Ниските плати на полицијата низ Западен Балкан доведуваат до ризик од зголемена корупција помеѓу полициските сили.
Главната улога на полицијата во една демократија е да го одржи јавниот ред и мир, да спречува криминал и да се бори против него, како и да им служи на граѓаните чии даноци ја плаќаат јавната безбедност. Полицијата овозможува услуга што често е ризична и може да вклучува долги работни часови под тешки услови. Работата може да земе данок од менталното здравје, бара истрајност и добра проценка и огромна одговорност, вклучувајќи – во исклучителни случаи – смртоносна употреба на сила.
Вреди да се напомене дека иако луѓето во Западен Балкан гледаат простор за напредок во поглед на кривичната правда (вклучувајќи ја и борбата против организиран криминал),1 тие имаат релативно добро мислење за полицијата.2 Би се очекувало оние кои се одговорни за безбедноста на граѓаните да примаат плата што е разумна во однос на трошоците за живеење, привлечна за професионалните и мотивирани индивидуи и доволна за да промовира задоволство од работата. Меѓутоа, платите на ниските полициски службеници во Западен Балкан велат нешто друго.
Не секогаш е лесно да се дојде до информации за полициските плати во земјите на Западен Балкан. ГИ-ТОК ги собра и состави информациите дадени во продолжение со помош на неколку извори; ова е нашата најдобра проценка според достапните податоци (главно од 2021 година). За да се олеснат споредби, платите се претставени во евра и нето вредност, откако ќе се одбијат даноците и придонесите. Во ниту една земја од регионот нема разлика помеѓу нивото на платите на машките и женските полициски службеници, бидејќи платата секогаш се поврзува со работната позиција во полицијата.
Држава | Број на граѓани | Број на вработени во Министерството за внатрешни работи | Број на полициски службеници (овластени за спроведување на законот) | Полициски плати | Број на полициски службеници на 100.000 жители | |
---|---|---|---|---|---|---|
Полициски службеник | Виш полициски службеник | |||||
Албанија | 2 846 000 | 15 109 | 11 802 | €406 | €1 401 | 260 |
Босна и Херцеговина | 3 281 000 | 19 1403 | 15 7774 | €340–460 | €5115 | 481 |
Косово | 1 873 000 | 10 600 | 8 104 | €447–541 | €569–1 761 | 464 |
Црна Гора | 621 873 | 721 | 4 680 | €396 | €1 353 | 502 |
Северна Македонија | 2 083 000 | 12 599 | 9 953 | €380–450 | €360–1 380 | 341 |
Србија | 8 737 000 | 41 438 | 31 313 | €440 | €2 296 | 435 |
Извори: Извештаи на Европската комисија за напредок во 2021 г.
За да се стават во перспектива некои од овие плати, беше пријавено дека минималната плата во Црна Гора во 2021 година изнесувала 532 евра, во Северна Македонија изнесувала 360 евра, а во Србија изнесувала 400 евра. Во 2020 година, просечната плата во Косово изнесувала 416 евра,6 додека пак, минималната полициска плата во 2021 година изнесувала 447 евра. Условите се уште помалку привлечни во Албанија, каде во 2021 година минималната полициска плата била 18 % пониска од просечната плата во земјата.7 Ситуацијата во Босна и Херцеговина е уште полоша, со тоа што минималната полициска плата била 30 % пониска од просекот во 2019 година.8 Со растечките цени, минималната плата е често недоволна за да се покријат основните потреби на едно просечно семејство. Накратко, почетната плата за еден полициски службеник во повеќето земји од регионот е прилично лоша.
За споредба, просечната месечна плата на полициските службеници во Романија9 или Словенија е околу 1000 евра месечно,10 додека почетните плати на полицијата во Унгарија не се многу повисоки од оние на нивните колеги од Западен Балкан.11
Платите се зголемуваат според чинот, образованието и бројот на години стаж. Службениците може да бидат платени и за прекувремена работа, за долги работни часови или за преземање ризични задачи. Општо земено, платите за раководителот на полицискиот округ се двојно повисоки од минималната плата.
Вреди да се напомене дека платите се генерално најниски кај припадниците на граничната полиција и релативно високи за припадниците на полицијата кои што работат во единици за борба против организиран криминал. На пример, во Србија (каде полициската плата има најголем раст во регионот), просечната плата за лице кое работи во директоратот за гранична полиција изнесува 807 евра месечно, а просечната плата за единицата за борба против организиран криминал изнесува 1.034 евра. Во Црна Гора, бројките изнесуваат 562 евра за гранична полиција и 784 евра за лица вработени во единицата за борба против организиран криминал.
Полициските директори во регионот главно имаат плати во опсег од 1.200 до 1.700 евра месечно. Интересно е дека на шефот на полицискиот инспекторат вообичаено му се исплаќа плата која е блиска до нивото на највисоката позиција во полициската хиерархија.
Ризик од корупција
Постои широко распространето чувство меѓу полициските организации во Западен Балкан дека полицајците се недоволно платени.12 Полициските раководни структури и синдикатите во сите шест земји се залагаат за повисоки плати со цел да привлечат и задржат добри регрути, да ја задржат професионалноста на полициската служба и да ја намалат корупцијата.
