Ризиците во затворите може да ја попречат борбата против криминалот во Западен Балкан.
Западен Балкан е познат по организираниот криминал. Исто така, има релативно високи стапки на затворска популација во споредба со останатите делови на Европа. Теоретски, затворите треба да бидат поправни установи и последна станица на скалилата на криминалот. Во реалноста, премногу често се завршни “школи” каде што ситните криминалци се регрутираат за сериозен организиран криминал, јазли за вмрежување, па дури и заткулисни простории за водење криминални операции. Без реформи, постои ризик да се влоши состојбата со затворите во Западен Балкан наместо да се помогне да се реши проблемот со сериозниот организиран криминал во регионот.
Според најновиот Глобален индекс за организиран криминал објавен во септември 2023 година, три од шест земји во Западен Балкан се рангирани меѓу десетте најлоши во Европа во однос на криминалот (види Слика 1).1 Не изненадува тоа што Европската комисија ја нагласи потребата земјите во регионот да покажат значителен напредок во борбата против криминалот.2 Дополнително, веројатно не изненадува и тоа што стапката на затворање во четири од шесте земји во регионот е над европската средна вредност (види Слика 2).
2023 | 2021 | |||
---|---|---|---|---|
Криминалитет | Европа | Свет | Европа | Свет |
Србија | 3 | 40 | 2 | 33 |
Црна Гора | 5 | 54 | 4 | 45 |
Босна и Херцеговина | 8 | 57 | 5 | 49 |
Албанија | 15 | 87 | 9 | 61 |
Северна Македонија | 18 | 93 | 11 | 74 |
Извор: Глобален индекс за организиран криминал, https://ocindex.net/
На пример, во 2022 година во српските затвори имало 10.557 затвореници, а во албанските 5.357.7 Во овие две земји, повеќе од една четвртина од сите затвореници отслужуваат казни за дела поврзани со дрога.8 Но не сите отслужуваат казни за производство и дистрибуција на дрога; повеќето од нив се во затвор за поседување, а не за организирана криминална активност. Впрочем, од околу 23.000 лица во затворите во шесте земји од Западен Балкан во 2022 година,9 само неколку стотици се осудени за прекршоци поврзани со организиран криминал, меѓу кои и 75 во Албанија,10 134 во Босна и Херцеговина,11 11 во Косово,12 48 во Северна Македонија,13 17 во Црна Гора14 и 144 во Србија.15 Иако овие бројки се релативно мали, затворите во регионот имаат својствени ризици што би можеле да го поттикнат наместо да го намалат организираниот криминал.
Нелегална комуникација од затворите
Се чини дека понекогаш затворот не претставува пречка во водењето криминални операции. Помеѓу 2014 и 2021 година, Дарко Шариќ, осуден нарко бос, престојува во ќелијата 117 во притворниот центар на Специјалниот суд во Белград, Србија.16 Обвинителите утврдиле дека Шариќ одржувал постојана комуникација, издавал наредби, вклучително и за атентати, и управувал со финансии користејќи шифрирани уреди Sky ECC во периодот од октомври 2020 до декември 2021 година.17 Наводно, Шариќ ги извршувал сите овие операции од објект со висока безбедност каде што користењето телефон е строго забрането.18
Србија не е единствената земја во регионот која се бори со нелегалните комуникации од затворите. Во септември 2023 година, во затворот Спуж, Црна Гора, беа пронајдени скриени телефони и полначи.19 Во јули 2023 година, шест мобилни телефони биле скриени во клима-уред.20 Во јануари 2023 година, откриен бил дрон опремен со два мобилни телефони како лета над затворот.21 Во ноември 2022 година, откриен бил сад за готвење со повеќе скриени телефони и белешка на која пишувало „Братот те сака“.22
Фотографија: УИКС
Регрутирање од затвори во организиран криминал
Во многу земји ширум светот, затворите се плодна средина каде што ситните криминалци се регрутираат во криминални банди или групи. Престапниците кои отслужуваат казни за помали прекршоци, како што е поседувањето дрога, се мешаат со тешки криминалци. На пример, во Србија, постарите затвореници со криминално минато и врски со фудбалски хулигански групи се спријателуваат со, и подучуваат помлади затвореници кои претходно не биле вклучени во организираниот криминал. По пуштањето на слобода, овие млади лица често се приклучуваат кон криминални групи. Откако и менторот ќе биде пуштен на слобода, понекогаш влегуваат во заеднички бизнис, обично со шверц на дрога.23
Речиси една деценија Црна Гора ја мачат смртоносни судири помеѓу две насилни криминални групи кои се натпреваруваат за контрола на пазарот со кокаин. Поправните институции во Црна Гора, како што е затворот во Спуж во кој се сместени водачи и високо-рангирани членови на организирани криминални групи, се клучни центри за регрутирање нови членови.24 Ова се постигнува така што искусни осуденици нудат заштита, пристап до скапо правно советување, други форми на финансиска поддршка и бројни други стимулации.25
Проблем поврзан со ова е недоволната пост-казнена поддршка. Кога луѓето кои веќе ја отслужиле казната ќе излезат од затвор, често им недостасуваат легални мрежи за поддршка, можности за вработување или дури и основни документи, па се стигматизирани во своите заедници. Поради ова, некои бараат и наоѓаат поддршка во мрежите на организиран криминал со кои почнале да се поврзуваат во затворот. Недостигот на рехабилитација го зголемува ризикот од рецидивизам.
