Балканските борци се подготвени за борба во Украина, каде е ризикот од организиран криминал.
Војната во Украина замени одредени пазари на криминал (како што е трговијата со хероин) и создаде сосема нови можности за организиран криминал, на пример оние поврзани со трговијата со оружје, синтетички дроги и луѓе. Всушност, еден неодамнешен состанок на Европската мултидисциплинарна платформа против закани (EMPACT), свикан од ЕВРОПОЛ, предупреди дека војната во Украина би можела да влијае врз 10 пазари на криминал и „високо ризични криминални мрежи“.1 Колку и да звучи сериозно ова предупредување, не ја напоменува потенцијалната закана кон безбедноста и политичката стабилност во шесте земји на Западен Балкан (ЗБ6) наметната од борците кои се враќаат од војната во Украина. Се чини дека оние кои ги прават политиките во ЕУ или владите на државите од ЗБ6 не се справуваат соодветно со заканата,2 без разлика дали се активни националните антитерористички стратегии и процените за закани од организиран криминал.3
Неодамнешните истражувања покажуваат дека организираните криминални групи, вклучувајќи ги и тие од ЗБ6, имаат софистициран модус операнди и методи за регрутација. На пример, овие криминални групи од ЗБ6 ги имаат проширено своите мрежи сè до Латинска Америка, Јужна Африка и Средниот Исток.4 Во минатото, млади мажи со борбено искуство од војните во поранешна Југославија честопати стануваа пиони во криминалните организации и во ЗБ6 и во странство. Тие беа претприемачи на пазарот на насилство и ги најмуваа како насилници, телохранители, снајперисти, платени убијци и експерти за врски, како и за шверц на оружје и поставување експлозиви. Денес, криминалните групи од ЗБ6 кои оперираат во регионот и во странство се во потрага по поединци со воени вештини, вклучувајќи ги и оние поврзани со познавање на употреба на оружје и експлозиви, комуникациски врски и контраразузнавање или способност за шверц на пари и дроги или неутрализирање на непријателите со помош на софистицирани методи на убиство.5 Некои од најмоќните криминални организации во регионот и на други големи криминални пазари како што е на пример оној во Латинска Америка се управувани или раководени од поединци кои посетиле воена обука.6 Организираните криминални групи во последно време се во потрага по овој профил на луѓе;7 а сето значи дека борците повратници би можеле да бидат целна група. Иако не постојат цврсти докази што укажуваат на директна поврзаност помеѓу странските борци повратници и организираните криминални групи во ЗБ6, сепак, овој ризик треба сериозно да се разбере, особено поради историјата на регионот кој е извор, но и дестинација за странски борци.
Фотографија: Горан Узуновиќ/EyeEM
Во минатото, ЗБ6 беше и дестинација и регион на извор на странски борци. Се смета дека бројот на странски борци што беа ангажирани на сите страни на конфликтите за време на војните во поранешна Југославија не надминал повеќе од 5 % од вкупниот број на борците.8 Меѓутоа, за време на војната во Босна и Херцеговина, етничките српски борци беа поддржани од странски борци наречени „контрактники“ или борци платеници кои главно доаѓаа од земји со слична православна верска припадност, како што се Русија, Грција, Романија, Украина и Полска.9 Околу 700 руски странски борци се бореа само во војната во Босна и Херцеговина, според Владата на Република Српска.10 Бошњаците истовремено беа поддржувани од стотици странски борци (процените се движат меѓу 400 и 1200 луѓе), главно од Блискиот Исток.11 За време на војната во Косово, пак, во 1998/99 година, стотици странски борци се приклучија на Ослободителната војска на Косово, главно од Албанија, Северна Македонија, Шведска, Белгија, Обединетото Кралство, Германија и САД.12 Дури и за време на конфликтот во тогашна поранешна Југословенска Република Македонија во 2001 година, на боиштата пристигнаа борци од Косово за да ја поддржат етничката албанска страна, а македонските безбедносни сили добиваа воздухопловна поддршка од Украина до јули 2001 година.13