Иако платите се зголемија во последните години, неколку полициски синдикати тврдат дека професијата станала поопасна и дека работата не е доволно наплатена.13 Ова ги принудува полициските службеници да бараат други, полукративни работи за да ги одржуваат своите семејства. Ова може да вклучува и ангажирање во други слични работни позиции, како приватни компании за обезбедување. Но ризикот е тоа што недоволно платената и незадоволна полиција може да биде поподложна на корупција, конфликт на интерес или здружување со криминални групи. Неколку неодамнешни случаи – вклучувајќи ги и оние на границата помеѓу Косово и Албанија кои беа претходно истакнати во овој билтен на ризици – посочуваат и кон корупција и кон сериозно здружување со криминални групи. Ова ја загрозува јавната безбедност и ја поткопува довербата во полицијата.
Меѓутоа, мора да внимаваме за тоа како ги поврзуваме ниските плати и корупцијата. Повисоките плати, сами по себе, можеби нема да го зајакнат интегритетот. Полицијата треба да е задоволна од работата, можностите за напредок во кариерата но и признанието на нивната работа. Натаму, важно е да имаат обуки за етика, како и за ефективни и ефикасни механизми за следење што промовираат интегритет. Платите на полицијата треба да се привлечни и пропорционални со вклучените ризици и одговорности. Како што криминалците од Западен Балкан ги модернизираат своите техники и ги засилуваат меѓународните контакти, така полицијата од регионот треба да го направи истото.
Забелешки
-
Regional Cooperation Council, Balkan Barometer 2020, Public opinion, април 2020 г., https://www.rcc.int/download/docs/2020-06-Balkan-Barometer-Public-Opinion_final.pdf/bf27f9fc10de8a02df9db2b60596f0cd.pdf. ↩
-
Center for Insights in Survey Research, Western Balkans regional poll, февруари – март 2020 г., https://www.iri.org/wp-content/uploads/2020/06/final_wb_poll_for_publishing_6.9.2020.pdf. ↩
-
Сите бројки за Босна и Херцеговина се од 2019 година. Ова е вкупниот број полицајци во државното Министерство за безбедност и МВР на Република Српска, како и полицајци од кантоните и судската полиција. ↩
-
Проценет број на полицајци, по однос во извештајот на ЕК за напредокот на Босна и Херцеговина во 2021 година. ↩
-
Бројките за полициските плати во Босна и Херцеговина се од 2019 година. Policajci iz BiH se bune zbog malih plaća, uputili zahtjeve, evo koliku osnovicu traže, Радио Сарајево, 25 февруари 2022 г., https://radiosarajevo.ba/vijesti/bosna-i-hercegovina/policajci-iz-bih-se-bune-zbog-malih-placa-uputili-zahtjeve-evo-koliku-osnovicu-traze/448454. ↩
-
Kosovo Agency of Statistics, Statistikat Sociale: Niveli i pagave në Kosovë 2020, Ministry of Finance, Labor and Transfers, https://ask.rks-gov.net/media/6030/niveli-i-pagave-n%C3%AB-kosov%C3%AB-2020.pdf” ↩
-
Institute of Statistics of Albania, Statistikat e Pagave, Tremujore IV/2021, 10 март 2022 г., [http://www.instat.gov.al/media/9660/pagat_press_release-t4-2021-altcom.pdf](http://www.instat.gov.al/media/9660/pagat_press_release-t4-2021-altcom.pdf). ↩
-
Average Monthly Net Salary in Bosnia and Herzegovina is 945 BAM, Sarajevo Times, 16 март 2020 г., https://sarajevotimes.com/average-monthly-net-salary-in-bosnia-and-herzegovina-is-945-bam/; Average net salary in Bosnia amounts to €500 in October 2021, N1, 20 December 2021, https://ba.n1info.com/english/news/average-net-salary-in-bosnia-amounts-to-e500-in-october-2021/. ↩
-
Average Salary In Romania, Career Explorer, 11 јануари 2022 г., https://careerexplorerguide.com/average-salary-in-romania/. ↩
-
Police Officer Average Salary in Slovenia 2022, Salary Explorer, https://www.salaryexplorer.com/salary-survey.php?loc=198&loctype=1&job=504&jobtype=3. ↩
-
John Woods, Hungarian police officers’ starting salary is lower than 520 EUR/month!, Daily News Hungary, 11 мај 2022 г., https://dailynewshungary.com/hungarian-police-officers-starting-salary-is-lower-than-520-eur-month/. ↩
-
Oznaka: Niske plate policijskih službenika, Raport, https://raport.ba/tag/niske-plate-policijskih-sluzbenika/. ↩
-
Protest policijskih službenika u BiH: ‘Prosječna plata nam je 665 KM’, Fokus, 17 март 2021 г., https://www.fokus.ba/vijesti/bih/protest-policijskih-sluzbenika-u-bih-prosjecna-plata-nam-je-665-km/2021136/. ↩