Корупцијата однатре
Безбедноста во затворите често е нарушена со корупција. Западен Балкан не е никаков исклучок. Како што објасни директорот на еден затвор во Северна Македонија, корупцијата меѓу затворските службеници овозможува нелегален шверц на оружје, телефони и дрога во затворите.26 Според поранешен директор на еден од затворите во земјата, Северна Македонија е лидер во Европа по бројот на бегства од затвор; „Ова го покажува степенот на криминал во затворскиот систем.“27
Овие констатации с нагласени во повеќе извештаи.28 Во Црна Гора се распространети тврдења за соработка меѓу вработените во затворите и организираните криминални групи.29 Во Албанија излезе на виделина еден примерво април 2022 година, кога в.д. директорот на затворот во Скадар беше уапсен заради наводна злоупотреба на овластувањата.30 Неговиот претходник бил суспендиран само три месеци претходно поради наводи за фалсификување документи.31 Потребата за справување со ваквите ризици добива дополнителна тежина со сѐ поголемиот притисок затворениците од странство да се вратат назад во регионот.
Трансфер на затвореници во Албанија и Косово
Додека некои земји од Западен Балкан имаат релативно голем број затвореници, значителен број државјани од регионот се наоѓа во странски затвори. На пример, во Обединетото Кралство се затворени 1.475 албански државјани што е 14 % од сите странски затвореници во таа земја.32
Во мај 2023 година, Албанија и Обединетото Кралство склучија договор за трансфер на затвореници. Овој договор се заснова врз документ33 кој влезе во сила во мај 2022 година.34 Според ваквото уредување, ОК ја поддржува модернизацијата на затворската инфраструктура во Албанија. За возврат, Албанија се обврзува да врати најмногу 200 албански државјани кои сега отслужуваат четиригодишни или повеќегодишни казни во затворите во ОК.35 Официјалните претставници на ОК истакнаа дека со оваа иницијатива не само што ќе се заштедат трошоци за британските даночни обврзници, туку и ќе се намали пренатрупаноста во затворите во ОК.36 Сепак, во Албанија имаше критики дека договорот се карактеризира со ’мала политичка и јавна дебата во врска со деталите, и мала вклученост на граѓанското општество’.37
Албанскиот министер за правда, Улси Мања, вели дека со договорот се промовира реинтеграција на осудениците без притоа да се користат парите на националните даночни обврзници и придонесува за подобрување на албанскиот затворски систем. Од друга страна, неколку судии и адвокати изразија загриженост за тоа како сместувањето на уште 200 затвореници би влијаело врз пренатрупаниот затворски систем во Албанија.38
Во меѓувреме, една земја од Западен Балкан прифати да биде домаќин на затвореници од една земја на ЕУ. Во декември 2021 година, Косово се согласи да смести 300 дански затвореници, при што Данска би плаќала годишна такса од 15 милиони евра за изнајмување објекти во затворот во Гњилане.39 Според косовскиот министер за правда, ваквото уредување ќе ѝ донесе на земјата 210 милиони евра, од кои голем дел ќе бидат наменети за иницијативи за обновливи извори на енергија и за обуки за вработените во затворите.40 Некои експерти во Косово беа против ваквиот договор,41 но во јуни 2023 година, Владата поднесе предлог-закон до парламентот, за разгледување и донесување.42
