Нелегалното оружје на Западен Балкан: закана за Европа.
© Alain Nogues/Sygma/via Getty Images
На 30 септември 2020 година, речиси 9 000 лица од органи за спроведување на законот од 34 земји учествуваа во заедничката операција против организираниот криминал во Југоисточна Европа.1 Четиридневната операција, поддржана од Европол, имаше цел да се справи со илегалната имиграција и трговијата со луѓе; уапсени се 166 лица под обвинение за трговија со оружје, луѓе и дрога. Запленети се повеќе од 51 парче оружје од различен тип.
Шверцувањето оружје од Балканот предизвикува загриженост уште од 90-тите години на минатиот век и очигледно, проблемот не стивнува: „Милиони парчиња лесно оружје што циркулираат на Западен Балкан претставуваат голема закана за европската безбедност“, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан на заедничката прес-конференција со неговиот германски колега Хајко Маас, во декември 2018 година.2 Полицијата во Шведска, загрижена од растечкото насилство на бандите, забележа значително зголемување на употребата на пиштоли, револвери, автоматско оружје, па дури и гранати шверцувани од Западен Балкан. И тековната војна меѓу црногорските кланови се карактеризира со насилство со употреба на низа видови оружје, вклучувајќи автоматско оружје и пластичен експлозив. Колку е сериозно снабдувањето со нелегално оружје на Западен Балкан? И, кои се ризиците по регионот и пошироко?
Југоисточна Европа е преплавена со оружје што останало од војните во поранешна Југославија, вклучувајќи го и она увезено во текот на 90-тите години од минатиот век, оружје оставено од Југословенската народна армија и она што се користело на Косово во 1999 година и во Северна Македонија во 2001 година. За време на граѓанските немири во Албанија во 1997 година, оружје било ограбено и од армиските складишта за оружје. Според умерените процени на ООН и Европол, како и на регионални експерти, има повеќе од 3 милиони парчиња нелегално оружје во шесте земји од Западен Балкан плус Хрватска.3 Тоа во просек изнесува 30 парчиња оружја (и легално и нелегално огнено оружје) на 100 жители.4
Истражувањето за ситно оружје со седиште во Женева покажува дека во 2017 година, Црна Гора и Србија, секоја со по 39,1 парчиња оружје на 100 жители, се рангирани на третото место во светот и први во Европа по оружје во сопственост на цивили. И другите земји од Западен Балкан котираат високо на списокот: Босна и Херцеговина е рангирана на петтото место во Европа и деветтото во светот (31,2 парчиња на 100 жители); Северна Македонија е седма во Европа и 13-та во светот со 29,8 парчиња на 100 жители; Косово е на 11-то место во Европа и на 16-то во светот со 23,9 парчиња на 100 жители.5
Речиси сите видови ситно оружје и воено оружје може да се набават на Западен Балкан и во Хрватска, па дури и противтенковски оружја, експлозиви, минофрлачи, рачни ракетни лансери и лесни противавионски оружја.
САД | 120.5 | Исланд | 31.7 | Шведска | 23.1 |
Јемен | 52.8 | Босна и Херцеговина | 31.2 | Пакистан | 22.3 |
Црна Гора | 39.1 | Австрија | 30.0 | Португалија | 21.3 |
Србија | 39.1 | Македонија | 29.8 | Франција | 19.6 |
Канада | 34.7 | Норвешка | 28.8 | Германија | 19.6 |
Уругвај | 34.7 | Малта | 28.3 | Ирак | 19.6 |
Кипар | 34.0 | Швајцарија | 27.6 | Луксембург | 18.9 |
Финска | 32.4 | Нов Зеланд |
Извор: Aaron Karp, Estimating global civilian-held firearms numbers, Small Arms Survey, June 2018, www.smallarmssurvey.org/fileadmin/docs/T-Briefing-Papers/SAS-BP-Civilian-Firearms-Numbers.pdf.
*Забелешка: Именувањето на Косово не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН и Мислењето на Меѓународниот суд за правда за прогласувањето независност на Косово.
Извор: Small Arms Survey, Civilian firearms holdings, 2017, http://www.smallarmssurvey.org/fileadmin/docs/Weapons_and_Markets/Tools/Firearms_holdings/SAS-BP-Civilian-held-firearms-annexe.pdf
Шверцување, употреба и трошоци за нелегално оружје
Повеќето од ова оружје е скриено во домовите на луѓето, на црниот пазар или е во сопственост на криминалци. Од 2015 година, во низа атентати поврзани со војната меѓу криминалните групи во Црна Гора беа убиени десетици луѓе во инциденти со автоматско оружје или пластичен експлозив.
Просечната цена на оружјето во земјите од Западен Балкан се движи од 10 евра за рачна граната до 150–400 евра за пиштол.12 Полуавтоматските пушки чинат меѓу 150 и 300 евра, додека автоматските пушки се околу 200 до 400 евра.
