Global Organized Crime Index
Опсерваторија на Нелегални Економии во Југо-Источна Европа
Резиме на главни поенти
-
Научени ли се лекциите за справување со новиот миграциски бран во Западен Балкан?
Бројот на бегалци и мигранти кои патуваат низ Западен Балкан не бил повисок уште од 2015 година. Во споредба со периодот пред седум години, се појавуваат нови шаблони во криумчарењето мигранти низ Балканската рута. Sе чини дека мрежите станаа пофлуидни и повеќе децентрализирани, делумно со користење технологија, а покрај тоа, изгледа и дека профилот на криумчарите е сменет, што покажува на повеќе интернационализиран пазар на криумчарски активности. Заложбите за запирање на миграциите од засегнатите земји на Западен Балкан и ЕУ, заедно со меѓународните партнери, треба да се сосредоточат на ублажување на факторите кои ги поттикнуваат мигрантите да ги ризикуваат своите животи во потрага по подобри можности.
-
Ризиците во затворите може да ја попречат борбата против криминалот во Западен Балкан.
Западен Балкан има релативно висока стапка на затворска популација во споредба со другите делови на Европа. Во теорија, затворите треба да бидат поправни установи и последно скалило на скалите на криминалот. Во реалноста, тие премногу често завршуваат училишта за регрутирање ситни криминалци во сериозен организиран криминал, јазли за вмрежување, па дури и задни кулиси за водење криминални операции. Без реформи, постои ризик затворите во Западен Балкан да се влошат наместо да помогнат да се поправи проблемот со сериозниот организиран криминал во регионот.