Иако некои земји од Западен Балкан ги подобрија своите казнени системи, како што утврди Европската комисија во своите извештаи за напредокот за 2022 година, и понатаму постојат некои системски предизвици. Да го тргнеме Косово настрана, пренатрупаноста во затворите е вообичаен проблем во регионот. Во Северна Македонија, Европската комисија апелира „најитно да се спроведат системските решенија за подобрување на условите во притвор“, додека во Албанија, условите во затворите остануваат предмет на „постојана загриженост“.32 Во Босна и Херцеговина „не постојат никакви заложби да се подобрат условите за притвор“, што укажува на загрижувачки недостаток на напредок.33 Светлата точка е дека Косово, Црна Гора и Србија направиле чекор напред во усогласувањето со меѓународните стандарди.34
За дополнително да се зајакне безбедноста во затворите, неопходно е да се користи најсовремената технологија и да се вршат редовни проверки на ќелиите. Истовремено, надградбата на правосудната и поправната инфраструктура е од огромно значење, со што ќе се осигури дека објектите ги исполнуваат современите стандарди. Клучен е холистичкиот пристап во подобрување на поправната средина, каде што примарниот фокус треба да биде на подобрување на работните услови за персоналот, заштита од непотребни политички и криминални притисоци и на негување култура на одговорност која би го заменила секое самозадоволство кое преовладува. Покрај тоа, спроведувањето на програмите за рехабилитација во затворите, потпомогната во соработка со граѓанското општество, ветува ефективно намалување на стапките на рецидивизам.
Забелешки
-
Global Initiative Against Transnational Organized Crime (GI-TOC), Global Organized Crime Index 2023: A fractured world, септември 2023 година, https://ocindex.net/report/2023/04-continental-overview.html#europe. ↩
-
European Commission, 2022 Communication on EU Enlargement Policy, 12 октомври 2022 година, 8-9, https://neighbourhood-enlargement.ec.europa.eu/system/files/2022-10/2022%20Communication%20on%20EU%20Enlargement%20Policy-v3.pdf. ↩
-
Marcelo F. Aebi, Edoardo Cocco и Lorena Molnar, SPACE: Council of Europe Annual Penal Statistics, 15 декември 2022 година, ажурирано на 26 јуни 2023 година, https://wp.unil.ch/space/files/2023/06/230626_SPACE-I_2022_FinalReport.pdf; Marcelo F. Aebi, Edoardo Cocco и Lorena Molnar, Prisons and Prisoners in Europe 2022: Key Findings of the SPACE I survey, Council of Europe and University of Lausanne, ажурирано на 26.6.2023 година, https://wp.unil.ch/space/files/2023/06/230626_Key-Findings-SPACE-I_Prisons-and-Prisoners-in-Europe-2022.pdf. ↩
-
Видете https://www.prisonstudies.org/world-prison-brief-data. ↩
-
Податоци добиени од Косовската поправна служба врз основа на барањето на GI-TOC во август 2023 година. ↩
-
Ljiljana Vidačak, Europski zatvori prebukirani, BiH 16. na listi s popunjenošću kapaciteta od 98 posto, Večernji list, 13 јуни 2023 година, https://www.vecernji.ba/vijesti/europski-zatvori-prebukirani-bih-16-na-listi-s-popunjenoscu-kapaciteta-od-98-posto-1687438. ↩
-
Marcelo F. Aebi, Edoardo Cocco и Lorena Molnar, Prisons and Prisoners in Europe 2022: Key Findings of the SPACE I survey, Council of Europe and University of Lausanne, ажурирано на 26.06.2023 година, https://wp.unil.ch/space/files/2023/06/230626_Key-Findings-SPACE-I_Prisons-and-Prisoners-in-Europe-2022.pdf. ↩
-
Hamdi Firat Buyuk, Council of Europe: Turkey’s Prison Population Rises Beyond 300,000, Balkan Insight, 27 јуни 2023 година, https://balkaninsight.com/2023/06/27/council-of-europe-turkeys-prison-population-rises-beyond-300000/. ↩