© WikiCommons
На црниот пазар може да се најдат и експлозиви од Западен Балкан: пластичниот експлозив C4 чини помеѓу €1 500 and 4 000 евра за килограм. До 1991 година, само четири земји во светот, вклучително и поранешна Југославија, произведуваа ваков вид експлозив. Се произведувал во воена фабрика во Беране (сега Црна Гора). Пластичните експлозиви широко се користат од криминалците во Црна Гора и Србија, особено за разнесување возила – на 13 септември 2020 година, таков експлозив наводно бил користен да се разнесе автомобил во Белград.
Кога станува збор за шверцување нелегално оружје, криминалците од Западен Балкан се добро поврзани со шверцери на оружје од Хрватска и од Словенија, каде што имало неколку големи заплени на оружје.13 Мрежи на организиран криминал го шверцуваат нелегалното оружје низ цела Европа, а во нив вообичаено има групи што се занимаваат со недозволена трговија со други добра (како што е дрогата). Во некои случаи, се тргува со оружје за дрога. Оружје од Западен Балкан е пронајдено во Австрија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.14 Некое од ова оружје го користат криминални групи; друго завршува во рацете на терористите.
Националната агенција за криминал во Велика Британија предупреди дека бројот на нелегално оружје во Велика Британија ќе продолжи да се зголемува; оружјето од Западен Балкан е во првите редови на нелегалниот пазар.15 Агенцијата стравува дека дел од нелегалното оружје од Западен Балкан може да се користи во терористички напади.
Во Шведска, бројот на убиства поврзани со групи на организиран криминал што користат нелегално оружје од Западен Балкан е во пораст.16 Купувачите на нелегално оружје се членови на организирани криминални групи и банди. Во оваа вообичаено мирна земја, во 2019 година се случиле 320 инциденти и 42 смртни случаи поради вооружено насилство,17 вклучувајќи и шокантен број случаи поврзани со рачни гранати М-75 произведени во поранешна Југославија. Тие може да се купат за само 100 круни (9,60 €).18
Според француската полиција, терористите вклучени во нападите во Париз во јануари и ноември 2015 година, вклучително и масакрот во концертната сала Батаклан, користеле нелегално оружје од Западен Балкан.19 Исто така, има извештаи за производство на оружје на Балканот што завршува во воени зони како Сирија.20
И моторџиските банди се вклучени во недозволената трговија со оружје од Западен Балкан. Контактите што претходно тргувале со дрога и луѓе сега се користат за шверцување оружје. Озлогласените браќа Ќулум, кои беа активни во мото-бандата Јунајтед Трибјунс, наводно работат од Босна и Херцеговина откако им беше забранет пристап во Германија поради тоа што ги сметале како закана за националната безбедност.21 Тие, наводно, биле вклучени во трговија со дрога и оружје во Германија, Австрија и Швајцарија.22 За други групи, како Бандидос со седиште во Гетеборг, се вели дека ги прошируваат своите контакти на Балканот.23 Најпопуларната рута за трговија со оружје до Западна Европа е Балканската рута.
ЕУ го признава проблемот со нелегалното оружје на Западен Балкан и е вклучена во заеднички програми со регионалните влади. Во 2017 година, Франција и Германија покренаа иницијатива за сузбивање на шверцувањето огнено оружје на Западен Балкан, со акциски план до 2024 година.24 Како дел од Берлинскиот процес, на самитот на Западен Балкан во Лондон во јули 2018 година беа усвоени патокази за одржливо решение за нелегалното поседување, злоупотребата и трговијата со ситно и лесно оружје и муниција во регионот.25 Со оглед на бројот на оружје во оптек, потребна е итна акција за да се намали ризикот ова оружје да дојде во рацете на криминалци и терористи.
