Билтен на Ризици Преземете PDF Click here to view the
Global Organized Crime Index

Опсерваторија на Нелегални Економии во Југо-Источна Европа

Број
14
Февруари
2023

Резиме на главни поенти

  1. Балканските борци се подготвени за борба во Украина, каде е ризикот од организиран криминал.

    Руската инвазија на Украина, којашто трае речиси година дена, предизвика незаконска трговија во овие две држави која пак индиректно влијание ширум светот, вклучително и во Југоисточна Европа. Одредени набљудувачи, вклучувајќи ја Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал (ГИ-ТОК), будно ја следат ситуацијата. Меѓутоа, истовремено далеку помалку внимание се обрнува на илјадниците мажи од Југоисточна Европа кои се подготвени за борба или на руската или на украинската страна. Во ова издание ќе го разгледаме овој феномен и ќе ги истражиме врските со организираниот криминал, како и предизвиците кои произлегуваат од справувањето со враќањето на овие борци назад во регионот.

    Прочитај повеќе

  2. Лажните или незаконски стекнатите балкански документи овозможуваат лесно патување на криминалците ширум светот.

    Полицијата што ги истражува групите на организиран криминал во или од Западен Балкан постојано посочува кон една заедничка нишка што ги поврзува сите фактори а тоа е – леснотијата со којашто патуваат многу криминалци, користејќи лажни пасоши или незаконски стекнати документи за имиграција од земји во регионот. Главно, постојат два начини на кои криминалците се стекнуваат со такви документи. Тие или физички изменуваат валиден пасош којшто е украден или купен на црниот пазар така што ќе ја сменат фотографијата или биографските податоци или, пак, нелегално купуваат валиден пасош на нивно име или со псевдоним така што ќе подмитат корумпиран службеник. Во публикацијата анализираме зошто и како постои овој проблем во регионот и што може да се направи за да се сузбијат состојбите.

    Прочитај повеќе