Од друга страна, регионот на ЗБ6 истовремено е и место од каде се „извезуваат“ странски борци. На пример, се проценува дека околу 1000 млади мажи и жени од ЗБ6 се приклучиле на Исламската Држава во конфликтите во Сирија и Ирак помеѓу 2012 и 2016 година.14 Постоеше загриженост дека повратниците ќе се радикализираат.15
Исто така, постојат индикации дека српските граѓани кои застанаа на страната на проруските сили во Крим во 2014 година произлегоа од српските паравоени сили.16 Значи, опасноста од странските борци не потекнува само од тоа дека тие можеби ќе се вратат со радикализирани идеолошки или политички гледишта, туку и од тоа дека поранешни криминалци можеби ќе се вратат на живот полн со криминал со зголемено борбено искуство, нови мрежи и како резултат на тоа, пристап до нелегални трговии.17
Балкански борци во Украина
Се проценува дека околу 1500 странски борци ширум светот се приклучиле на борбата за време на првата инвазија на Украина во 2014 година (до јуни 2016 година).18 Во втората инвазија на Украина во февруари 2022 година, имало околу 36000, според бројките од јули 2022 година.19 Ако се спореди со проценетите 40000 странски борци кои се приклучиле на Исламската Држава за време на нејзиното четиригодишно присуство во Сирија и Ирак (2014–2018 година), бројот на странски борци кои се приклучиле на вториот конфликт (2022 година) во Украина само во првите месеци на војната е прилично висок. Веќе во првите години (2022 година) од кризата во и околу Украина, се смета дека околу 300 лица од ЗБ6 учествувале во борбата. Некои од нив се приклучуваат на проруските сепаратисти, а други, пак, на украинските волонтерски баталјони.20 Еден од главните извори на борци кои се бореа заедно со проруските сепаратисти е токму Србија, со приближно 100 лица.21 Наводно, некои од нив истовремено делувале и во периодот кога беше извршена анексијата на Крим во 2014 година.22
Сè уште не се знае колку странски борци од ЗБ6 биле ангажирани во војната во Украина од февруари 2022 година. Според медиумите, многу етнички Срби од Србија и Босна и Херцеговина волонтирале на руската страна,23 вклучително и како дел од групата Вагнер.24
Од друга страна, кога изби војната во февруари 2022 година, Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека се регрутираат и превезуваат платеници од Албанија, Косово и Босна и Херцеговина во Донбас во Украина за да се борат против бунтовниците кои ги поддржува Москва.25 Претставници од Албанија, Косово и Босна и Херцеговина негираа дека има платеници од нивните земји во Украина и укажаа дека спротивните тврдења од Русија се „лажни обвиненија“.26
Фотографија: Министерство за одбрана на Украина
Профил и мотивација на странските борци
Во неговото детално истражување за странски борци со екстремистичко идеолошко минато во конфликтот во Украина од 2014 година, Кацпер Рекавек објаснува дека западните странски борци од двете страни доаѓаат со различно идеолошко минато, вклучувајќи ја крајната десница, крајната левица и црвено-кафеавите национал-комунисти. Меѓутоа, Рекавек заклучува во своето истражување дека тие што се бореа во 2022 година, се чини дека се помалку радикализирани и политизирани.27
Говорејќи за минатото и мотивациите на борците од ЗБ6 кои се приклучуваат на тековната војна во Украина, се констатира дека некои од нив се мотивирани од националистички, идеолошки (како што е десничарскиот екстремизам) или религиозни причини, а другите се платеници. Некои борци од Хрватска тврдеа дека ја поддржувале Украина бидејќи „била една од првите земји коишто ја признале независноста на Хрватска“ во 1991 година и подоцна ѝ помогнала на земјата „по земјотресите во Загреб и Бановина“ во 2020 година.28 Од друга страна пак проруските борци од Србија додаваат дека се мотивирани од пансловенска солидарност,29 дополнително од благодарност за поддршката од Русија во претходни конфликти (на пример, кризата со Република Српска),30 натаму од одмазда кон Западот или поради врските со крајно десничарски организации, како што е српската група Народна патрола.31 Иако повеќето нејзини членови се млади кои подлегнале под влијание на пропаганда и идеологија, одреден дел се ветерани од војните во поранешна Југославија.32 Постои опасност дека поединците што се дел од единици со силна политичка и идеолошка определеност – доколку преживеат – ќе се вратат дома и со борбено искуство и со радикализирани гледишта.33