Забелешки
-
Europol, 166 arrested in international crackdown against crime in Southeast Europe, 30 September 2020, https://www.europol.europa.eu/newsroom/news/166-arrested-in-international-crackdown-against-crime-in-southeast-europe. ↩
-
European Western Balkans, French Foreign Minister: Small arms from the Western Balkans are a threat to European security, 11 December 2018, www.europeanwesternbalkans.com/2018/12/11/french-foreign-minister-small-arms-western-balkans-threat-european-security/. ↩
-
Ted Leggett, Crime and its impact on the Balkans and affected countries, UNODC, March 2008, https://www.unodc.org/documents/data-and-analysis/Balkan_study.pdf. ↩
-
Aaron Karp, Estimating global civilian-held firearms numbers, Small Arms Survey briefing paper, June 2018, www.smallarmssurvey.org/fileadmin/docs/T-Briefing-Papers/SAS-BP-Civilian-Firearms-Numbers.pdf. ↩
-
Ibid. ↩
-
За оваа бројка, видете https://www.politico.eu/article/the-european-nation-with-a-deadlier-gun-culture-than-the-us-albania/. ↩
-
750 000 weapons in BiH, https://www.ba.undp.org/content/bosnia_and_herzegovina/en/home/presscenter/articles/2015/03/07/arms-control-exchange-bosnia-and-herzegovina-and-argentina.html#:~:text=Small%20arms%20are%20also%20problematic,1990s%2C%20are%20still%20in%20circulation. ↩
-
Видете https://zadarski.slobodnadalmacija.hr/zadar/forum/vec-imamo-500-000-komada-ilegalnog-naoruzanja-a-sada-ce-se-taj-broj-i-povecati-461630. ↩
-
Програмата за развој на УН вели дека има 260 парчиња оружје; видете https://www.undp.org/content/dam/kosovo/docs/KSSP/KSSP%20Brochure_Final%20ENG%20sz.pdf. ↩
-
Властите велат дека има 900 000; видете https://www.rs.undp.org/content/serbia/en/home/presscenter/articles/2016/07/14/there-is-a-clear-correlation-between-illicit-firearms-and-violence.html. ↩
-
Small Arms Survey report 141 464, http://www.smallarmssurvey.org/fileadmin/docs/Weapons_and_Markets/Tools/Firearms_holdings/SAS-BP-Civilian-held-firearms-annexe.pdf. ↩
-
Информациите за цената на различните видови оружје се засноваат врз сигурни податоци од криминалните пазари, како и од полициските и судските документи ↩
-
Europol, Police raids addresses across Croatia to break arms trafficking network, 20 June 2018, www.europol.europa.eu/newsroom/news/police-raids-addresses-across-croatia-to-break-arms-trafficking-network. ↩
-
Europol, Illicit firearms trafficking, www.europol.europa.eu/crime-areas-and-trends/crime-areas/illicit-firearms-trafficking. ↩
-
Charles Hymas, Gangs buy blank-firing guns online before importing them to UK amid rise in firearms to enforce drugs, The Telegraph, 14 April 2020, www.telegraph.co.uk/politics/2020/04/14/gangs-buy-blank-firing-guns-online-importing-uk-amid-rise-firearms. ↩
-
Lee Roden, Why Swedish gangs use hand grenades (and what the country is doing about it), The Local SE, 28 February 2018, www.thelocal.se/20180228/why-sweden-is-battling-hand-grenades-and-illegal-weapons. ↩
-
Paulina Neuding, Violent crime in Sweden is soaring. When will politicians act?, The Spectator, 29 December 2018, www.spectator.co.uk/article/violent-crime-in-sweden-is-soaring-when-will-politicians-act-; see also: Sweden’s big cities see fall in number of shootings, The Local SE, 7 January 2020, www.thelocal.se/20200107/fewer-shootings-in-swedens-big-cities-in-2019. ↩
-
Karis Hustad, Sweden has a problem with hand grenades and here’s why, Euronews, 11 April 2018, www.euronews.com/2018/04/10/sweden-has-a-problem-with-hand-grenades-and-here-s-why. In ongoing research, an inter-institutional team of criminologists and researchers counted 78 cases of hand grenade explosions between 2010 and 2017, with half of those cases occurring in 2016. See Kriminologiska funderingar, Förtydligande om internationell jämförelse av handgranatsdetonationer, 11 September 2017, www.mgerell.blogspot.com/2017/09/fortydligande-om-internationell.html. ↩
-
Jasmina Rose, Islamski teroristi opskrbljuju se oružjem s Balkana, Deutsche Welle, 4 February 2020, https://www.dw.com/hr/islamski-teroristi-opskrbljuju-se-oružjem-s-balkana/a-52244446. ↩
-
L. T., Trogodišnje terensko istraživanje: Hrvatske rakete u rukama boraca Islamske države, Novi list, 15 December 2017, www.novilist.hr/Vijesti/Hrvatska/Trogodisnje-terensko-istrazivanje-Hrvatske-rakete-u-rukama-boraca-Islamske-drzave/. ↩
-
Član moto bande: Postali smo prejaki pa su hteli da nas sklone!, Kurir, 7 January 2014, https://www.kurir.rs/planeta/1168173/clan-moto-bande-postali-smo-prejaki-pa-su-hteli-da-nas-sklone. ↩
-
Višnja Kragić Mahmutović, Na čelu opasne bande: Braća Ćulum su državna opasnost, 24 sata, 24 April 2019, www.24sata.hr/news/na-celu-opasne-bande-braca-culum-su-drzavna-opasnost-626082. ↩
-
Claes Petersson and Daniel Olsson, De leder MC-gängen där du bor – här är listan, 28 December 2016, Expressen, www.expressen.se/nyheter/de-leder-mc-gangen-dar-du-bor—har-ar-listan/. ↩
-
Council of the European Union, Council decision (CFSP) 2019/2111 in support of SEESAC disarmament and arms control activities in South-East Europe reducing the threat of illicit small arms and light weapons and their ammunition, 10 December 2019, www.eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/PDF/?uri=CELEX:32019D2111&from=EN. ↩
-
Roadmap for a sustainable solution to the illegal possession, misuse and trafficking of Small Arms and Light Weapons (SALW) and their ammunition in the Western Balkans by 2024, SEESAC, 27 September 2019, www.seesac.org/f/docs/publications-salw-control-roadmap/Regional-Roadmap-for-a-sustainable-solution-to-the.pdf. ↩