Global Organized Crime Index
Опсерваторија на Нелегални Економии во Југо-Источна Европа
Резиме на главни поенти
-
Криминалните групи од Западен Балкан имаат значително присуство во Германија.
Податоците на германските кривично-правни органи покажуваат дека криминалците од Западен Балкан (особено од Албанија) се главни играчи на пазарите за дрога во земјата, како и во трговијата со луѓе и перењето пари. Во минатото, една озлогласена мотоциклистичка банда што доби забрана од германските власти исто така имаше балкански државјани во своите редови. Оваа статија ќе ги разгледа локациите и начините на дејствување на овие групи и сознанијата на полицијата по дешифрирањето на апликациите што ги користат криминалните групи.
-
Легализираниот бизнис со медицински канабис во Северна Македонија е во опасност од пренасочување за нелегални цели.
Во 2016 година, Северна Македонија го легализираше одгледувањето медицински канабис. Оттогаш индустријата процвета. Меѓутоа, легализацијата донесе со себе бројни предизвици што креираа можности за корупција и организиран криминал, особено при издавањето лиценци и пренасочувањето на легално одгледаниот канабис на црниот пазар.