Билтен на Ризици Преземете PDF Click here to view the
Global Organized Crime Index

Опсерваторија на Нелегални Економии во Југо-Источна Европа

Број
15
мај
2023

Резиме на главни поенти

  1. Криумчарењето на антиквитети го загрозува културното наследство на Северна Македонија.

    Географската положба на Северна Македонија, која се наоѓа на крстосницата на историски цивилизации, ја претвора земјата во атрактивна дестинација за луѓето кои се обидуваат да украдат и тргуваат со артефакти од археолошки локалитети. Се верува дека организираните групи што дејствуваат во Северна Македонија се поврзани со странските трговци кои ги продаваат предметите на европските црни пазари и во странство. Изминатава деценија, одредени инциденти укажуваат на заканата што виси над богатото културно наследство во државата од нелегалното криумчарење на културните добра. Поголемата јавна свест и меѓународната соработка се од клучно значење за разбивање на оваа трговија.

    Прочитај повеќе

  2. Малолетници без придружба минуваат низ голгота по мигрантската рута на Западен Балкан кон ЕУ.

    Децата без придружба кои патуваат во државите од ЕУ преку Западен Балкан ризикуваат да станат потенцијални жртви на трговија со луѓе и да бидат сексуално експлоатирани. Сè поголемиот број на малолетници без придружба кои патуваат по балканската рута, особено млади момчиња од Авганистан, само ја влошуваат оваа ситуација. Потребна е подобра комуникација и координација помеѓу органите за спроведување на законот и организациите што работат во мигрантски кампови за да се заштитат децата кои се во движење.

    Прочитај повеќе

За ова издание

Билтенот на ризици што е производ на Опсерваторијата на нелегални економии во Југоисточна Европа на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал обично овозможува увид во важните тековните прашања на полето на организираниот криминал. Меѓутоа, 15-тото издание се осврнува на случувањата на полето на организираниот криминал во регионот коишто привлекуваат помалку внимание од јавноста, но, и покрај тоа треба да се следат.

Прво, да ја разгледаме ситуацијата во Србија. Во оваа земја, новиот предлог-закон за внатрешни работи на Владата беше остро критикуван од јавноста. Нацрт-законот за внатрешни работи не само што се смета за потенцијална закана за човековите права на граѓаните, туку има и одредени недостатоци во врска со сузбивањето на организираниот криминал. Додека Владата свикува јавни консултации со граѓанското општество и полициските синдикати за менување на законот, останува да се види дали новиот Закон за внатрешни работи ќе ѝ овозможи на земјата да ги исполни препораките што ги предлага Европската комисија.

Два криминални пазари во Западен Балкан на коишто не им се обрнува премногу внимание се пазарите за криумчарење на антиквитети и одгледување канабис во затворени простории. Вториот и третиот напис ги расветлуваат овие прашања, истражувајќи како криумчарењето на антиквитети го загрозува културното наследство на Северна Македонија и испитувајќи ги причините за порастот на одгледување канабис во затворени простории во Косово.

Продолжувајќи во иста насока, се осврнуваме на жариштата на нелегални економии во Југоисточна Европа и го земаме како пример босанскиот град Градишка, којшто се наоѓа во близина на границата со Хрватска. Иако градот долго време беше средиште на криумчарење, во последно време стана премин за криумчарите што се обидуваат да пристапат до пазарите на ЕУ откако Хрватска се приклучи на Шенген зоната на почетокот од 2023 година.

Уште еден ризик на којшто не му се обрнува многу внимание е тешката судбина на децата кои поминуваат по балканската рута за да стигнат до ЕУ, а многумина бегаат од родните земји поради злоупотреби на човековите права. Овој ризик се умножува со ризикот од експлоатација за време на нивното патување. Нивните приказни ретко се слушаат бидејќи децата се плашат да ги раскажат, особено поради одмазда или враќање дома.

Една од целите на овој Билтен на ризици што постојано се повторува е да ги следи дејствата на криминалните групи во Западен Балкан што дејствуваат надвор од регионот. Последниот напис од ова издание го опишува подемот на италијанско-албанската мафија, криминални групи што се појавија на сцената на италијанскиот организиран криминал.

Како и секогаш, важни ни се Вашите коментари и предлози за нови приказни. Доколку сакате да стапите во контакт со нас или имате идеја за приказна, пишете на Vanja.Petrovic@globalinitiative.net.