Искуствата добиени од истражувањата за мотивите на странските борци од ЗБ6 што се приклучиле на Исламската Држава и инвазијата на Украина од 2014 година исто така покажуваат дека одредени странски борци со криминална историја се приклучиле на конфликтите во странство со цел да избегнат кривично гонење во матичната земја.34
Ефективноста на ЗБ6 при справувањето со борци повратници
Земјите од ЗБ6 имаат одредено искуство во справување со повратот процесот на враќање на борците коишто се приклучиле на Исламската Држава во конфликтите во Сирија и Ирак. Речиси сите погодени земји во ЗБ6 спроведуваат програми за рехабилитација и реинтеграција за лицата повратници од подрачјата со конфликт од 2020 година па навака, најчесто цивили - малолетници и жени, но исто така и возрасни мажи борци.35 Сето што се спроведува е од особена важност бидејќи во одредени случаи, како што е на пример оној во Косово, мажите и жените повратници се приведуваат поради обвиненија и кривични пријави за тероризам.36 Овие програми вклучуваат психолошко и религиозно советување за затворениците, социјална поддршка за семејствата и изработка на нови програми за вработување за тие што повторно влегуваат во општеството.37
Треба да се има предвид дека сите земји на ЗБ6 ги усвоија регулативите 2178 (2014 година) и 2396 (2017 година) на Советот за Безбедност на ОН чија цел е да се спречи регрутирањето и превезувањето на странските терористички борци и да се погрижат дека земјите ќе изработат стратегии за гонење, рехабилитација и реинтеграција за да се справат со борците повратници.38 Меѓутоа, повеќето земји на ЗБ6 ја немаат потпишано Меѓународната конвенција против регрутирање, користење, финансирање и обука на платеници, којашто стапи на сила во 2001 година.39 Ризикот оваа Конвенција да не се потпише го поплочува патот за земјите во регионот да дозволат користење, финансирање и обука на платеници коишто меѓународните групи на организиран криминал би ги најмувале за да вршат кривични дела и да го дестабилизираат владеењето на правото.
ЗБ6 го имаат изменето законодавството со цел да ги прогласат сите облици на учество во вооружен конфликт во странство за нелегални,40 а Србија е единствената земја во регионот којашто изрично ја нема прогласено поддршката на јавноста за патување во конфликтни зони во странство за нелегална. Кривичните дела за странските борци се разликуваат од земја до земја, но Албанија и Косово имаат најстроги казни, со казни затвор од пет до 15 години.41
Проблемот со повратот на странските борци – на кој му се посвети огромно внимание кога стотици луѓе од регионот се приклучија на Исламската Држава – вреди да се погледне одблизу. Може да се каже дека ризикот од радикализација на мажите коишто се борат во Украина е помал отколку за тие што се бореа во Средниот Исток. Всушност, досега поврзаноста помеѓу организираниот криминал и странските борци во Украина од Балканот се чини дека е слаба. И покрај тоа, повратот на младите мажи од ЗБ6 коишто се борат во Украина би можел да ги зајакне паравоените сили, да ги разгори меѓуетничките тензии и да го зголеми изборот на потенцијални пиони за криминалните групи, како што беше случај после војните во поранешна Југославија во 1990-тите. Значи, стратегиите за процена на заканата за борбата со организираниот криминал и тероризмот треба да ги следат и анализираат потенцијалните ризици кои ги поставуваат странските борци повратници.
