Фудбалскиот хулиганизам во Западен ги Балкан открива врски меѓу хулиганството, политиката, насилството и криминалот, иако тие се разликуваат низ регионот.
„Денеска е недела“, ден за фудбалски натпревар. Така еден уметник го слави својот омилен фудбалски клуб ФК Партизан испишуваќи графити низ Белград, цитирајќи го популарниот српски поет и фудбалски навивач Душко Радовиќ. Цитатот се однесува на денот кога генерално се играат фудбалски натпревари, а муралот потсетува на чувствата на почит, издржливост, лојалност и интегритет.
Фотографија: Бахрудин Бандиќ
Но, на Западен Балкан овој ден за фудбал повремено покажува спротивни вредности. Навивачите скандираат расистички и националистички слогани, додека поддржувачите на ривалските тимови се тепаат меѓу себе или со полицијата. Ова не е проблем кој го има само на Балканот, но како што покажува новиот извештај на ГИ-ТОК, во некои случаи има дестабилизирачки врски помеѓу фудбалските хулигани, политиката и организираниот криминал.1
Нашето истражување анализираше 122 навивачки групи на фудбалски клубови во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија и идентификуваше 78 групи чии следбеници може да се сметаат за „ултрас“, имено страсни и добро организирани здруженија на фудбалски навивачи. Од овие 78 тврдокорни навивачки групи, 21од нив може да се сметаат за хулигани кои претставуваат сериозен безбедносен ризик не само поради нивната склоност кон насилство, туку и поради нивната поврзаност со политиката и организираниот криминал.
Извор: Саша Ѓорѓевиќ и Ругеро Скатуро, Опасни игри: Фудбалски хулиганизам, политика и организиран криминал на Западен Балкан, ГИ-ТОК, јуни 2022 г., https://globalinitiative.net/wp-content/uploads/2022/06/Football-hooliganism-politics-and-organized-crime-in-the-Western-Balkans-GITOC-SEEObs.pdf.
Насилство
Хулиганските групи во Западен Балкан се познати по употребата на насилство, со особено критична ситуација во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија. Насилството поврзано со фудбалот често дава силен националистички призвук, при што навивачите ги пеат националните химни, прикажуваат фашистички симболи и ги величаат воените херои.2
Некои хулигани, исто така, наводно се приклучиле на паравоени групи, што укажува на постоење на врска помеѓу употребата на насилство и политичкиот екстремизам. На пример, членовите на српските обединети сили (поддржувачи на ФК Рад од Белград), Фирма (поддржувачи на ФК Војводина од Нови Сад)3 и ултрас со седиште во Мостар, Босна и Херцеговина (поддржувачи на ФК Зрињски), се бореа во конфликтите во Украина и Сирија.4 Нивните дела често се прикажуваат и фалат на социјалните платформи.
Фотографија: Бахрудин Бандиќ
Дури ниту карантинот не го сопре насилството. Пандемијата на КОВИД-19 ги испразни фудбалските стадиони, но не го спречи насилството што го предводат хулигани. Во април 2021 година, антагонизмот меѓу хулиганите од Мостар поделени околу етничкиот идентитет резултираше со вандализам.5 Во истиот месец, загриженоста за тензиите помеѓу приврзаниците на Црвена звезда и Партизан го натера Стејт департментот на САД да објави црвен аларм за можно насилство во Белград.6
Политика
Извештајот на ГИ-ТОК дава примери за искористување на фудбалските хулигани во политички цели во Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија. Политичките партии ги користат хулигански групи за да ја промовираат својата агенда со скандирања и транспаренти во стадионите и за да предизвикаат етничка или политичка тензија пред изборите. Тие може да бидат и „изнајмено обезбедување“ на демонстрациите. Како што објасни еден навивач во Бања Лука во Босна и Херцеговина, фудбалските хулигани „на политичарите им делуваат како приватна војска“.7
Во замена за насилна поддршка, политичарите им даваат на водачите на хулиганските групи профитабилни деловни можности и им гарантираат политичка заштита во случај на истраги или гонење.