-
Податоците дадени тука ги претставуваат пресметките на авторот, добиени од различни извори, вклучувајќи ја и Годишната казнена статистика на Советот на Европа, податоците од World Prison Brief, официјалните извештаи за буџетските расходи и податоците добиени од институциите на барање. ↩
-
European Commission, Albania 2022 Report, 12 октомври 2022 година, 40, https://neighbourhood-enlargement.ec.europa.eu/system/files/2022-10/Albania%20Report%202022.pdf. ↩
-
European Commission, Bosnia and Herzegovina 2022 Report, 12 октомври 2022 година, 39, https://neighbourhood-enlargement.ec.europa.eu/system/files/2022-10/Bosnia%20and%20Herzegovina%20Report%202022.pdf. ↩
-
European Commission, Kosovo 2022 Report, 12 октомври 2022 година, 46, https://neighbourhood-enlargement.ec.europa.eu/system/files/2022-10/Kosovo%20Report%202022.pdf. ↩
-
European Commission, North Macedonia 2022 Report, 12 октомври 2022 година, 21, https://neighbourhood-enlargement.ec.europa.eu/system/files/2022-10/North%20Macedonia%20Report%202022.pdf. ↩
-
European Commission, Montenegro 2022 Report, 12 октомври 2022 година, 49, https://neighbourhood-enlargement.ec.europa.eu/system/files/2022-10/Montenegro%20Report%202022.pdf. ↩
-
European Commission, Serbia 2022 Report, 12 октомври 2022 година, 52, https://neighbourhood-enlargement.ec.europa.eu/system/files/2022-10/Serbia%20Report%202022.pdf. ↩
-
Leposava Bogić, Advokat i četiri klana, Vreme, 5 мај 2022 година, https://www.vreme.com/vreme/advokat-i-cetiri-klana/. ↩
-
Insajder, Insajder otkriva detalje optužnice: Istraga i opstrukcija istrage protiv Šarića, 29 јануари 2023 година, https://insajder.net/teme/insajder-otkriva-detalje-optuznice-istraga-i-opstruiranje-istrage-protiv-sarica. ↩
-
Ibid. ↩
-
Jelena Jovanović, Oduzeli četiri mobilna telefona u Zatvoru za duge kazne, Vijesti, 11 септември 2023 година, https://www.vijesti.me/vijesti/crna-hronika/673117/oduzeli-cetiri-mobilna-telefona-u-zatvoru-za-duge-kazne. ↩
-
Jelena Jovanović, Pronađeno šest mobilnih telefona i dva USB kabla u klima uređaju dostavljenom za zatvorenika u Spužu, Vijesti, 4 јули 2023 година, https://www.vijesti.me/vijesti/crna-hronika/663887/pronadjeno-sest-mobilnih-telefona-i-dva-usb-kabla-u-klima-uredjaju-dostavljenom-za-zatvorenika-u-spuzu. ↩
-
Vijesti, Zaplijenjen dron, nadlijetao iznad spuškog zatvora sa dva telefona, 20 јануари 2023 година, https://www.vijesti.me/vijesti/crna-hronika/639659/zaplijenjen-dron-nadlijetao-iznad-spuskog-zatvora-sa-dva-telefona. ↩
-
Jelena Jovanović, ‘Voli vas brat’: Mobilni telefoni pronađeni u specijalnom dnu šerpe koju je posjetilac krenuo da unese u zatvor, Vijesti, 20 ноември 2020 година, https://www.vijesti.me/vijesti/crna-hronika/631422/voli-vas-brat-mobilni-telefoni-pronadjeni-u-specijalnom-dnu-serpe-koju-je-posjetilac-krenuo-da-unese-u-zatvor. ↩
-
Интервју со граѓански активист кој раководи со организација која овозможува пост-казнена поддршка во Србија, септември 2023 година ↩
-
Vlada Crne Gore, Biro za operativnu koordinaciju, SOCTA 2021: Procjena opasnosti od teškog i organizovanog kriminala u Crnoj Gori, март 2022 година, 18, https://www.gov.me/dokumenta/cf105122-2c9b-4816-b152-8487b5f59063. ↩
-
Ibid. ↩
-
Интервју со директор на затворска институција во Северна Македонија, септември 2023 година. ↩
-
Ibid. ↩
-