Забелешки
-
„Високо ризичните криминални мрежи“ не се дефинирани од страна на EMPACT, но овој термин се однесува на оние што се служат со „корупција, чинови на насилство, оружје и перење пари преку паралелни финансиски системи во подземјето“. Council of the EU, Fight against organised crime: Council sets out 10 priorities for the next 4 years, 26 мај 2021 година, https://www.consilium.europa.eu/en/press/press-releases/2021/05/26/fight-against-organised-crime-council-sets-out-10-priorities-for-the-next-4-years. ↩
-
Cooperation on the fight against organised crime in the Western Balkans (P9_TA(2021)0506), Резолуција на Европскиот парламент, 15 декември 2021 година, https://www.europarl.europa.eu/doceo/document/TA-9-2021-0506_EN.html. ↩
-
Стратегијата на ЕУ ја спомнува соработката во борбата со тероризмот, но не се осврнува на ризикот од странските борци повратници. Communication from the Commission to the European Parliament, the Council, the European Economic and Social Committee and the Committee of the Regions on the EU Strategy to tackle Organised Crime 2021–2025, COM/2021/170 final, European Comission, 14 април 2021 година, https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=CELEX%3A52021DC0170&qid=1632306192409. ↩
-
EUROPOL, Joint investigation team leads to dismantling of one of Europe’s most active Albanian-speaking networks trafficking cocaine into Europe, 17 септември 2020 година, https://www.europol.europa.eu/media-press/newsroom/news/joint-investigation-team-leads-to-dismantling-of-one-of-europe%E2%80%99s-most-active-albanian-speaking-networks-trafficking-cocaine. ↩
-
Walter Kemp, Transnational tentacles: Global hotspots of Western Balkan organised crime, GI-TOC, јули 2020 година, https://globalinitiative.net/wp-content/uploads/2020/07/Transnational-Tentacles-Global-Hotspots-of-Balkan-Organized-Crime-ENGLISH_MRES.pdf. ↩
-
Carter Smith, Gangs and the military note 2: Military-trained gang members as criminal insurgents, списание Small Wars, 31 May 2018 година, https://smallwarsjournal.com/jrnl/art/gangs-and-military-note-2-military-trained-gang-members-criminal-insurgents. ↩
-
Ibid. ↩
-
Evan F Kohlmann, Al-Qaida’s Jihad in Europe: The Afghan-Bosnian Network, Оксфорд/Њујорк: Издавачка куќа Berg, 2004, 18–19. ↩
-
Arielli Nir, In search of meaning: Foreign volunteers in the Croatian armed forces, 1991–95, Contemporary European History 21, 1, 1–17; Wspomnienia byłego najemnika, Polaka – uczestnika wojny w Bośni i Hercegowinie / Johny B., ‘Kurier WNET’ 70/2020, Радио Wnet, 1 мај 2020 година, https://wnet.fm/kurier/wspomnienia-bylego-najemnika-polaka-uczestnika-wojny-w-bosni-i-hercegowinie-johny-b-kurier-wnet-70-2020. ↩
-
Meliha Kešmer, Od Bosne do Ukrajine ista lica među ruskim dobrovoljcima, Радио Слободна Европа, 10 март 2022 година, https://www.slobodnaevropa.org/a/rusi-placenici-bih-rat-visegrad-ukrajina/31746321.html. ↩
-
Vlado Azinović и Merdijana Sadović, Otkuda strani mudžahedini u BiH?, Радио Слободна Европа, 20 април 2008 година, https://www.slobodnaevropa.org/a/1107532.html; Edin Subašić, ‘Džihad’ u BiH (1): Mudžahedini su podvala Zapada, Al Jazeera, 3 мај 2019 година, https://balkans.aljazeera.net/opinions/2019/5/3/dzihad-u-bih-1-mudzahedini-su-podvala-zapada. ↩
-