Употреба на социјалните медиуми
Ултрас во Западен Балкан ги користат социјалните медиуми за да изразат чувства, вредности или верувања; за да споделуваат и коментираат на содржина; да спроведуваат деловни активности поврзани со групата, како што се активности за промоција на идентитетот; и за да регрутираат и мобилизираат поддржувачи за одредени собири или настани.
Ултрас и хулиганските групи во Западен Балкан обично користат Фејсбук и Инстаграм.8 Има и официјални и неофицијални профили. Официјалните профили обично објавуваат вести, промовираат навивачка група и клуб и продаваат стоки преку интернет. Спротивно на нив, многу неофицијални и приватни профили служат како алатки за функционирање и интерна комуникација на групата.9
Неофицијалните групи се примарно затворени за јавноста. Само веродостојни поединци може да станат дел до нив. Тие се привлечни и за младите генерации и за постарите носталгични индивидуи. Меѓутоа, на младите им е полесно да се приклучат. Понекогаш, доволно е само да се споделат објави и да постојат заеднички пријателства со администраторите на профилот. Кога постари корисници сакаат да се приклучат на групите, администраторите прво проверуваат дали имаат конекции со полицијата.10
Криминал
Врската помеѓу хулиганите и криминалот е особено силна во Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Во Србија пак е достигнато ниво на сериозен организиран криминал.
Во Босна и Херцеговина, некои Ултра членови, како што се Лешинари, Хорде Зла и Шкрипари, вршат ситни злосторства, но исто така се дел од организирани криминални групи вклучени во трговија со дрога и шверц на оружје.11 Во Северна Македонија, скопските хулигански групи Комити и Шверцерат се познати по тоа што продаваат дрога и шверцуваат оружје, што помага во финансирање на други недозволени активности.12
Во Србија има уште позагрижувачки степен на ризик. Членовите на некои хулигански групи се впуштаат во сериозен организиран криминал, но сепак уживаат добар степен на политичка заштита. Јањичари, поддржувачи на ФК Партизан, имаат изградено блиски врски со државните функционери (особено полицајци), како и со кланот Кавач, организирана криминална група од Црна Гора специјализирана за шверц на кокаин од Латинска Америка во Европа.13
Во февруари 2021 година, српската полиција го уапси водачот на Принципи (навивач за ФК Партизан) по неговото враќање од состанокот со кланот Кавачи во Црна Гора.14 Полицијата уапси над 20 членови на Принципи и ги обвини за здружување за криминални цели, трговија со дрога, поседување и трговија со оружје и тешко убиство.15
Како што се може да се види на Сликата број 2, нивото на ризик и врските помеѓу фудбалскиот хулиганизам, политиката и криминалот не се униформни во регионот; проблемот е најакутен во Босна и Херцеговина и Србија, додека врските помеѓу хулиганството и криминалот се отсутни во Албанија, а ниски во Косово, Северна Македонија и Црна Гора.
Извор: Саша Ѓорѓевиќ и Ругеро Скатуро, Опасни игри: Фудбалски хулиганизам, политика и организиран криминал на Западен Балкан, ГИ-ТОК, јуни 2022 г., https://globalinitiative.net/wp-content/uploads/2022/06/Football-hooliganism-politics-and-organized-crime-in-the-Western-Balkans-GITOC-SEEObs.pdf.
Написот произлегува од истражувањето од „Опасни игри: Фудбалски хулиганизам, политика и организиран криминал на Западен Балкан“, труд на Саша Ѓорѓевиќ и Ругеро Скатуро, објавен во јуни 2022 година. Достапно на https://globalinitiative.net/analysis/hooligans-crime-balkans/.
