран криминал. Во овој број, го разработуваме организираниот криминал на Западен Балкан од родов аспект со цел подобро да ги разбереме неформалните правила што ги обликуваат различните улоги за мажите и жените и за да истакнеме што може да се направи за да се осмислат контрамерки за промена на ставовите, претставите и однесувањето.

Во минатото, Северна Македонија стекна репутација за компјутерски криминал и креирање лажни вести. Во последно време, деловните активности во Северна Македонија се цел на сајбер-напади, особено преку техниката позната како фишинг, која се користи за кражба на податоци или за вршење измами. Објаснуваме како функционира сето тоа и кое е неговото влијание.

Секој месец, прикажуваме профил на личност или организација што работи на зајакнување на отпорот кон организираниот криминал и корупцијата. Во овој број, разговараме со д-р Ана-Марија Гетош Калач за мрежата Балканска криминологија и за тоа што се прави за подобрување на проучувањето на организираниот криминал на Западен Балкан и за изградба на мрежа помеѓу академската фела, граѓанското општество, медиумите и актерите во кривичноправните системи во регионот.

Доколку сакате да стапите во контакт со нас или сакате да придонесете за Билтенот на ризици, контактирајте нè на almedina.dodic@globalinitiative.net.