Global Organized Crime Index
Опсерваторија на Нелегални Економии во Југо-Источна Европа
Број
16
август
2023
Резиме на главни поенти
-
Максимална експлоатација: пост-конфликтна Украина претставува огромен ризик од трговија со огнено оружје.
Војната во Украина отвори нови хоризонти за организираниот криминал. Еден од најголемите е трговијата со огнено оружје. Додека Украина во моментов е како сунѓер, „впивајќи“ го сето оружје што може да го добие, ќе дојде ден кога земјата ќе има вишок оружје што може да заврши на нелегалниот пазар. Во овој поглед, може да извлечеме поуки од искуството на повоена Југославија. Важно е да се следи протокот на оружје кон и од Југоисточна Европа како резултат на војната во Украина, како и да се воведат мерки за сузбивање на проблемот.