Global Organized Crime Index
Опсерваторија на Нелегални Економии во Југо-Источна Европа
Резиме на главни поенти
-
Ниските плати на полицијата во Западен Балкан доведуваат до ризик од зголемена корупција помеѓу полициските сили.
Јавноста има големи очекувања од полицијата: бргу да реагираат на итни случаи; да ги ризикуваат своите животи за да ја заштитат заедницата да го спроведуваат законот; и да ја вршат својата тешка но и опасна работа на професионален начин и со интегритет. Но, иако очекувањата се високи, платите на пониските полициски службеници во Западен Балкан се релативно ниски. Овој јаз зголемува одредени ризици, вклучувајќи го и оној од корупција. Го разгледуваме овој проблем, неговото влијание и што може да се преземе за да се реши.
-
Фудбалскиот хулиганизам во Западен Балкан ги открива врски меѓу хулиганството, политиката, насилството и криминалот, иако тие се разликуваат низ регионот.
Некои фудбалски тимови од Западен Балкан – и на клупско и на национално ниво – имаат озлогласена репутација на насилство. Но, колку е сериозен проблемот и кои се врските меѓу фудбалскиот хулиганизам, политиката и организираниот криминал? Одговорите се истражени во неодамнешниот извештај на ГИ-ТОК насловен како Опасни игри, кој анализира 122 навивачки групи на фудбалски тимови во шестте земји од регионот. Насловот дава одговор кој произлегува од ова истражување.