Adriatik Kelmendi, Kosovars refute Islamic terror claims, Институтот за известување за војна и мир, 11 ноември 2001 година, https://iwpr.net/global-voices/kosovars-refute-islamic-terror-claims. ↩
-
Taraz Kuzio, Ukraine forges military alliance with Macedonia, The Jamestown Foundation, 7, 10, https://jamestown.org/program/ukraine-forges-military-alliance-with-macedonia/#.VUfxKvmqqko. ↩
-
Vlado Azinović, ed, Between salvation and terror: Radicalization and the foreign fighter phenomenon in the Western Balkans, School of Political Sciences and Atlantic Initiative, 2017 година, https://atlanticinitiative.org/wp-content/uploads/2017/05/images_BetweenSalvationAndTerror_BetweenSalvationAndTerror.pdf. ↩
-
Leonie Vrugtman, Future challenges of violent extremism in the Western Balkans, Институт за демократија и посредување, февруари 2019 година, https://idmalbania.org/future-challenges-of-violent-extremism-in-the-western-balkans-february-2019. ↩
-
Aleksandar Vasovic, Serbian paramilitaries join pro-Russian forces in Crimea, Reuters, 14 март 2014 година, https://www.reuters.com/article/us-crimea-volunteers-idUSBREA2D0C020140314. ↩
-
Tanya Mehra и Abigail Thorley, Foreign fighters, foreign volunteers and mercenaries in the Ukrainian armed conflict, Меѓународен центар за контратероризам, 11 јули 2022 година, https://icct.nl/publication/foreign-fighters-volunteers-mercenaries-in-ukraine. ↩
-
Asya Metodieva, Balkan fighters in Eastern Ukraine: Why are they there?, Ridl, 29 април 2019 година, https://ridl.io/balkan-fighters-in-eastern-ukraine-why-are-they-there/#:~:text=About%20300%20Balkan%20fighters%20have,if%20it%20was%20their%20own. ↩
-
Tanya Mehra и Abigail Thorley, Foreign fighters, foreign volunteers and mercenaries in the Ukrainian armed conflict, Меѓународен центар за контратероризам, 11 јули 2022 година, https://icct.nl/publication/foreign-fighters-volunteers-mercenaries-in-ukraine. ↩
-
Vuk Velebit, Serb fighters in Ukraine continue to worry the West, European Western Balkans, 19 декември 2017 година, https://europeanwesternbalkans.com/2017/12/29/serb-fighters-ukraine-continue-worry-west. ↩
-
Ibid. ↩
-
Jelena Beslin и Marija Ignjatijevic, Balkan foreign fighters: From Syria to Ukraine, Кусо издание 20, Институт на Европска Унија за безбедносни студии, јуни 2017 година, https://www.iss.europa.eu/sites/default/files/EUISSFiles/Brief%2020%20Balkan%20foreign%20fighters.pdf. ↩
-
Nermina Kuloglija и Azra Husaric Omerovic, Serb Volunteers Answer Call to Fight in Ukraine, Balkan Insight, 8 март 2022 година, https://balkaninsight.com/2022/03/08/serb-volunteers-answer-call-to-fight-in-ukraine. ↩
-
Maja Zivanovic, Donbass brothers: How Serbian fighters were deployed in Ukraine, Balkan Insight, 13 декември 2018 година, https://balkaninsight.com/2018/12/13/donbass-brothers-how-serbian-fighters-were-deployed-in-ukraine-12-12-2018. ↩
-
Alice Taylor, Moscow claims mercenaries from Western Balkans fight in Ukraine, Еурактив, 22 февруари 2022 година, https://www.euractiv.com/section/politics/short_news/moscow-claims-mercenaries-from-western-balkans-fight-in-ukraine. ↩
-
Talha Ozturk, Western Balkan countries rebuff Russian claims they sent mercenaries to Ukraine, Агенција Анадолија, 21 февруари 2022 година, https://www.aa.com.tr/en/politics/western-balkan-countries-rebuff-russian-claims-they-sent-mercenaries-to-ukraine/2508795. ↩