Забелешки
-
Saša Đorđević и Ruggero Scaturro, Dangerous games: Football hooliganism, politics and organized crime in the Western Balkans, GI-TOC, јуни 2022 г., https://globalinitiative.net/analysis/hooligans-crime-balkans/. ↩
-
Интервју со научник за насилен екстремизам во Мостар, Босна и Херцеговина, 7 мај 2021 година; Nemanja Stevanović, Ultradesničarski simboli na fudbalskim stadionima u Srbiji uprkos zakonskoj zabrani, VOICE, 17 октомври 2021 г., https://voice.org.rs/ultradesnicarski-simboli-na-fudbalskim-stadionima-u-srbiji-uprkos-zakonskoj-zabrani/; Marija Arnautović и Mirsad Behram, Fašizam na svom terenu: Ekstremistički pokliči sa bh. stadiona, Радио Слободна Европа, 13 ноември 2020 г., https://www.slobodnaevropa.org/a/fa%C5%A1izam-na-svom-terenu-ekstremisti%C4%8Dki-pokli%C4%8Di-sa-bh-stadiona/30946282.html; Srbija i nasilje u sportu: Zašto šovinizam pobeđuje sport u Srbiji – ‘problem je uvek u vašoj kući’, BBC na srpskom, 15 октомври 2021 г., https://www.bbc.com/serbian/lat/srbija-58928316; Fabio Bego, Do Albanians like Fascism? An Iconographical Investigation on Social Media Material, Modern Diplomacy, 3 јануари 2020 г., https://moderndiplomacy.eu/2020/01/03/do-albanians-like-fascism-an-iconographical-investigation-on-social-media-material/. ↩
-
Интервју со новинар Белград, Србија, 5 август 2021 г. ↩
-
Insajder bez ogranicenja: ‘Sukob oko sistema vrednosti’, Insajder, 16 мај 2017 г., https://insajder.net/sr/sajt/bezogranicenja/4715/. ↩
-
U Mostaru desetoro privedeno zbog tuce huligana, Danas, 25 април 2021 г., https://www.danas.rs/svet/u-mostaru-desetoro-privedeno-zbog-tuce-huligana/; Mirsad Behram и Selma Boracic Mrso, ‘Licilo je na 1993’. Mostar uznemiren posljednjim huliganskim nasiljem, Радио Слободна Европа, 26 април 2021 г., https://www.slobodnaevropa.org/a/incident-u-mostaru-huligani/31223736.html. ↩
-
Security Alert: Belgrade (Serbia), High risk of hooliganism when soccer clubs play on April 7, Overseas Security Advisory Council, Bureau of Diplomatic Security, U.S. Department of State, 6 April 2021, https://www.osac.gov/Country/Serbia/Content/Detail/Report/01aa3735-31c3-480e-85b7-1b4849c094ab. ↩
-
Интервју со член на групата Лешинари во Бања Лука, Босна и Херцеговина, 6 мај 2021 г. ↩
-
Интервју со новинар Белград, Србија, 29 јули 2021 г. ↩
-
Интервју со новинар Белград, Србија, 5 август 2021 г. ↩
-
Интервју со новинар Белград, Србија, 29 јули 2021 г. ↩
-
Интервју со фан на Комити Скопје, Северна Македонија, 5 април 2021 г.; Интервју со фан на Сити Парк Бојс (СПБ) Скопје, Северна Македонија, 5 април 2021 г. ↩
-
Исто. ↩
-
Stevan Dojčinović et al, Rat balkanskog podzemlja: Ubistva, veze u policiji i u vrhu drzave, KRIK, 5 мај 2020 г., https://www.krik.rs/rat-balkanskog-podzemlja-ubistva-veze-u-policiji-i-u-vrhu-drzave/; Bojana Jovanović and Stevan Dojčinović, Gangsters and hooligans: key players in the Balkan cocaine wars, OCCRP, 5 мај 2020 г., https://www.occrp.org/en/balkan-cocaine-wars/gangsters-and-hooligans-key-players-in-the-balkan-cocaine-wars. ↩
-
Odredjen pritvor osumnjicenima V. Belivuk i drugi, Visi sud u Beogradu, 6 февруари 2021 г., https://www.bg.vi.sud.rs/vest/2991/odredjen-pritvor-osumnjicenima-v-belivuk-i-drugi.php. ↩
-
Исто. ↩