U.S. Department of State, 2022 Country Reports on Human Rights Practices: North Macedonia, февруари 2023 година, 3, https://www.state.gov/wp-content/uploads/2023/02/415610_NORTH-MACEDONIA-2022-HUMAN-RIGHTS-REPORT.pdf. ↩
-
U.S. Department of State, 2022 Country Reports on Human Rights Practices: Montenegro, февруари 2023 година, 5, https://www.state.gov/wp-content/uploads/2023/02/415610_MONTENEGRO-2022-HUMAN-RIGHTS-REPORT.pdf. ↩
-
VOX News, The director of the Reç-Shkodër prison is arrested, 25 април 2022 година, https://www.voxnews.al/english/aktualitet/arrestohet-drejtori-i-burgut-rec-shkoder-i6997. ↩
-
Albanian Daily News, Shkodra prison’s warden suspended after report’s forgery, 12 јануари 2022 година, https://albaniandailynews.com/news/shkodra-prison-s-warden-suspended-after-report-s-forgery. ↩
-
Georgina Sturge, UK Prison Population Statistics, House of Commons, 8 септември 2023 година, 14, https://researchbriefings.files.parliament.uk/documents/SN04334/SN04334.pdf. ↩ ↩2
-
International treaty UK/Albania: Agreement on the Transfer of Sentenced Persons [CS Albania No.3/2021], 19 октомври 2021 година, https://www.gov.uk/government/publications/ukalbania-agreement-on-the-transfer-of-sentenced-persons-cs-albania-no32021. ↩ ↩2
-
Ministry of Justice, Government strikes deal to remove more Albanian prisoners, 26 јули 2021 година, https://www.gov.uk/government/news/government-strikes-deal-to-remove-more-albanian-prisoners. ↩ ↩2
-
Ministry of Justice, HM Prison and Probation Service and Alex Chalk KC MP, UK and Albania agree groundbreaking new arrangement on prisoner transfers, 24 мај 2023 година, https://www.gov.uk/government/news/uk-and-albania-agree-groundbreaking-new-arrangement-on-prisoner-transfers. ↩
-
They Work For You, Prisoners’ Transfers: Albania, Ministry of Justice written question – answered on 4 September 2023, https://www.theyworkforyou.com/wrans/?id=2023-07-20.195373.h. ↩
-
Интервју со Ervin Karamuço, професор по криминологија на Правниот факултет на Универзитетот во Тирана, Тирана, септември 2023 година. ↩
-
Panorama, ‘Britania përdor shqiptarët për të fituar kredo politike’- Juristi Ramaj tregon në ‘Panorama TV’: Marrëveshja për të burgosurit, propagandë në bashkëpunim me qeverinë tone, 25 мај 2023 година, http://www.panorama.com.al/britania-perdor-shqiptaret-per-te-fituar-kredo-politike-juristi-ramaj-tregon-ne-panorama-tv-marreveshja-per-te-burgosurit-propagande-ne-bashkepunim-me-qeverine-t/; MCN TV, Transferimi i të dënuarve nga Britania, Petraj: Burgjet shqiptare nuk kanë kapacitete! Kodi penal nuk parashikon të njëjtën vuajtje dënimi, 24 март 2023 година, http://www.mcntv.al/2023/03/24/transferimi-i-t-d-nuarve-nga-britania-petraj-burgjet-shqiptare-nuk-kan-kapacitete-kodi. ↩
-
Договорот можете да го погледнете на https://www.justitsministeriet.dk/wp-content/uploads/2022/04/Final-treaty-Denmark-Kosovo.pdf. ↩
-
N1 Belgrade, Kosovo Justice Minister says millions from prison rental, 23 декември 2021 година, https://n1info.rs/english/news/kosovo-justice-minister-says-millions-from-prison-rental/. ↩
-
Charles Szumski, Kosovo experts oppose Denmark prison outsourcing, Euractiv, 22 декември 2021 година, https://www.euractiv.com/section/politics/short_news/kosovo-experts-oppose-denmark-prison-outsourcing/. ↩
-
Koha, The government takes the treaty with Denmark on prisons to the parliament, 7 јуни 2023 година, https://www.koha.net/en/arboretum/380701/the-government-puts-in-the-parliament-the-treaty-with-Denmark-for-prisons/. ↩