-
Kacper Rekawek, Western extremists and the Russian invasion of Ukraine in 2022: All talk, but not a lot of walk, Проект за контраекстремизам, 2022 година, https://www.counterextremism.com/sites/default/files/2022-05/Western%20Extremists%20and%20the%20Russian%20Invasion%20of%20Ukraine%20in%202022_May%202022.pdf. ↩
-
Matea Grgurinovic, Croatian volunteer fighters head for Ukrainian frontline, Balkan Insight, 28 февруари 2022 година, https://balkaninsight.com/2022/02/28/croatian-volunteer-fighters-head-for-ukrainian-frontline. ↩
-
Meliha Kešmer, Od Bosne do Ukrajine ista lica među ruskim dobrovoljcima, Радио Слободна Европа, 10 март 2022 година, https://www.slobodnaevropa.org/a/rusi-placenici-bih-rat-visegrad-ukrajina/31746321.html. ↩
-
Marko Didić, Dobrovoljci iz Republike Srpske vraćaju ratni dug ‘braći Rusima’? Evo gdje ova teorija vuče korijene, riječi umirovljenog generala otkrivaju sve: ‘Dok su Srbi i Rusi zajedno, Allahov put neće biti uspostavljen‘, Слободна Далмација, 24 мај 2022 година, https://slobodnadalmacija.hr/vijesti/regija/dobrovoljci-iz-republike-srpske-vracaju-ratni-dug-braci-rusima-evo-gdje-ova-teorija-vuce-korijene-rijeci-umirovljenog-generala-otkrivaju-sve-dok-su-srbi-i-rusi-zajedno-allahov-put-nece-biti-uspostavljen-1195334. ↩
-
Nermina Kuloglija и Azra Husaric Omerovic, Serb volunteers answer call to fight in Ukraine, Balkan Insight, 8 март 2022 година, https://balkaninsight.com/2022/03/08/serb-volunteers-answer-call-to-fight-in-ukraine. ↩
-
Ibid. ↩
-
Snezana Bjelotomic, Serbian and Russian ultra-right joining forces, Српски монитор, 22 јули 2022 година, https://www.serbianmonitor.com/en/serbian-and-russian-ultra-right-joining-forces. ↩
-
Jelena Beslin и Marija Ignjatijevic, Balkan foreign fighters: From Syria to Ukraine, Кусо издание 20, Институт на Европска Унија за безбедносни студии, јуни 2017 година, https://www.iss.europa.eu/sites/default/files/EUISSFiles/Brief%2020%20Balkan%20foreign%20fighters.pdf. ↩
-
Fjori Sinoruka, Xhorxhina Bami and Sinisa Jakov Marusic, Welcome Home? ISIS returnees test Balkan countries’ ability to reintegrate, Balkan Insight, 20 август 2021 година, https://balkaninsight.com/2021/08/20/welcome-home-isis-returnees-test-balkan-countries-ability-to-reintegrate. ↩
-
Ibid. ↩
-
Adrian Shtuni, Rehabilitation and reintegration path of Kosovar minors and women repatriated from Syria, Меѓународен републикански институт, 14 септември 2021 година, https://www.iri.org/resources/new-report-supports-rehabilitation-of-kosovo-youth-and-women-with-connection-to-violent-extremism. ↩
-
Naureen C Fink и Colin P Clarke, Foreign fighters are heading to Ukraine. That’s a moment for worry, Politico, 10 март 2022 година, https://www.politico.com/news/magazine/2022/03/10/foreign-fighters-are-heading-to-ukraine-thats-a-moment-for-worry-00016084. ↩
-
United Nations, List of signatories to the International Convention against the Recruitment, Use, Financing and Training of Mercenaries, 11 декември 2022 година, https://treaties.un.org/Pages/ViewDetails.aspx?src=IND&mtdsg_no=XVIII-6&chapter=18&clang=_en. ↩
-
Luka Glusac, Criminalization as anxious and ineffective response to foreign fighters phenomenon in the Western Balkans, Журнал за регионална безбедност, 15, 1, 39–74. ↩
-
Ibid. ↩